Дупки и нерамнини околу бандера на улицата „Егејска“

Откако била заменета со нова, бандера на улицата Егејска, не е вратена во првобитната состојба. Не се поставени бекатон плочките околу бандерата, се отвораат нерамнини и дупки.-вели Стојче Тасески, жител од оваа населба кој ни испрати слики за „Ти си твојот град“.

 |   | 

Стојче Тасески во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од бандера за улично осветлување на улицата Егејска, која после заменувањето со нова, не е вратена во првобитната состојба. Еве го неговиот коментар.

Се работи за бандера за улично осветлување. На нејзино место имаше бетонска бандера која се искриви и мораше да биде заменета за нова. При заменувањето беше ископана дупка и беа растргани бекатон плочките. Сега е поставена нова бандера, но не се поставени бекатонките одоколу, се разместуваат и другите одоколу (се отвараат нерамнини и дупка). Надлежна фирма мислам дека е фирмата која го има тендерот за улично осветлување, тие ја вршеа замената. Тие ни рекоа дека ќе дојдат да санираат се што треба… Но остана така веќе 4 месеци – реагира Стојчески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top