Трет ден од пожарот на зграда на Туристичка, никој не превзема ништо

По огнената стихија зградата остана без струја и услови за живот.

 |  Маленкова Татјана  | 
pozar zgrada Turisticka
позар зграда Туристичка

Три дена по пожарот на зграда на Туристичка никој не превзема ништо. 46 те семејства од оваа колективна зграда немаат ни основни услови за живот. Огнената стихија која ја зафати зградата во неделата околу 23 часот, покрај тоа што ги растревожи, им ги зачади станови, каде и по три дена се шири непријатна миризба од која неможе да се спие, ги остави и без електрична енергија.
Жителите сеуште видно возбудени раскажуваат за пеколот кој го преживеаја во неделата. Ги вознемирува и фактот што освен противпожарните единици и СВР никој друг не дошол да ги запраша дали им треба нешто. Белинда Андоновска во моментот на несреќата не била во својот стан, но доживеала поголем пекол, затоа што децата биле сами.  Таа раскажува дека едното детенце го извадиле комшиите, а другото кое спиело пожарникарите го спасиле преку прозорот во зашеметена состојба, по што завршило во болница, за среќа без посериозни последици. Слични приказни имаат и останатите жители од оваа зграда, затоа што и во неа има бремени жени, неподвижни, стари. „Ова да не се повтори“, велат тие и што побрзо да заборавиме. Но, еве и по неколку дена од несреќата сеуште немаат струја, затоа што скоро сите броила биле изгорени. „Се што слушнавме и видовме е дека најмалку три недели се потребни да се санира оваа штета“, вели Андоновска.

„Три недели без струја. Јас се сомневам дека и за месец дена, а можеби и два ова ќе се санира, зошто pozar zgrada Turistickaкаблите се видливо изгорени, сигирно и нагоре преносното својство го изгубиле, не се знае ни дали треба да се копа.Сигурно не само што треба да се сменат сатовите, туку треба да се превземат и други работи, да се обнови инсталација до каде што е уништена“, вели Билинда Андоновска.

Андоновска упатува критика до ЕВН.  Таа раскажува дека скоро две години како ЕВН ги заменала старите струјомери со нови, но ЕВН не нашла можност истите да ги обезбеди.

„Година и нешто како се изврши замена на броилата. Вратите од новите броила од од тогаш, до ден денеска вратите беа отворени, необезбедени. Ниту едно стакленце немаше читаво. Не од сега кажувам две години, а можеби и повеќе не се средени. Се надевавме дека со новите броила затоа што ЕВН е сопственик, а не ние дека ќе стават нови сандачиња. Мислевме дека ќе бидат заклучени обезбедени кај што ниту еден нема да има пристап до нив. Ние цело време се ребриме дали детево ќе ја пикни раката внатре или не. Барано е и на телефон е јавувано затоа што нивните раговори се снимаат“, вели Андоновска.

Андоновска открива дека станарите на зградата многупати преку куќниот совет и писмено барање се обратиле до ЕВН и барале обезбедување на броилата.  Таа додава дека и покрај нивните барања никој ништо не превзел.

pozar zgrada TuristickaОд ЕВН Македнија пак не информираа дека точно ги знаат причините за настанувањето на пожарот. Портпаролот Атанас Ковачески во телефонскиот разговор за ТВ М вели дека станува збор за лице кое било исклучено од елекстична енергија поради неплатени сметки и кое сакајќи да се приклучи на диво го предизвикако пожарот. За среќа и ова лице не е повредено, но предизвикало огромна матријална штета. Ковачески додава дека неможе со прецизност да каже за колку време жителите на оваа зграда ќе бидат приклучени на електрична енергија, затоа што тоа зависи за колку време станарите во зградата  сами ќе си ја променат инсталацијата во становите, по што ЕВН ќе пристапи кон поврзување на струјомерите.

Ковачески уште додава дека ЕВН ја продолжува битката со оние кои диво се приклучуваат на електрична енергија и додава дека против ова лице кое го предизвика пожарот во Охридската здрада преку СВР ќе поднесе соодветни пријави.
 Жителите на опожарената зграда го повикуваат градоначалникот да ги посети и да каже што може во рамки на неговите можности да им помогне. Тие велат дека се надеваат на било каква помош од локалната па макар и да се делува што побрзо да се санираат штетите. Денеска попладново тим од локалната самоуправа направи обиколка на опожарената зграда, а неофицијално градоначалникот тоа ќе го направи утре.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top