Ознака: депонии

градежен шут мини депонија

„Ти си твојот град“ лоцира диви депонии

Post Views: 1 Десетици пријави од граѓани за постоење на диви депонии во регионот пристигнаа на повикот на ТВМ телевизија преку рубриката Ти си твојот град за нивно лоцирање.Голем број нестандардни депонии ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините.Денес нашата екипа повторно регистрира неколку диви депонии во охридско.На патот за Велестово во НП Галичица затекнавме грда слика , расфрлана пластика дотраена покуќника,градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад.Истата слика од расфрлан отпад ја затекнавме на кружниот тек кон Горица Втора....

Continue reading

Расчистени уште две мапирани депонии

Post Views: 7 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” расчистија уште две мапирани депонии на територијата на општина Охрид. Расчистена е дива депонија во близина на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо” и уште една дива депонија на ул.„Марко Цепенков” во Охрид. Согласно Програмата за работа за 2022 година се спроведоа активности за тековно одржување на јавната чистота на јавните површини во селата Велгошти и Лескоец.

Continue reading

ЈП „Охридски Комуналец“ во „битка“ со дивите депонии

Post Views: 9 Екипите на ЈП „Комуналец“ секојдневно водат битка со справувањето со дивите депонии во охридскиот регион. Изминативе неколку месеци отстранети се околу 170 нестандардни депонии во Охрид и охридските села, а подигнати се околу 600 м3 отпад. Во вчерашната акција од водите на реката Грашница беше изваден мебел и покуќнина. Загрижува тоа што на веќе исчистените црни еколошки точки несовесните граѓани повторно трупаат отпад. Зачестена е таквата појава, денес чистиме другиот ден повторно се прави депонија на истите критични точки кои се мапирани. Во соработка со општинскиот...

Continue reading

ОПШТИНА ДЕБРЦА МАКА МАЧИ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

Post Views: 6 По уредувањето на дивата депонија во местноста “Царо Поле”, село Ново Село, службите на Општина Дебрца започнаа со чистење и уредување на уште една поголема депонија во општината, лоцирана во непосредна близина на распределителната градба на река Сатеска, на влезот од село Волино. Простор кој претставуваше грда слика и на кој беа депонирани поголемо количество на градежен шут, комунален и инертен отпад, кој претходно на неколку наврати го чистеле комуналните служби на Дебрца. Од општината децидни, против сите оние кои ќе бидат затекнати во деградација на исчистениот простор...

Continue reading

Општина Дебрца продолжува со чистење на одводните канали, речните корита, а се чистат и дивите депонии

Post Views: 7 Градежната механизација на Општина Дебрца и јавното комунално претпријатие продолжуваат со чистење на одводните канали во Општина Дебрца, а истовремено привршува и обемната активност за чистиење на дивите депонии во неколку селски средини. Изминативе неколку дена во селото Белчишта беше исчистен одводен канал во место викано “Чунејнца”, во должина од околу 400 метри, се спроведе чистење на речното корито на Голема Река, на делниците: Манастир “Св.Атанасије” – Д.Средорече ( околу 400 метри ) и Манастир “Св.Атанасије”-селска воденица ( 500 метри ), во село Оровник, чистење...

Continue reading

Анкета за диви депонии во регионот

Post Views: 8 Помогнете ни да ги лоцираме дивите депонии во регионот. Доколку знаете за постоење на нелегална депонија во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебраца или случајно ја затекнете, Ве молиме пријавете ја точната локација. Нашата цел е да ги мапираме сите нелегални диви депонии, кои за жал ги има многу, како и да ги поттикнеме делувањто на Локалните самоуправи, комуналните претпријатија, еколошките организации, но и на граѓанскиот сектор. Да допринесеме сите заедно да се уредат критичните црни еколошки точки, со една единствена цел – чиста и здрава еколошка средина...

