Ознака: изградбата

hotel

Поделени мислењата за индиската инвестиција во Љубаништа

Post Views: 3   Охриѓани и гостите ќе се сончаат на вештачки плажи, ќе се коцкаат во казина на вода, ќе ги паркираат своите глисери и јахти во модерна марина, а помеѓу две посети на луксузни спа центри ќе можат да удрат и по некое голф топче. Дали сето ова ќе се оствари, односно дали ќе се изгради амбициозниот проект Сахарајан Македонија ќе покаже времето. Граѓаните со поделени мислења околу  тоа. Дел од нив се оптимисти, а дел велат дека ова е само предизборна игра. Градоначалникот Александар Петрески ја подржува идејата за изградба на ваков елитен комплекс во Љубаништа, но тој реагира...

Continue reading

ohrid

Изградбата на катната гаража не се коси со Законот за Охрид

Post Views: 5   Нема пречки за изградба на катна гаража на паркинг просторот кај градскиот пазар. Нејзиното подигнување не се коси со Законот за Охрид, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Таа објаснува дека Деталниот урбанистички план за овој опфат е донесен пред стапувањето на сила на овој закон и за тој план Завод и музеј има изработено конзерваторски основи. Паскали Бунташеска  вели дека многу градби кои веќе се направени во заштитената зона во старото градско јадро се косат со Законот за Охрид. Тој не дозволува никакви поткровја и галерии, а со постоечкиот...

Continue reading

Лакочереј

Лакочереј се приклучува на канализациона мрежа

Post Views: 2 Изградбата на канализационата мрежа во Горно, Долно Лакочереј и Орман, во завршна фаза. Активностите кои локалната ги започна пред 4 – 5 месеци треба да завршат до крајот на летово, најавуваат од локалната самоуправа. „Чинам изградени се околу 500 – 600 метри и тоа започнавме од најодалечната точка од Горно Лакочереј, а паралелно се поставуваше и нов водоснабдителен систем за овие две села“, вели раководител на одд. За комунален развој и улици, Зоран Шикалески. Шикалески додава дека паралелно со изградбата на канализационата мрежа на делот кон населбата Радојца...

Continue reading

todorov

Тодоров на увид, во болницата

Post Views: 2 Министерот Никола Тодоров, во посета на Охрид и Струга за да види како функционира здравството. Задоволен е од досегашниот тек со изградба на Општата болница во Охрид. Тој смета дека Охридската болница не само што ќе биде регионална, туку ќе ги отвори вратите и за пациентите од соседните земји. „Рекунструкцијата оди да ви кажам искрено и побрзо од тоа што јас очекувам, да не се урочиме сега, но, очекувам да заврши пред крајот на оваа година. Тоа ќе биде во рамки на она што имаме со договорот. Во договорот ни беше предвидено 8 месеци, разговаравме со изведувачот тој...

Continue reading

Димче Шапкарески

Велгоштани на протест

Post Views: 9 Недовршената канализациона мрежа и неасфалтираните сокачиња причина за протести во Велгошти. Иако не во голем број жителите од ова село проговорија за проблемите со кои се соочуваат.„Пред две години започнавме со изградбата на канализационата мрежа во Велгошти. Не се завршени уште споредните патчиња. На неколку пати имаме барано од локалната самоуправа да се изврши санирање на истите, но досега немаме никаков одговор. Жителите се револтирани затоа што ние сме блиску до градот и во 21 век не доликува да газиме по вакви улици и да ги кршиме автомобилите“, вели претседателот...

Continue reading

Zeleznicka

Ем лошо градена, ем без сообраќајни критериуми

Post Views: 3 Подизведувачот на градежните работи „Илинден“ ќе ги санира проблематичните шахти на Железничка. Санацијата на оваа улица ја побарал Надзорниот орган на Агенцијата за државни  патишта. Директорот на ГП„Илинден“, Раде Трајкоски има објаснување за проблемот со шахтите. Тој за ТВМ потврдува дека главоболка им задаваат шахтите каде што поминува линијата на стариот колектор. Трајкоски истакна дека за санација на проблемот веќе нарачале специјални капаци за шахти од увоз, кои  ќе бидат поставени веднаш по пристигнувањето. Исто така, Трајкоски кажа дека со подобрување на временските...

