Ознака: дупки

abas emin

„Абас Емин“-многу ударни дупки, без тротоари и со чести прекопи долж целата улица

Post Views: 0 Многу ударни дупки долж целата улица, без тротоари по кои би се движеле пешаците. Поради паркираните автомобили од двете страни на коловозот, тие се приморани да се движат по самата улица. Ова е сликата на најдолгата улица во градов, улицата „Абас Емин“, слика која за жал со години наназад е непроменета. Целосната реконструкција на оваа улица во многу наврати била најавувана од повеќе локални власти низ годините, но факт е дека „Абас Емин“ нема видено поголема количина асфалт со години наназад. Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици вели дека...

Continue reading

zena

Која е најголемата мистерија за Стивен Хокинг?

Post Views: 1 Тој е познат по црните дупки, Теоретска космологија, Квантна гравитација, Хокингова радијација, но најголема мистерија за него се жените.Научникот, кој од 21-та година се бори со моторно невронска болест, поставува теории, пишува книги, држи предавања за универзумот и црните дупки, никако не успева да ги разбере жените. Во интеврју по повод неговиот 70-ти роденеден (8-ми јануари), професорот Стивен Хокинг открива дека и тој, како и многу други мажи, најголем дел од времето минува размислувајќи за припадничките на спротивниот пол.“Жените. Тие се потполна мистерија,“...

Continue reading

dupki asfalt

Не издржаа бекатон плочките со кои локалната ги крпеше ударните дупки низ градов

Post Views: 2 Ударните дупки низ охридските улици повторно се отворија. Не издржаа бекатон плочките со кои службите од локалната пред нецел месец ги санираа дупките. Дополнително, во нивна непосредна близина се отворија и нови. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици признаваат дека ситуацијата е таква, но велат дека уште во месец јануари тие изготвиле акционен план за трајно решавање на овој проблем и пополнување на дупките со асфалт. Со оглед на тоа дека локалната неодамна веќе започна со асфалтирање на патниот правец Охрид-Велестово, најавуваат дека за скоро време ќе...

Continue reading

ostetena guma

Внимавајте на дупките, ќе останете без гуми

Post Views: 6 Огромна дупка на патот од Крушје накај Ресен  му го оштети возилото на нашиот сограѓанин Златко Ангелески. Синоќа околу 18 часот тој сакајќи да избегне голема дупка налетал на друга која му го уништила предното тркало од неговиот автомобил и бил спречен да го продолжи своето патување. Ангелески раскажува дека често го минувал тој патен правец и дупките му биле добро познати па затоа таму возел претпазливо и со прилагодена брзина со условите на патот. „На патот имаше огромни дупки некаде беа дијаметар  од 1 метар и 30 со метар и 80 должина и 13-15 см длабочина кои ги...

Continue reading

bekaton

Годинава старите бекатонски крпеници ќе се асфалтираат

Post Views: 0 Продолжува праксата на Локалната самуоправа ударните дупки низ охридските улици да ги крпат со камени плочи. Овој пат место бекатонските плочки какао досега се користат гранитни. Теренските екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, од пред неколку дена ги крпат ударните дупки на улиците „7 ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу Гули“. Откако ќе се подобрат временските услови активностите ќе продолжеле по ул „Егејска“,  „Туристичка“,  „Даме Груев“, „Димитар Влахов“, „Марко Цепенков“, „Пере Тошев“ и други улици на периферијата на општината....

