Ознака: додава

Нови детали за исчезнатиот Боинг 777

Post Views: 3 Промената на насоката на летот на Боингот 777 на малезиската компанија, е направена 12 минути пред копилотот да се одјави од контролата на летање во Куала Лумпур, пренесува NBC News. Тоа ново откритие ги отвара повторно претпоставките дека мистериозното пренасочување на авионот е однапред планирано и направено од самата пилотска кабина на авионот, пред да се прекине контактот со контролата на летање. Сепак и тоа не сугерира дека авионот е грабнат. „Некои пилоти го програмираат алтернативниот план на летање во случај на итна потреба од тоа“, предупредил Грег Фејт, истражител...

Continue reading

demonstrant Kiev

Полицијата во Киев не користи огнено оружје, сепак билансот од нередите 25 мртви

Post Views: 0 Соработниците на полицијата на Украина не користат огнено оружје, за да го спречат нередот во Киев, пренесе „ИТАР-ТАСС“, повикувајќи се на соопштение на украинското Министерство за внатрешни работи. „За време на обезбедувањето на јавниот ред и локализирањето на масовните немири во центарот на Киев, соработниците на полицијата и војниците од внатрешните сили на Министерството за внатрешни работи на Украина, не користат огнено оружје“, се наведува во текстот на соопштението. Во него се додава дека земајќи ја предвид природата на повредите на загинатите цивили и карактеристиките...

Continue reading

Jan Ulrich

Кризата во велосипедизмот се продлабочува

Post Views: 4 Германскиот велосипедист, освојувач на Тур д Франс Јан Улрих, на својата блог-страница на „Еуроспорт“ напиша дека и тој имал улога „во она кое што му се случило на велосипедизмот“. Сепак, еден од најголемите ривали на Ленс Армстронг додава дека овој пат нема да го следи детронизираниот Американец и јавно да признае дека злоупотребувал стимулативни средства. „Секој може за себе да создаде слика околу она што се случи во последните неколку месеци во велосипедизмот. Јас придонесов за сето тоа со мојата улога“, загадочен е Улрих. „Ленс Армстронг и многумина други ја раскажаа...

Continue reading

SVR Ohrid

Прегазена 24 годишна стружанка

Post Views: 0 Несреќата се случила синоќа во 21 часот на самиот влез во Струга, каде врз сега починатата удрило патничко моторно возило „Фиат пунто“ со струшки регистерски таблички управувано од 27 годишниот О.Ш, од Лабуништа. Според портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димовски причина за несреќата било неправилно преминување на улицата од регионалниот пат, од страна на починатата, во која, со левиот преден дел удрило возилото, од што таа на лице место им подлегнала на повредите. На возачот на патничкото возило одредена му е мерка притвор во траење од 15 дена. Тој возилото го управувал...

Continue reading

urbanaop

Иста програма, исти проблеми

Post Views: 2 Поставувањето на урбаната опрема, хроничен проблем во Струга. Изминативе 4 години во оваа сфера владее хаос во вистинска смисла на зборот, реагираат од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Години наназад укажуваме на пропустите кои се прават од страна на Локалната самоуправа, од каде не убедуваа дека имаат капацитет да се справат со проблемот, дававме наши забелешки, но досега не се најде начин проблемот да се реши, вели Јулијана Зуноска, советничката на ВМРО – ДПМНЕ. Таа додава дека програмата за поставување на урбана опрема за 2013, е копија на онаа од минатата година,...

Continue reading

strelci

Охридските стрелци се подготвуваат за европското првенство

Post Views: 0 На крај на месц јули од 29 до 14 август во Белград се одржува европско првенство во гаѓање со малокалибарна пушка. На овој натпревар учество ќе земат пет наш стрелци доколку остварат норма. „ Тоа се Нина Балабан, Шишкоски Михаил, Здравески Горан , Гоџоска Верица и Апостолоски Бобан. Подготовките ќе течат овој месец до крајов на јуни кој ќе успее да обезбеди 570 круга и покрај тоа што федерација нема да може да не финансира со средства што сме ги добиле од локалната самоуправа да обезбедиме сместување и превоз за децата за да можат да настапат, бидејќи ни е најблиски,...

