Ознака: дупки

Внимателно на големите ударни дупки

Post Views: 1   „Карпош Војвода“, „7 ми ноември“, „Туристичка“ се само дел улиците во градов, каде има големи ударни дупки. Возачите кои често минуваат по овие улици ги знаат овие дупки па се трудат вешто да ги избегнат, но сепак не успеваат секогаш, посебно кога од спротивна страна наидува друго возило. Но има и такви кои прв пат поминуваат низ овие улици, дирекно удираат во нив и често се случува да ги скинат гумите. Според најавите на првиот човек на градот Никола Бакрачески, тешко дека до крајот на оваа година истите ќе бидат санирани. „Оваа година општина Охрид ја заврши тендерската...

Continue reading

Ударните дупки, сеуште голем проблем за возачите

Post Views: 0 Ударните дупки, ноќна мора на секој возач. А во нашиов град за жал сеуште ги има на неколку фрекфентни улици, Кленоец, населба бараки, АСНОМ итн. Досега две поголеми акции на крпење ударни дупки се реализиртани на територијата на општина Охрид, вели портпаролот на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески. „Дел од централното и периферно градско подрачје беше опфатено со овие две акции во првата фаза, останатиот дел ќе бидат опфатени во втората фаза. Во рамките на првата акција за санација на ударни дупки, прекопи, навлаки низ улиците во општина Охрид,...

Continue reading

Stephen Hawking

Нема да има крај на светот, сами ќе заминеме

Post Views: 3 Стивен Хокинг, британскиот физичар што својата кариера ја помина во дешифрирање на вселената, повика на продолжување на нејзиното истражување – за доброто на човештвото. „Ние нема да преживееме уште 1.000 години без да избегаме од нашата кревка планета“, рекол 71-годишниот Хокинг во вторникот во медицинскиот центар Седарс-Синаи во Лос Анџелес, каде што бил во посета на лабораторија за матични клетки што е фокусирана на обидот да ја забави прогресијата на болеста Лу Гериг, која му беше дијагностицирана нему пред 50 години. Хокинг ја споредил работата на центарот со својот...

Continue reading

akcija

Се санираат ударните дупки низ охридските улици

Post Views: 2 Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид , пред почетокот на месец мај  годинава  започна градежната  акција за крпење на ударни дупки и санирање на прекопи и навлаки на улиците  низ градов.  Досега акцијата за крпење на ударни дупки се спроведе низ поширокото централно градско подрачје и тоа по должината на улиците:„Славеј Планина“,„7-ми Ноември“,„Егејска“ , делови од „Туристичка“. Во рамки на акцијата се асфалтираат и санираат   тротоарски површини на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул.„Македонски...

Continue reading

Санирани ударните дупки на неколку улици, ул.„Егејска“-недовршена

Post Views: 1 Надлежните служби од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици спроведоа санирање на ударните дупки на улицата „7ми Ноември“. ТВМ, по реакцијата на граѓаните, во неколку наврати се обрати до локалната за овој проблем и подготви неколку прилози на оваа тема. Деновиве, беше пристапено кон асфалтирање на оштетените делови од коловозот на оваа важна сообраќајница, која е една од пофреквентните улици во градов. Покрај тоа, службите извршиле и асфалтирање на некои локации, како онаа на кружниот тек кај ЕМУЦ каде санацијата со бекатон плочки беше заменета со нов асфалт....

Continue reading

На повеќе улици во градов има ударни дупки, се жалат возачите

Post Views: 3   На повеќе улици во градов има ударни дупки, се жалат возачите. Тие реагираат велејќи дека покрај што ги оштетуваат своите возила се изложуваат на опасност, а ја загрозуваат безбедноста и на пешаците. Бараат од Локлната што побргу да ги санира. Од страна на надлежните служби при секторот за комунален развој сообраќај и патишта детектирани се овие ударни дупки и нивната санација е ставена во планот за работа за тековната 2016та год. Овој проект треба да се реализира во рамките на јавните набавки кои се во тек, а се однесуваат на санација на улиците во градов, изјави...

