Внимателно на големите ударни дупки

Санација на ударни дупки низ градските улици во Охрид ќе се врши од наредната година. Според најавите на градоначалникот Никола Бакрачески, тие како одговорна локална самоуправа би интервенирале само на оние места каде што дупките претставуваат сериозна опасност по безбедноста на учесниците во сообраќајот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

„Карпош Војвода“, „7 ми ноември“, „Туристичка“ се само дел улиците во градов, каде има големи ударни дупки. Возачите кои често минуваат по овие улици ги знаат овие дупки па се трудат вешто да ги избегнат, но сепак не успеваат секогаш, посебно кога од спротивна страна наидува друго возило. Но има и такви кои прв пат поминуваат низ овие улици, дирекно удираат во нив и често се случува да ги скинат гумите. Според најавите на првиот човек на градот Никола Бакрачески, тешко дека до крајот на оваа година истите ќе бидат санирани.

„Оваа година општина Охрид ја заврши тендерската постапка за санирање на ударните дупки по сообраќајниците, улиците и пристапните улици и сокаци во Охрид и беа опфатени голем број улици по целиот град. Но со оглед на законската регулатива согласно Законот за јавни набавки во тек на една година не може да се изведува два пати да се објавува огласт за исти тип јавна набавка, така да ударните дупки ќе бидат санирани во текот на наредната година“.

Градоначалникот Бакрачески вели дека може да интервенираат со санација на ударни дупки онаму каде што е ургентно односно каде што има попречување во сообраќајот.

„Ќе интервенираме со постапки кои што се овозможени со законаската регулатива и со материјали кои што ни го налагаат тоа, онака како што тоа ние го правиме времено, некогаш и со бекатон плочки и покрај тоа што има поедини граѓани кои изразуваат сомнеж дека тоа поставување на бекатон во дупките е наша замена за асфалт. Тоа е само привремено решение додека не заврши нова постапка за асфалтирање на улиците“

Бакрачески убедува дека на местата каде што ударните дупките се санирани со бекатон плочки, по завршување на тендерската постапка за асфалтирање истите секогаш се покривале со асфалт.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top