YouТube намерно ги замрзува новите видеа

Скоро секое ново видео замрзнато на бројот 301

 |  инфодеск  | 

Кога се поставува ново видео на YouTybe и станува многу гледано, Google сака да се осигура дека тие прегледувања доаѓаат од вистински посетители е дека не се во прашање наместени кликања од одредени компании или поединци за да свртат внимание на своето видео.

Токму заради тоа YouTube го запира бројачот на 301 преглед се додека неговиот состав, статистички, не  го прегледа видеото и на неговите копии на серверите ширум светот.

Тед Хамилтон, еден од менаџерите во YouTube, вели дека не знае зошто е токму тој број избран, и додава дека секое видео што ќе привлече голем број на прегледи за кусо време ќе биде проверувано.

YouTube го стопира бројачот на 301 на половина ден, а понекогаш и подолго, додека се прави проверката, но интерно и понатаму се бележат прегледите. Откако ќе се провери видеото, вкупниот број на прегледи се додава на јавниот бројач. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top