Трагична состојба на регионалните патишта

Регионалните патишта на охридско – струшкиот регион максимално уништени. Се тампонираат ударните дупки на патниот правец Струга – Дебар, кои се причина за многу сообраќајни незгоди и уништување на возилата.

 |  Билјана Николовска  | 
pat
пат

Pat„Дупка до дупка. Жалосно за патот. Ударните дупки во Струга кошмар за учесниците во сообраќајот, посебно за возачите. Нема ден без да се оштети некое возило. Страдаат гуми, бандаши, амортизери, крила и предници на возила. Секој месец возилата ги носиме на сервис и центрирање на гумите. Ова е неиздржливо и нема каде да се обратиме, години наназад никој нема слух за нас“. Ова се само дел од изјавите на граѓаните кои секојдневно ја минуваат оваа релација. Мештаните на струшкото село Враништа посебно се засегнати од овој проблем. Тие сметаат дека време е да се направи нешто бидејќи состојбата е повеќе од катастрофална.
Раководителот на „Македонија пат“ од Струга Амит Аге, добро е запознаен со целата состојба на овој патен правец. Тој рече дека се крпат дупките, но не со потребниот асфалтен туку со тампонски материјал.
Според раководителот на „Македонија пат“, Амит Аге, состојбата е загрижувачка и претставува сериозна закана по безбедноста на сообраќајот. Според него нивните ингеренции не зависеле само од нив. Аге потенцира дека секоја година бараат Агенцијата за државни патишта да им обезбеди средства за тотална реконструкција на овој патен правец. Но, Аге рече дека треба да се напомене и фактот што покрај „Македонија пат“ подружница Струга, треба да притиска и секторот за внатрешни работи , бидејќи точно тие се сведоци на секојдневните сообраќајни инциденти. Со состојбата е запознаен и Државниот инспектор за патишта, Сашо Здравески. Аге смета дека и тој треба сериозно да се зафати за решавање на овој горлив проблем. И годинава патниот правец Р-418 делницата Струга – Дебар не е влезена во програмата за инвестиции на државата. Но, не е исклучена можноста „Македонија пат“ подружница Струга да направи напори да се среди состојбата со овој патен правец. Инаку состојбата со регионалните и локалните патишта во Струга е во хаос и тоа не само на овој дел.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top