Continue reading

trgovija so luge

Трговците со луѓе делуваат на нов начин

Post Views: 8 НВО „Езерка“- Струга активни во борбата против трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е присутен проблем кој што не може да се искорени но мора да се ублажи, потенцира Драгица Павлеска Попеска од оваа организација. Таа додава дека загрижува фактот што Македонија од земја на транзит, стана земја на потекло, посебно, со млади личности од источниот во западниот дел на државата. „Претежно жртвите на трговија со луѓе се до 14 години, бележани случаи од околината на Велес и Кочани во западните делови на Македонија. Но има уште една појава против која Езерка се бори со превенција...

Continue reading

pehar

Охрид ја доби првата карате репрезентативка

Post Views: 2 Везира Тотиќ, со освоеното прво место во категоријата до 53 килограми на Државното Првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, обезбеди место во Македонската карате репрезентација. Везира воедно беше и едниствениот женски претставник од Охрид до 21 година на ова државно првенство. Убедливиот настап и максималната доминација во борбите на ова првенство и го обезбедија и местото во репрезентацијата. Таа признава дека патот до место во репрезентацијата бил многу тежок. „На државното првенство имав три борби и се паслирав во финале, каде требаше да освојам максимум...

Continue reading

обука

Дигитални приказни за соживот

Post Views: 3 Приказните од секојдневието на младите во мултиетничка Струга, позитивни примери во нивните заедници. Преку тридневна обука  младите ќе стекнат знаења за изработка на мултимедијални содржини, во кои тема ќе бидат различнитe  моменти поврзани со традицијата, предрасудите и верската толеранција, но и соживотот и дружењето на младите од овој град, вели Виктор Милевски од фондацијата „Метаморфозис“. „А целта е со крајниот производ однодсно создаденото видео, учесниците на обуката да пренесат порака до пошироките маси“ додава Миелски. Милевски објасни дека за време на обуката...

Continue reading

Што јадат витките жени?

Post Views: 1 Во книгата „Пештерските жени не се дебелеат: Древни тајни на брзо слабеење“, американскиот нутриционист Естер Блум, препорачува начин на исхрана на база продукти кои нашите претци можеле да ги ископаат, соберат или уловат, што вклучува овошје, зеленчук и месо. Таа тврди дека месото го зголемува допаминот и серотонинот во организмот, хормони кои се важни за задоволството и среќата. Серотонинот е одговорен за осетот за смиреност и среќа, а сето тоа води кон побрзо и полесно постигнување на целта, посакувана и совршена фигура. Згодните жени јадат месо, но не било какво,...

Continue reading

dupka struga

Дупките, „декор“ нa струшките улици

Post Views: 2 Ги испокршивме автомобилите, менуваме амортизери на секоја месечина, изложени сме на ризик од сообраќајни незгоди. Ова се само дел од коментарите на возачите кои поради разни цели мора да поминат низ струшките улици. А возејќи низ нив, има и што да видат. Улиците се во катастрофално лоша состојба со бројни незакрпени дупки кои буквално зјаат одсекаде. Возачите за ваквата состојба се видно револтирани и прстот го вперија кон Локалната самоуправа во Струга.Првиот човек на општината, градоначалникот Рамиз Мерко, свесен е за состојбата во врска патната инфраструктура во...

Continue reading

seminar

Дефицит на дефектолози во Струга

Post Views: 3 Само еден дефектолог на подрачјето на општина Струга се справува со децата кои имаат посебни потреби. Овој податок навистина е загрижувачки, со оглед на тежината на работата со која се соочуваат ваквите стручни лица. На територијата на општина Струга има голем број на деца со посебни потреби и еден дефектолог невозможно е да се справи со нив, вели Благица Чочороска, дипломиран дефектолог. Потребите на лицата со посебни потреби се големи и комплицирани, вели Мустафа Калиќи, директор на Општинското основно училиште од селото Октиси. Тој додава дека и покрај нивниот максимален...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top