Бадник во струшкото ГРГ маало


Денеска е Божик, но прославите за овој најголем христијански празник започнаа од синоќа, од Бадник.

 |  Маленкова Татјана  | 
badik Struga
бадник Струга

Бадник во Струшката ГРГ маало. Ден пред Божик, стружани запалија оган, обезбедија музика и погача со паричка. Вака синоќа започна прославата за Бадник.

„Славиме цела мала заедно без разлика на тоа кој е кум и ако имаме еден кум сите се оганизираме заедно. badnik StrugaПред 13 години почнав како кум јас, многу малку луѓе со пет, шест фамилии, постепено се проширувавме и денеска еве дојдовме до оваа масовност, а очекуваме и уште повеќе и во 12 часот имаме околу 120, 130 луѓе на ручек“, вели Милутин Аврамоски.

„Да има мир и уште многу години да се собираме и дружиме, е нашата најголема желба“, вели Аврамоски. Тој додава дека луѓето за да се дружат и веселат не треба многу пари и открива како ги обезбедуваат средствата за ваква голема народна веселба.

„Ние немаме многу потрошено,собравме сами околу 300 евра, а пари ни додели и општината околу 8 000 денари, така да имаме доста финансии. Огнот значи светлина, но најбитно е да ни биде топло во душава и во нашиве срца“, додава Аврамоски.

Традицијата и обичаите не смеат да се менуваат, туку непротив тие треба да се негуваат, вели  жената која потекнува од Охрид, но ги знае струшките адети – Катерина Наумоска.

„Главнииот адет е кршење на погачата со паричката, меѓутоа се меси посна погача и се крши пред 12 часот. badnik StrugaКој ќе е добитник на паричаката следната година е кум. Нема никакви обврски освен да меси погача“, вели Катерина Наумоска.

Дел од организаторите на прославата за Бадник, веќе 13 години е и советникот од ВМРО ДПМНЕ, Момчило Аврамоски. Тој е горд затоа што малската прослава која ја започнале неколку блиски другари, сега прераснува во значајна манифестација, која годинава обедини околу  500 луѓе.

 „Мислам дека во овие тешки времиња кога луѓето се разиденуваат ова е класичен пример на живот, соживот. Ние оваа традиција ќе ја продолжиме нема да ја оставиме и се надевеме дека ќе се шири се повеќе и повеќе.  Сами се снаоѓаме, најголем процент со учество на граѓаните“, додава  Момчило Аврамоски.

Порака која стружани ја упатија до сите е со мир во душата, љубов во срцето, со верба во Бога, во слава на Христа да се радуваме, простуваме, да сакаме и да се почитуваме.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top