Ознака: додава

ul. Krum Tockov

Стопирани градежните активности на ул. Крум Точков

Post Views: 10 Градежните зафати на улицата Крум Точков започна со водоводот и асфалтирањето на улицата. Советникот Климе Шешоски кој е директно вклучен во проектот вели дека во моментов тимови посметрале дали постои можност да се направат сите инсталации, за да може потоа да се асфалтира. Тој додава дека е најдобро прво да се промени водоводната инсталација затоа што таму години имаат проблем со цевководот. „Ќе видиме затоа што е сезона, незнам дали граѓаните ќе допуштат да се работи или не. Целиот совет и советниците, сме заангажирани, секој во својот дел да им ја  подобриме оваа...

Continue reading

pozar zgrada Turisticka

Трет ден од пожарот на зграда на Туристичка, никој не превзема ништо

Post Views: 0 Три дена по пожарот на зграда на Туристичка никој не превзема ништо. 46 те семејства од оваа колективна зграда немаат ни основни услови за живот. Огнената стихија која ја зафати зградата во неделата околу 23 часот, покрај тоа што ги растревожи, им ги зачади станови, каде и по три дена се шири непријатна миризба од која неможе да се спие, ги остави и без електрична енергија. Жителите сеуште видно возбудени раскажуваат за пеколот кој го преживеаја во неделата. Ги вознемирува и фактот што освен противпожарните единици и СВР никој друг не дошол да ги запраша дали им треба...

Continue reading

brod

Охрид има потреба од брод за гаснење на пожари на пловни објекти

Post Views: 8 Ова размислување кај надлежните стана поактуелно по лажната дојава во неделата дека гори брод во близина на хотелот Десарет. Командирот на против пожарната единица Спасе Прентоски  вели дека лажната пријавата за пожар на брод на некој начин била вежба за тимовите не само на противпожарната единица, туку на сите структури.  Прентоски објаснува дека  најверојатно брановите кои се познати како мртви бранови или подвалица, го направиле бродот нестаблен, а дополнителен проблем било тоа што некој уклучил светлосни сигнали на бродот што од далечина изгледале како бродот да...

Continue reading

ezero

Ќе се стави ли ред во водениот сообраќај во езерото

Post Views: 7 Забраната за скутери се зголемува за еден час, одлучија од охридската капетанија. Љубителите на овие пловила ќе можат да ги возат само пред 11 часот и после 19, вели Горан Устијаноски, капетанот на охридската капетанија. Тој додава дека  забраната ја поместиле за уште еден час бидејќи во 18 часот плажите сеуште се полни со капачи па опасноста од доаѓање до некаков несреќен случај предизвикан пд скутерџиите е поголема. Зaбраната стапува на сила од први јули и ќе трае до крајот на август. Инаку охридската капетанија презема и низа други активности и мерки за подобрување...

Continue reading

slatinsko ezero

Слатинско Езеро пред еколошка катастрофа

Post Views: 1 Вчера требаше да биде првиот ден за риболов на Слатинското Езеро. Наместо тоа рибниот фонд ќе се излови бидејќи езерото е пред еколошка катастрофа, открива претседателот на здружението на рекреативни риболовци Св Апостол Петар, Радован Димитриески. Според него ваквата состојба се должи на непреземањето  мерки за санација на пукнатината од браната. „Хидробиолошкиот Завод вчера на Совет донесе мислење, да рибата се излови, при што ќе се изврши здравствен преглед на рибата и капиталните примероци на краповите ќе се префрлат во дворот на хидробиолошки завод во нивното мрестилиште...

Continue reading

YouТube намерно ги замрзува новите видеа

Post Views: 5 Кога се поставува ново видео на YouTybe и станува многу гледано, Google сака да се осигура дека тие прегледувања доаѓаат од вистински посетители е дека не се во прашање наместени кликања од одредени компании или поединци за да свртат внимание на своето видео. Токму заради тоа YouTube го запира бројачот на 301 преглед се додека неговиот состав, статистички, не  го прегледа видеото и на неговите копии на серверите ширум светот. Тед Хамилтон, еден од менаџерите во YouTube, вели дека не знае зошто е токму тој број избран, и додава дека секое видео што ќе привлече голем број...