Continue reading

bekaton

Асфалт, бекатон, гранит

Post Views: 0 Новост во крпењто на Ударните дупки во делови од градот.Отсега бекатонските крпеници ќе се заменат со гранитни. Улица со најмногу оштетувања но и со интервенции токму со бекатон плочки е булеварот „Туристичка“. Повеќе информации гледајте во дневникот на ТВМ. {loadposition content9}

Continue reading

risto cado

Улицата „Ристо Чадо“ во очајна состојба

Post Views: 6 Ристо Чадо е само една од охридските улици која се наоѓа во очајна состојба. Без тротоари, раскопан, пропаднат и преполн со дупки асфалт, расфрлан отпад насекаде, без улично осветлување, е сликата која најдобро зборува за проблемот со кој се соочуваат жителите од овој дел на градот. Но не само за нив оваа улица е проблематична за одвивање на сообраќајот и сите останати кои не ретко поминуваат по оваа улица за да се вклучат на регионалниот пат за Битола. Како што кажаа жителите, речиси три децении, нивната улица претрпува различни инфраструктурни зафати како што е поставување...

Continue reading

abas emin

Дали ќе дојде крајот на комуналните проблеми на улицата „Абас Емин“?

Post Views: 15 Дали конечно ќе се најде решение за комуналниот проблем наречен улица „Абас Емин“ ? Оваа високофреквентна улица години наназад била дел од програмите на општина Охрид, но досега истата добиваше само крпење на ударните дупки и чести поправки на проблематичните канализациони мрежи.  Вистинска и целосна реконструкција на истата, барем до овој момент на „Абас Емин“ се нема случено. Запрашавме дел од жителите на оваа улица што мислат за нејзината состојба и кои според нив се клучните и најважни проблеми со кои секојдневно се соочуваат. „Треба да се направи улицава. Потребна...

Continue reading

Состојбата со патиштата е очајно лоша

Post Views: 1 Лошата состојба на улиците и крпениот асвалт на локалните и регионалните патишта, им создава дополнителни проблеми на возачите. Тампон материјалот законски е недопустлив за полнење на ударните дупки.   Крпениот живот на улиците во општина Охрид, неуспешен. Иако надлежните се обидоа да ги санираат, ударни дупки наѕираат на секоја улица. Ги има и на локалните и на регионалните патишта. „Македонија Пат“ подружница Охрид која е задолжена за одржување на регионалните и магистралните патишта се правда дека ниските температури и неповолните временски услови се виновни за...

Continue reading

pat

Трагична состојба на регионалните патишта

Post Views: 1 „Дупка до дупка. Жалосно за патот. Ударните дупки во Струга кошмар за учесниците во сообраќајот, посебно за возачите. Нема ден без да се оштети некое возило. Страдаат гуми, бандаши, амортизери, крила и предници на возила. Секој месец возилата ги носиме на сервис и центрирање на гумите. Ова е неиздржливо и нема каде да се обратиме, години наназад никој нема слух за нас“. Ова се само дел од изјавите на граѓаните кои секојдневно ја минуваат оваа релација. Мештаните на струшкото село Враништа посебно се засегнати од овој проблем. Тие сметаат дека време е да се направи нешто...

Continue reading

dupka

Во Струга, дупка до дупка

Post Views: 12 Локалните патишта во Струга во катастрофална состојба. Ударните дупки секоја година на истите места се отвараат а се создаваат и нови. Не остана ништо од струшките улици. Многу возила се оштетени поради огромните дупки на патот кои се сериозна опасност за нормалното одвивање на сообраќајот. Од Локалната самоуправа во Струга велат дека  се свесни за состојбата и дека се повторува секоја година во месеците јануари, февруари и март кога се отварат старите дупки кои во  минатата година биле санирани. Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски вели дека временските...

Continue reading

bekaton

Бекатонски крпеници, наместо асфалт

Post Views: 3 Ударните дупки во делови од градот наместо со асфалт во последно време се крпат со бекатон плочки. Таквите бекатонски крпеници најочигледни се на бул. Туристичка. Од Локалната самоуправа со свое објаснување. Портпаролот Томе Џамтоски вели дека забелешките и укажувањата на граѓаните биле на место, но согласно одлука на Совет во периодот од 01 јули до 1 август имале забрана за изведување на поголеми градежни зафати. „Како што од Секторот за сообраќај и улици најавуваат во текот на овој месец или најдоцна до септември ќе треба да се пристапи кон изготвување на тендер за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top