Continue reading

deponija

Регионални депонии ќе се прават од следната година

Post Views: 4 За само неколку месеци, општините ќе се отарасат од депониите. Овој проблем што ги гуши сите градови а не ја одминува ниту Струга, е приоритет на министерството за животна средина. При  неодамнешната посета на министерот Неџати Јакупи во Струга,  тој кажа дека стратегијата и планот за управување со отпад, е првите работи  кои  треба да ги реши ресорното министерство како и владата на Р.Македонија.  Министерот истакна дека за решавање на оваа проблематика, се во постојани контакти со локалните власти на општините и верува дека за скоро време ќе се изнајде решение. „Секако...

Continue reading

Проблемот со дивите депонии не може да се реши преку ноќ

Post Views: 2 Решавањето на проблемот со дивите депонии во земјава, не може да се случи преку ноќ. Министерот за животна средина на РМ Садула Дураку, истакна дека оваа влада ќе се обиде преку користење на средствата од ИПА фондовите да се изнајде постојано решение за проблемот со дивите депонии, особено на онаа во Струга. „Дивите депонии не се од оваа година, тие диви депонии постојат во Македонија веќе триесет години. Ние заедно со Владата на РМ и нашите пријатели и ИПА програмите, ќе изнајдеме постојано решение за проблемот со дивите депонии“ додаде Садула Дураку – Министер за животна...

Continue reading

УНЕСКО: Државата, Југозападниот плански регион и Охрид имаат рок од три години да го решат проблемот со дивите депонии

Post Views: 6 Во последниот Нацрт извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата и Југозападниот плански регион мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково, Мауцкер, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни во регионов, а просторот соодветно да го исчистат и опплеменат. Според претходниот извештај депонијата во Буково требаше да биде затворена до крајот на 2020 година и повеќе на та таа локација да не се одлага отпад, но во најновиот, оваа препорака треба да се исполни...

Continue reading

Во Дебрца се чистат дивите депонии

Post Views: 2 Градоначалникот Зоран Ногачески информира дека се исчистени депониите во месноста „Селиште“, кај црквите Св. Василиј, Св. Јован и Св. Атанасија во село Белчишта. На просторот дополнително ќе бидат поставени информативни табли. Во изминатите неколку години неколкупати извршивме чистење на дивата депонија на влезот на село Волино, непосредно до распределителната градба на реката Сатеска. По последното чистење пред 2 месеци фирмата Гарден Центар и Расадник Розенталис на своја сметка изврши заградување на исчистениот простор. Деновиве, со помош на општинската механизација...

Continue reading

Од Охридски комуналец бараат поголема соработка со надлежните институции во справување со несовесните граѓани кои создаваат мини диви депонии

Post Views: 2 На потегот кон Велестово е фотографиран граѓанин како од возилото вади отпад и го остава покрај патот. Случајниот минувач кој го регитрирал несовесното однесување ги објавил фотографиите на социјалната мрежа фејсбук на кои се гледаат регистарските таблички на возилото. Отпадот од локацијата уште истиот ден го подигнале од еколошкото здружение Еко Фап. Од ЈП Охридки Комуналец велат дека сликите за овој случај пристигнале и до нив и ги доставиле до Општинскиот комунален инспекторат.Портпаролот на локалната, пак, за овој случај негира дека до општинските служби пристигнала...

Continue reading

Се повеќе депонии на патот до Калишта

Post Views: 0 Од ден на ден расте бројот на депонии на патот кој води до струшкото село Калишта. Се зголемува и количството на шут кој се одлага на самиот брег од езеорото, а жителите од овој крај само им останува да се надеваат дека инспекциските служби ќе бидат поактивни на терен и што поскоро ќе го решат овој проблем. „Депониите кои се во Калишта ги има насекаде. Тоа не личи на ништо и дава една лоша слика за нашето место и го нарушуваат амбиентот. Ако еден фрла нешто и другите фрлаат и депониите се зголемуваат“. „Голем проблем е ова за Струга. Компетенциите се во општината. Општината...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top