Ознака: додава

proslava

Денот на албанската просвета и албанскиот учител одбележан со свечена програма

Post Views: 6 Основното училиште „Братство единство“ од Охрид денес  гo одбележа 7-ми Март- Денот на албанската просвета и албанскиот учител. На овој ден во 1877 год. било отворено првото училиште на албански јазик во Корча, а во 1961год. е одлучено овој датум да се прославува. Директорот на ОУ Братство единство, Муамер Доко вели дека сите овие години се вложувале напори да се издигне професијата на албанскиот учител на едно повисоко ниво и во тоа се успеало, но додава дека сеуште има простор за работа на оваа тема. –И понатака треба да се трудиме за да ги подобриме условите...

Continue reading

Дали го знаевте ова за вашите машини за перење

Post Views: 4 Машините за перење, доколку не се користат правилно, можат да бидат магнети за бактериите, порачуваат германски експерти. Во нив секогаш останува малку вода по перењето што може да биде потенцијално опасно. Откако ќе се извадат испраните алишта од машината, многу корисници ја затвораат вратата и садот за дозирање на детергент, а тоа е погрешно. “Во машините за перење на алишта секогаш останува малку вода”, објаснува Claudia Oberascher од информативниот портал Hausgeraete+, и додава – каде што има влага тоа се добри услови за раст на микробите. Затоа се препорачува вратата...

Continue reading

centar za kultura

Нови вработувања во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 7 Во Центарот за култура Григор Прличев ќе има десет нови вработувања. Тие ќе се реализираат преку владиниот проект за вработување на социјално загрозени лица или лица од ранливите групи. Овие вработувања добро ќе ни дојдат затоа што веќе подолго време кубуриме со технички персонал бидејќи дел од врботените си заминаа во пензија, вели директорката на центарот, Драгана Боцевска. Таа додава дека со новите вработување би требало да се надмине и проблемот во театарот. Како што веќе е познато во два наврати беше откажан почетокот на театарската сезона. Директорката кажува...

Continue reading

spomenik

Спомениците и спомен обележјата во градов, оставени на забот на времето

Post Views: 5   Спомениците и спомен обележјата во градов, а посебно оние кои се наоѓаат во руралните средини оставени на забот на времето, велат историчарите. Овие паметници не се случајно поставени и не се посветени на случајни личности, потенцира кустосот Горан Митрески. Тој како пример го посочи спомен обележјето на македонскиот пролетерски поет, Коста Абраш кое се наоѓа на Сараиште а за кое ретко кој од охриѓаните знае бидејќи местото не е ниту заградено ниту уредено. Недолично е ваквото однесување кон овие обележја. На дел од нив се сеќаваме само кога е некој национален празник,...

Continue reading

informaticki univerzitet

Информатичкиот универзитет наместо да се дислоцира – се реновираше

Post Views: 9 Информатичкиот универзитет  „Св. Апостол Павле“ и оваа академска година останува на старата локација. Со цел просторот да ги задоволи потребите на студентите, изминатиов период универзитетот се реновираше и прошируваше. Ректорот на универзитетот проф. Д-р Нинослав Марина вели дека  новиот дел ќе ги задоволи потребите за блиска иднина, но додава дека на подолг период раководтвото размислислува за зголемување на капацитетите. „Процедурата со касарната е сеуште отворена и уште стои како опција и во наредниве месеци ќе ве известиме за динамиката околу новиот универзитетски...

Continue reading

Jugozapaden planski region

Бурна расправа на Советот на Југозападниот плански регион

Post Views: 15 Бурна расправа на Советот на Југозападниот плански регион. Од предвидените 14 точки од дневниот ред најмногу прашина се крена за права точка „Предлог одлука за избор на раководител на центарот за развој на Југозападниот плански регион“. Дел од градоначалниците сметаа дека оваа точка не е валидна и дека треба конкурсот кој е распишан да се поништи и да се распише нов. Претседателот на Југозападниот плански регион, струшкиот градоначалник Зијадин Села, во име на оние кои бараа поништување на конкурсот го образложува нивниот став. „Направени се некои состаноци, со потписи...

