Ознака: додава

kniga promocija

Промовирана книгата „Кохезија, Колизија на Човековата Визија“

Post Views: 6 Книгата претставува избор на стихови од страна на авторот од целокупното лично творештво. Поезијата е пишувана на македонски и англиски јазик. „Јас творам од својата шеста, седма година, а досега не сум имала можност ништо да издадам, па поради тоа сепак благодарност до оние кои ми излегоа во пресрет како издавач националната установа библиотеката Григор Прчичев, спонзорот Супер радио , печатницата Летра и промоторите односно лекторите Тоде Илиевски и Лилјана Мартинова. Моето творештво е обемно опфаќа поезија и проза. Буквално се пронаоѓам во сите литературно жанрови...

Continue reading

narkomani duvlo

Во нас. Гоце Делчев ново дувло на наркомани

Post Views: 27 На влезот од нас Гоце Делчев никна уште едно собиралиште на зависници од дроги.  Станува збор за објектот кој некогаш беше продавница на Охридска Трговија, а потоа на Напредок. Овој објект кој е цврста градба иако од надвор е во добра состојба, внатрешноста е нешто сосема друго. Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни. Се обративме во СВР Охрид со цел да откриеме што секторот превзема со цел да им помогне на жителите од населбата Гоце Делчев. Од таму добивме уверување дека во рамките на нивните редовни активности ќе обрнат внимание...

Continue reading

nezavisna lista Zoran Stevoski

Зоран Стевоски носител на независна советничка листа

Post Views: 6 Оваа листа која според носителот ќе му ја врати душата на Охрид е составена е од млади луѓе, интелектуалци, работници, студенти, како и преставници од етнички заедници кои живеат во Охрид. „Граѓаните ќе ја препознаат вистинската листа и левичарската нитка ќе препознаат дека ние излегуваме, а не ги бојкотираме изборите. Ние сакаме и ќе направиме низа проекти кои ќе му го вратат сјајот и блесокот на Охрид“, вели носителот на листата Стевоски. Денешната пресс конференција Стевоски ја одржа пред некогашното седиште на СДСМ. На новинарско прашање зошто токму тука за прв пат...

Continue reading

smetka EVN

Манипулативниот трошок од 6 денари скапо ќе ја чини ЕВН

Post Views: 11 Со решение на Комисијата за заштита на конкуренција од 2009 год. одлучено е дека ЕВН Македонија од јануари 2005 год. заклучно со 28 февруари 2008 год. без основ, на секоја сметка наплатувала манипулативен трошок, по 6 денари. Имено, на сметките од дември 2007 год и јануари и февруари 2008 год. доколку под ставка 25 – манипулативен трошок, во износот на сумата за плаќање се наплатени  плус 6 денари, може да се тужи компанијата. Адвокат Светозар Ристески за ТВМ објаснува што е противправно во манипулативниот трошок кој ЕВН Македонија го наплатувала од граѓаните на Р Македнија....

Continue reading

agencija

Да има што повеќе жени во политиката

Post Views: 13  Да се зголеми бројот на жените во политиката. Ова е заложба на Советот на жени за родова еднаквост, македонското женско лоби и невладината организација „Антико“. Тие сметаат дека и сегашната законска бројка од 30% е мала за да може реално да се зајакне влијанието на жената врз политичките случувања во државава. Од друга старана пак и оние жени кои се инволвирани во политиката многу малку придонеле за подобрување на состојбата на ранливите категории. Ова е уште поевидентно на локално ниво, вели Наде Мартиноска од женскиот центар „Бисера“. Во Советот на општина Охрид...

Continue reading

охрид

новите вработувања,трн во око

Post Views: 5 Деновиве дел од граѓаните, а и општинската ВМРО ДПМНЕ  се погласно реагираат на најновите вработувања во Јавните претпријатија во градов како и во Општинската администрација. Тие велат дека ова е само уште еден начин за добивање гласови на Локалните избори кои се наближуваат. Додаваат дека воопшто нема потреба од нов кадар бидејќи и онака состојбата во јавните претпријатија финансиски е тешка. Градоначалникот Александар Петрески со свое објаснување по ова прашање. Најновите случаи на вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија не се поради изборите,...