Continue reading

kuka

Реакција на наводите изнесени во прилогот “Започна изградбата на куќата на Ајри Доко”

Post Views: 2 Сопствениците на соседната куќа до куќата на Ајри Доко до нашата редакција испратија демант  на изнесувањата на Тања Паскали Бунташеска во прилогот „Започна изградбата на куќата на Ајри Доко“, демантот ви го пренесуваме во целост. Демант на невистинити наводи изнесени во дописот “Започна изградбата на куќата на Ајри Доко” Почитувани, Повод за овој допис се наведените дрски невистини објавени во изјавата на Г- ѓа. Тања Паскали Бунташеска во написот споменат погоре објавен на 20-ти Февруари, која наведува дека причина за изведување на активноста била изградбата на соседната...

Continue reading

bazen

Изградбата на затворениот базен започнува во септември

Post Views: 0 Изградбата на 25 метарскиот базен кој агенцијата за млади и спорт ќе го гради во Охрид ќе започне во месец септември. Ова го најави директорот на агенцијата за млади спорт, Лазе Поповски на неговата последна посета на Охрид и Струга.Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше и прецизирано дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање. „ Најпрво е донесена одлука за базените во Крушево и Охрид и тоа е најверојтно месец септември месец, се разбира ако бидат...

Continue reading

Globocica

Глобочани започнаа да ја градат црквата Св. Илија

Post Views: 3 Жителите на селото Глобочица, сместено  на брегот на Глобочичкото вештачко езеро, поставија темел  на црква посветена на Пророкот Св. Илија. Новата црква ќе биде лоцирана веднаш на самиот брег во близина на некогашната.  Со овој православен храм Глобочичани  продолжуваат да ја негуваат традицијата на прославување на селската слава Св. Илија која е прекината со изградбата на вештачкото езеро Глобочица на реката Црн Дрим.  Со подигањето на хидроцентралата Глобочица селото беше потопено во далечната 1964 година. „Со овој зафат и старата селска црква  остана под водите...

Continue reading

fibula

Елитниот хотел ќе носи име на светски хотелски бренд

Post Views: 25 Елитниот хотелски комплекс со 5 ѕвездички-стимул за хотелиерите, но стимул и за нови вработувања во оваа област. ТА “Фибула Аир Травел“ денес излезе со подетални информации околу условите за добивање на тендерот за изградба на хотелскиот комплекс. Покрај банкарските гаранции, државата од понудувачот барала во рок од една година да достави проект, да ги плати потребните комуналии и да достави барање за градба. Покрај ова, во рок од 3 месеци од завршувањето со градбата, инвеститорот е должен да го брендира изградениот хотел, а изградбата на хотелот не смее да трае повеќе...

Continue reading

opshtina

„ВМРО-ДПМНЕ е виновна што не е почната изградбата на Здравствениот дом“

Post Views: 2 Локалната веднаш излезе со реакција во медиумите во врска со  пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, која ја пренесуваме во целост: „Изградбата на Здраствениот дом во Охрид е прашање од интерес на граѓаните ,а не дежурна тема на ОК на ВМРО- ДПМНЕ за полемика со локалната самоуправа.Недолични се обвинувањата дека виновник за доцнењето со изградбата на овој важен здраствен објект е локалната самоуправа зошто речиси 5 години  не е доставена потребната документација. Сметаме за потребно уште еднаш да и предочиме на загрижената охридска јавност дека со ваквите неосновани напади ОК...

Continue reading

Gorica

Земјиштето кај „Горица“, златна кокошка за општината

Post Views: 1 Општина Охрид ги доби првите пари од продажбата на земјиштето кај Горица. На сметката од општината  веќе се легнати се околу милион евра, бидејќи износот на целата парцела е нешто повеќе од еден милион евра. Портпаролот на Општината Симон Илиевски информира, дека 80% од износот на уплатените средства кои според Законот за градежно земјиште треба да ги добие општината, се веќе на нејзината сметка. Парцелата е со површина од 15.878 метри квадратни, површината за градење изнесува 6.667, а нејзината максималната бруто развиена површина изнесува 29.343 метри квадратни. Понудата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top