Внимавајте на дупките, ќе останете без гуми

Големи и опасни дупки на патниот правец Охрид – Ресен во близина на Крушје се причина за сериозни оштетувања на автомобили на граѓани кои поминуваат отука. Златко Ангелески од Охрид за ТВМ раскажа едно непријатно искуство, што го доживел синоќа точно на тој патен правец.

 |  Николоска Биљана  | 
ostetena guma
оштетена дупка

ostetena gumaОгромна дупка на патот од Крушје накај Ресен  му го оштети возилото на нашиот сограѓанин Златко Ангелески. Синоќа околу 18 часот тој сакајќи да избегне голема дупка налетал на друга која му го уништила предното тркало од неговиот автомобил и бил спречен да го продолжи своето патување. Ангелески раскажува дека често го минувал тој патен правец и дупките му биле добро познати па затоа таму возел претпазливо и со прилагодена брзина со условите на патот.

На патот имаше огромни дупки некаде беа дијаметар  од 1 метар и 30 со метар и 80 должина и 13-15 см длабочина кои ги измерија овластените лица од полиција бидејќи ги повикав, јас само видов дека гумата ми е како со нож пресечена од ударот на дупката, алуминскиот бандаж исто така оштетен денес бев на сервис ми кажаа дека и вилушката и јабучиците се оштетени“ – додава тој.

ostetena gumaАнгелески е револтиран што од ЈП за Државни патишта не само што не го санирале овој регионален пат туку не се поставени ниту соодветни предупредувачки знаци како што налагаат законските прописи.

„Мојот револт е затоа што плаќаме на Македонија пат, јас пред 12 дена го регистрирав возилото и ми зедоа некаде околу 2890 денари за одржување на патишта. Јас ја прашав госпоѓата зошто се овие пари кога таму никој не поминал да го види, таа само се насмевна и рече такви ни се патиштата“ – вели Ангелески.

Слободната проценка на нашиот сограѓанин зборува дека неговото возило од ударот во дупката претрпело штета некаде околку 250 евра. Ангелески најавува тужби и вели дека до крај ќе си ги бара неговите права. Тој упати апел до останатите возачи многу да внимаваат на тој дел од патот, бидејќи синоќа не бил тој единствениот кој што останал без гума. За нецел половина час додека ја менувал гумата со резервна, имало уште два такви слични настани. Инаку уште во мaj 2013 год од тогаш Агенција за државни патишта а сега јавно претпријатие најавија  дека планирано е  санирање на ударните дупки на регионалниот патен правец на излезот од Охрид кон Ресен и Битола, како и на магистралните патни правци во охридскиот регион.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top