Continue reading

gradezni aktivnosti informaticki univerzitet

Информатичкиот универзитет се проширува

Post Views: 4 Се доградува зградата на поранешниот дом на АРМ, поточно објектот каде е сместен информатичкиот универзитет. 350 те квадрати кои во моментов се ставени на располагање на универзитетот премалку за нивните потреби. Според најавите  со доградбата универзитетот треба да добие три пати поголем простор од оној со кој располага.   „Просториите ќе бидат наменети за настава и за нови канцеларии на универзитетот, за нови лабаратории. Сето тоа ставено заедно значи дека ќе имаме можност да примаме далеку поголем број на студенти, а ќе може да вработиме и повеќе професори, пред се...

Continue reading

Milanka Noveska

Се нижат успесите на Миланка Новеска

Post Views: 1 Желбата на Миланка Новеска по се изгледа за скоро време ќе стане и реалност. „Секако дека сакам еден ден да станам видна оперска пејачка да направам голема кариера. Тоа е мојот сон, да пеам во голема оперска куќа“, вели Миланка. Дека желбата навистина ќе и се оствари зборуваат и последните освоени награди. Таа ја овои првата награда во камерно пеење дуети заедно со Мила Јаневска и Милош Спасиќ на пијано, и втора награда во дует со Јаворќе Витанова во пијано придружба на Силјан Пановски, сите уценици во ДМБУЦ „Илија Николоски – Луј“, под менторство на профедор Александра...

Continue reading

kuratica ogan

Куратица се подготвува за традиционалниот карневал

Post Views: 2 Денеска на влезот од селото вниманието ни го привлече табла на која јасно пишува „Добредојдовте во куратица.еу“. Повеќе од очигледно е дека жителите на Куратица веќе се чувствуваат како да се во ЕУ. „Ние како Месна заедница сакаме се да функционира во селото, токму затоа се чувствуваме европски“, вели претседател на МЗ Куратица,Горан Ангелоски. Последните подготовки за карневалот се во завршна фаза, вели претседателот на МЗ Горан Ангелоски. Тој додава дека на последниот состанок кој го одржале во петокот биле дефинирани сите детали за празникот и карневалот. „Карневалот...

Continue reading

badik Struga

Бадник во струшкото ГРГ маало

Post Views: 3 Бадник во Струшката ГРГ маало. Ден пред Божик, стружани запалија оган, обезбедија музика и погача со паричка. Вака синоќа започна прославата за Бадник. „Славиме цела мала заедно без разлика на тоа кој е кум и ако имаме еден кум сите се оганизираме заедно. Пред 13 години почнав како кум јас, многу малку луѓе со пет, шест фамилии, постепено се проширувавме и денеска еве дојдовме до оваа масовност, а очекуваме и уште повеќе и во 12 часот имаме околу 120, 130 луѓе на ручек“, вели Милутин Аврамоски. „Да има мир и уште многу години да се собираме и дружиме, е нашата најголема...

Continue reading

ohridski teatar

2012 – успешна година за Охридскиот професионален театар

Post Views: 24 4 премиери и изиграни над 60 претстави за нацела година, е билансот на работата од првата година од возобнувањето на охридскиот професионален театар. Директорот на оваа културна институција Горан Стојаноски повеќе од задоволен од сработеното во минатата година, но ветува дека тоа беше само почеток затоа што најдоброто од оваа уиграна екипа допрва следува. „Самиот факт покажува дека 4 премиери подразбира 8 месеци секојдневна работа, по два месеци од претстава, а од друга страна Охрид веќе може да се пофали со репертоар и ако за краток период и со традиција. Кога странци...

Continue reading

krazba zlatara

Ограбена златарата „Голд“ во Охридската чаршија

Post Views: 19 СВР превзема широк спектар на активности со цел пронаоѓање на двете лица кои синоќа околу 19 часот и 45 минути  во златара во Охрид во централното градско подрачје извршија кривично дело разбојништво. Имено во моментот на разбојништвото во златарата се наоѓала вработена која под закана со пиштол од еден од крадците се повлекла во ќошот од златарата, а другиот го одземал златото.Портпаролот на СВР Стефан Димоски открива дека Секторот има добри оперативни сознанија по кои интензивно се работи, а се проверуваат и сите информации кои од синоќа доаѓаат до полициските службеници....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top