Изградбата на затворениот базен започнува во септември

Изградбата на 25 метарскиот базен кој агенцијата за млади и спорт ќе го гради во Охрид ќе започне во месец септември. Ова го најави директорот на агенцијата за млади спорт, Лазе Поповски на неговата последна посета на Охрид и Струга.

 |  Татјана Маленкова  | 
bazen
базен

bazenИзградбата на 25 метарскиот базен кој агенцијата за млади и спорт ќе го гради во Охрид ќе започне во месец септември. Ова го најави директорот на агенцијата за млади спорт, Лазе Поповски на неговата последна посета на Охрид и Струга.
Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше и прецизирано дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање.

„ Најпрво е донесена одлука за базените во Крушево и Охрид и тоа е најверојтно месец септември месец, се разбира ако бидат завршени сите работи што се однесува до имотно правните односи, архитекторнско урбанистичкиот план за таму и за во Крушево, доколку се помине како што планираме некаде во септмври ќе започнеме со изградбата на тие базени“, истакна директор на агенција за млади и спорт, Лазе Поповски.

Покрај за новите базени Поповски истакна дека Агенцијата за млади и спорт од страна  на владата со заклучок била задолжена да направи и анализа на состојбата и на Струшкиот руиниран затворен базен.

„ Ние добивме информации од општината и сега постои постапка додека се донесат сите одобренија и се што е потребно за да се почне со реализација. Во план на агенцијата за млади и спорт е владата и согласно динамиката и програмата е да започнат активностите“, додава директорот на агенција за млади и спорт, Попоски.
Директорот на агенција за млади и спорт уште додаде дека документацијата за состојбата на базенот до агенцијата ја испратила Струшката локална самоуправа. Поповски додаде дека документација се разгледува и дека стручни лица во агенцијата ја разгледуваат целокупната ситуација, по што за неколку месеци откако ќе се добие целосна информација, ќе се знае дали ќе се санира веќе посточекиот или ќе се гради нов базен во Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top