Continue reading

blato

Охриѓани и гостите ќе куртулат од комарците

Post Views: 10 Ова лето ќе има дерман за охриѓани и гостите од комарците. На крајот на месецов ќе се врши дезинсекција или запрашување против комарци, велат од Регионалниот центар за јавно здравје.  Директорот на центарот, Атанаско Михаилов вели дека вреќе е разговарано со Градоначалникот со цел да се превземат потребните превентивни мерки на дезинсекција, дератизација и дезинфекција. Михаилов потенцира дека ова е единствен начин да се одбраниме од комарците во градов и додава дека минатогодишното авионско прскање воопшто не било продуктивно. Поради тоа годинава дезинсекцијата ќе...

Continue reading

turisti

Трајков најавува поуспешна туристичка сезона од минатогодишната

Post Views: 0 Првомајските и велигденските празници добар показател за тоа каква туристичка сезона не очекува. Првиот човек на агенцијата за промоција и подршка на туризмот Јордан Трајков вели дека очекува зголемување на вкупниот број туристи од Холандија, но и зголемување воопшто на бројот на странски туристи. „Во Македонија мислам дека ќе имаме рекордна сезона и очекувам двоцифрен раст оваа година“, вели Трајков.  Овие негови очекувања и тврдења ги поткрепува со како што вели извонредните 12 кампањи кои ги организирала агенцијата во различни земји. Тој проговори и за иновативните...

Continue reading

akumulacija Slatino

Состојбата на браната во Слатино се влошува

Post Views: 0 Претседателот на спортското риболовно друштво Св. Апостол Петар, Радован Димитриески тврди дека пукнатината на браната се проширува и дека само е прашање на време кога комплетно ќе се разруши. „Пукнатината која беше на средина сега ја поткопа земјата и се спушти на самото дно од браната, поради тоа круната на браната се спушти неколку метри.  Се повеќе и повеќе очекуваме браната да се сруши комплетно или да се превземе нешто под итно за нејзино санирање.Нивото на водата не е спуштено, така да тоа истекува и од пукнатината и од преливниот канал и од испустниот канал“,...

Continue reading

rakomet

Ракометот во Охрид има светла иднина

Post Views: 1 Ракометот во Охрид се враќа на голема врата, а младите се неговата иднина. Вчера во спортската сала на О.У. „Григор Прличев“, средната категорија на ракометари од Охрид и Струга одиграа контролен натпревар, со цел младите да видат што значи двобој со противници од својата возраст како и да го почуствуваат пулсот на паркетот, вели Ѓоко Апостолоски тренерот на младинската школа на РК Охрид 2011. Тој додава дека очигледно е тоа што кај младите преовладува спортскиот дух, а пред се ентузијазмот и веќе за наесен подготвуваат екипа во националните кадетски лиги за натпреварувачката...

Continue reading

smart tabli

Интерактивни табли и во Охрид

Post Views: 11 Смарт табли во ОУ Братство Единство и Христо Узунов. Ова се двете Охридски училишта кои се пријавија на конкурсот објавен од министерството за образование и наука, и при тоа ги исполнија условите за да добијат една од 60 те табли кои ги обезбедија министрството и македонски телекомуникации.  Од првиот момент од како таблите се инсталирале, истите се ставени во употреба и достапни за сите професори и  ученици. Професорката по информатика Марија Пупинова Гогова признава дека имало одредени критериуми според кои се распределувале таблите, како што е колку обуки биле посетувани ...

Continue reading

cinar skrsena granka

Скршената гранка од Чинарот сеуште никој не ја крева

Post Views: 0 Охридскиот чинар – дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. И по три месеци скршената гранка која попушти од тежината на снегот кој падна во Охрид на 6 ти декември, никој не ја отстранува. Од локалната самоуправа откриваат дека со амин од министртвото за животна средина се ситнат само делови од гранката. Скршената пак гранката сеуште никој не смее да ја пресече, туку тоа ќе се направи само во присуство на преставници од министерството за животна средина, кои никако да прецизираат кога ќе дојдат во Охрид. Портпаролот на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top