Continue reading

Во иднина забите сами ќе се обновуваат

Post Views: 0 Новиот напреден третман, кои го открија Британците, ќе го поттикнува забот самостално да се регенирира со вбризгување на минерали од калциум и фосфат и поради тоа нема да има потреба од инекции, ниту од бушење. Откако американските научници во мај оваа година објавија дека развиваат технологија за поправање и полнење на забот со ласер, со нов напреден третман се појавија и Британците. Го рзвиле проектот на Кингс колеџот во Лондон, а новата технологија е специфична по тоа што ќе го поттикнува забот сам да се обновува. Во постапката нема инекции и ќе биде потполно безболна. Третманот...

Continue reading

Crven krst vo Germanija

Охридскиот црвен крст во работата повторно ќе применува нови Германски искуства

Post Views: 4 Шестчлена делегација  од Охридскиот Црвен Крст, составена од спасители на вода и спасители на планина беа 5 дена во посета на Црвен крст Бамберг – Германија. „Целта на оваа посета беше да го разработиме нивниот систем на функционирање и на работа не само во сегментот на спасување и на дејствување при катастрофи, туку и организационо, самата поставеност на Црвениот крст таму и соработката со институциите како што се локалната самоуправа и државата“, вели претседателот на ОО на Црвениот Крст, Сашо Точко. „Луѓето не печекаа прекрасно, беа отворени кон нас можеа и тие да...

Continue reading

SVR logo

Охридски и Српски полицaјци од денеска заедно ќе патролираат

Post Views: 1 Српски полициски службеници заедно со нивни колеги од СВР Охрид од денеска во две смени ќе патролираат во Охрид и периферните делови, како и на крајбрежјето. Целта на оваа заедничка акција  е да се зголеми безбедноста на граѓаните и туристите кои престојуваат на охридската ривиера. „Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките партоли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби...

Continue reading

kradec

Повнимателно со личните предмети – крадците демнат

Post Views: 2 Ако едни доаѓаат во Охрид да одмораат, други доаѓаат на печалба. Охрид во летен период вообичаено мета на крадци. За време на туристичката сезона  како по некое непишано правило има  зголемување на казнените дела кражби кои првенствено се случуваат  на плажите во крајбрежјето, но и во домовите на оние кои заминале на одмор. Од СВР велат дека и оваа сезона  во секторот евидентирано е благо зголемување на ваквите казнени дела. Портпаролот Стефан Димовски вели дека СВР Охрид делува пред се превентивно, со цел елиминирање на ваквата појава. Тој додава дека годинава како...

Continue reading

press Ohridko leto

„Мизантроп“ од Молиер ќе биде првата премиера на Охридско лето

Post Views: 2 „Мизантроп“ на текст на Жан Батист Поклен-Молиер, а во изведба на Турскиот театар од Скопје, на репертоарот на Охридско лето утревечер. Ова ќе биде првата од шесте премиери на Охридско лето. Селекторот на драмската програма Ѓорѓи Јолески не го криеше своето задоволство што токму  Турскиот театар од Скопје ќе ја одигра првата премиера на овогодинешното издание на фестивалот. „Турскиот театар е карактеристичен токму по младта актерска екипа која неколку години го освојува Турскиот пазар не само во Македонија туку и на светските театарски сцени“, вели Ѓорѓи Јолески, драмски...

Continue reading

Ohrid star del

ЛДП на локалната ќе и понуди проект за Стариот дел на Охрид

Post Views: 24 Охридските либералдемократи за 100 дена на градоначалникот му нудат предлог проект за Стариот дел на Охрид, за кој велат дека сериозно го подготвувале во изминативе две години. Претседателот на ОО на ЛДП Дејан Блажески вели дека тие како опозициона партија  не го испочитувале молкот од 100 дена, сметајќи  дека подобро е да се рагира на проблемите тогаш кога ќе се случуваат, отколку да се остават и работите да излезат од контрола.  Блажески смета дека средувањето на Стариот дел е приоритетен проект на кој треба да работи локалната. „Го изработија луѓе професионалци во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top