„Меркови дупки“

Улиците во Струга изрешетани со дупки. „Меркови дупки“, е најновото име кои стружани симболично го користат за да го потенцираат овој голем и сериозен проблем. За тоа колку не чинат лошите патишта преполни со дупки, надлежните се прават наглуви.

 |  Билјана Николовска  | 
dupka
дупка

Дупките во Струга добија свое име, „Меркови дупки“ . Кај да се свртиш дупка до дупка, скоро и да нема улица во градот од која не зјаат длабоки дупки. Од ваквата состојба најпогодени се возачите кои ги искршија своите моторни возила. На стружани преку глава им е од неодговорниот пристап на општината кон локалните патишта. Велат, дека кога плаќаат за регистрација на возилото, добар дел од сумата е наменет за патиштата, а за возврат точно од овој аспект нивните возила секојдневно трпат последици и оштетувања.
Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во краток телефонски разговор ни рече дека проблемот и не е толку голем колку што сака некој да го прикаже. Тој додаде дека секојдневно работат на санирање на струшките улици а добар дел од нив и се асфалтираат. Но состојбата на терен е застрашувачка.
dupkiДупките се многубројни, длабоки и ризични така што безбедноста на патниците често е загрозена, а материјалните штети што секојдневно се нанесуваат на возилата, граѓаните тешко можат да ги покријат. Скината гума или скршен бандаш речиси и да не се пријавува бидејќи никој незнае чив број треба прво да се сврти. Добро упатените во оваа проблематика велат дека граѓаните често и не се свесни дека гумата им е оштетена и веќе не е безбедна за возење. Иако останува напумпана возните карактиристики се нарушени па често истата предизвикува и други поголеми механички проблеми на возилото. ТВМ на оваа тема во повеќе наврати има пишувано. Не ретко за да не исплаќаат штети, надлежните топката ја префрлаат кај другите, па затоа граѓаните често и се откажуваат од потрагата по правда. Останува фактот и констатацијата на возачите, дека иако при регистрација плаќаат за одржување на патиштата, на крај им преостанува самите да си ги покриваат трошоците. Во секоја држава надомест на штета од ваков тип се плаќа но кај нас тоа не е случај, па лошите патишта само го стимулираат бизнисот со пневматици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top