Бекатонски крпеници, наместо асфалт

Бекатонски крпеници, наместо асфалт. Во последно време ударните дупки на дел од улиците во градов се крпат со бекатон плочки. Од Локалната со оправдување дека имаат забрана за изведување на поголеми градежни зафати во туристичката сезона, додека пак експертите децидни дека крпење на дупки со бекатон плочи е недозволиво, не е безбедно, а ниту економски исплатливо.

 |  Николоска Биљана  | 
bekaton
бекатон

bekatonУдарните дупки во делови од градот наместо со асфалт во последно време се крпат со бекатон плочки. Таквите бекатонски крпеници најочигледни се на бул. Туристичка. Од Локалната самоуправа со свое објаснување. Портпаролот Томе Џамтоски вели дека забелешките и укажувањата на граѓаните биле на место, но согласно одлука на Совет во периодот од 01 јули до 1 август имале забрана за изведување на поголеми градежни зафати.

„Како што од Секторот за сообраќај и улици најавуваат во текот на овој месец или најдоцна до септември ќе треба да се пристапи кон изготвување на тендер за асфалтирање и ќе продолжи асфалтирањето токму на овие посочени места “– нагласува Џамтоски.

bekatonОд она што го добивме како одговор од Локалната самоуправа останува нејасно, како ударната дупка во близина на Енерго Корисничкот центар во Охрид за која неколку дена на социјалните мрежи се постираа слики кон крај на месец март се бакатонира, наместо да се асфалтира бидејќи тоа се случи пред периодот на забрана за градежни зафати. Исто така се наметнува прашањето, ако асфалтирањето е градежен зафат, каков зафат е бекатонирањето?

Потполнувањето на ударните дупки со бекатон  во зимскиот период кога не работат асфалтните бази, граѓаните донекаде го оправдуваат, но бараат тоа  да биде привремено а не трајно решение. Експертите пак децидни дека на бекатонките не им е местото на коловозот. Според универзитетскиот професор Вулнет Палоши, експерт по патна инфраструктура, крпење на дупки со бекатон плочи е недозволиво, не е безбедно, а ниту економски исплатливо.

bekaton„Јас мислам дека најлошото решение е интервенција на бекатон и методи кои не се во краен смисол и дозволени за такви интервенции, затоа што тие се опасни од откорнување и можат да доведат до повреда на учесниците во сообраќајот како и за пешаците отстрана. Такви интеррвенции не се предвидени и ние не ги применуваме во нашите предавања за студенти. Не само на Туристичка во Охрид туку ниту на една улица не треба да се дозволи јас сум против тоа и мислам дека градежната инспекција треба да излезе на терен и да види дека таква метода не е предвидена во ниедна законска форма интервенција не е предвидена ни за краткорочно ни за долгорочно“ – вели проф. Палоши.

Инаку граѓаните на Охрид години наназад  реагираат за случаите каде несоодветните бекатон-плочки  го заменуваат асфалтот на охридските улици. За волја на вистината од Локалната последнава година и пол со несмалено темпо работи на санирање на ударните дупки низ градот. Но очигледно навиката да се употреби бекатонот како инстант решение а потоа да не се замени со асфалт, никако да се искорени.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top