Continue reading

Големата фреквенција на возила причина за краткото траење на санираните дупки на улиците

Post Views: 0 Незавидната состојба во која се наоѓаат улиците “Абас Емин” и “7ми Ноември” како и големата фреквенција на возила и оптовареност на коловозот се причината поради која според претставниците од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, само кратко време траат санациите на ударните дупки. Портпаролот на Секторот, Љупчо Танески вели дека ова особено важи за улицата “Абас Емин” која што е еден од горливите проблеми од аспект на живеењето во општина Охрид и се сложува дека трајно решение за истата би била само нејзина целосна реконструкција,...

Continue reading

Улиците “Абас Емин” и “7ми Ноември” повторно со ударни дупки на коловозот

Post Views: 1 Повторно ударни дупки на коловозот на улиците „Абас Емин“ и „7ми Ноември“ Овие две улици кои важат за едни од најфреквентните во градов, пред само околу половина година го добија последното санирање на оштетувањата со асфалт, а пред тоа со бекатон плочки. Деновиве ситуацијата како пресликана од пред шест месеци. Оштетувањето на една од најдолгите улици во градов, „Абас Емин“ на дел од коловозот отишло дотолку што се гледаат сите претходни слоеви на асфалт, а од под асфалтот веќе се гледа и старата калдрма со која улицата некогаш била поплочена. Ги запрашавме граѓаните...

Continue reading

Ако е забаено, да не е заборавено

Post Views: 3 АД „Илинден“ ќе ги асфалтира струшките улици. Како што ТВМ во неколку наврати информира, ударните дупки на неколку улици во Струга сеуште остануваат ноќна мора за возачите. Бројните искинати гуми и дефекти на возилата се препишуваа токму на овој проблем, а секако вината се посочува на Локалната. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, вели дека свесен е оти состојбата со локалната патна инфраструктура не е на завидно ниво, но оти нивната грижа е голема во таа насока. Мерко смета дека и државата треба да поводи сметка во делот на регионалните патишта, кои исто така се...

Continue reading

Дупки и нерамнини околу бандера на улицата „Егејска“

Post Views: 11 Стојче Тасески во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од бандера за улично осветлување на улицата Егејска, која после заменувањето со нова, не е вратена во првобитната состојба. Еве го неговиот коментар. Се работи за бандера за улично осветлување. На нејзино место имаше бетонска бандера која се искриви и мораше да биде заменета за нова. При заменувањето беше ископана дупка и беа растргани бекатон плочките. Сега е поставена нова бандера, но не се поставени бекатонките одоколу, се разместуваат и другите одоколу (се отвараат нерамнини и дупка). Надлежна...

Continue reading

asnom

Асфалтирање на ударните дупки и реконструкција на тротоарите на „АСНОМ“

Post Views: 4 Улицата „АСНОМ“, една од најдолгите улици во градов, годинава ќе помине само со крпење на ударните дупки. Жителите на оваа улица ќе мора да почекаат за нејзина целосна и темелна реконструкција по теркот на неодамна реконструираните „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“. „Во тековната 2016та година покрај предвидената реконструкција на тротоарските површини, планираме и крпење на ударните дупки долж улицата „АСНОМ“ во рамките на тендерот кој што се приготвува во одделението за јавни набавки за крпење на ударни дупки, прекопи и навлаки на улиците на територијата на Охрид, каде што...

Continue reading

dupka

„Меркови дупки“

Post Views: 17 Дупките во Струга добија свое име, „Меркови дупки“ . Кај да се свртиш дупка до дупка, скоро и да нема улица во градот од која не зјаат длабоки дупки. Од ваквата состојба најпогодени се возачите кои ги искршија своите моторни возила. На стружани преку глава им е од неодговорниот пристап на општината кон локалните патишта. Велат, дека кога плаќаат за регистрација на возилото, добар дел од сумата е наменет за патиштата, а за возврат точно од овој аспект нивните возила секојдневно трпат последици и оштетувања.Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во краток телефонски разговор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top