Ознака: депонии

Југозападниот дел на Македонија затрупан со диви депонии

Post Views: 4 Југозападниот дел на Македонија затрупан  со диви депонии. Во Охрид, Струга, Кичево, Дебар и уште неколку помали општини има вкупно 97 депонии од кои 87 се диви. И тие неколку кои се легални немаат никакви услови за одлагање смет. Треба да имаат глинеста подлога, има критериуми колку треба да се одалечени од населени места. Треба да има комплетна инфраструктура. Кај нас тоа не е случај. Имаме измешан отпад, комунален, пластика, хартија, стакло. Некаде околу 46.000 тони или 231 килограм по жител годишно се собира отпад, рече Мирјана Лозаноска-директор на Центар за развој...

Continue reading

Jakupi

Со еден удар, излез од два проблеми

Post Views: 2 Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи на состанок во Струга. Првата недела на месец мај годинава, се очекува објава на тендер за издавање под концесија на регионалната депонија. Министерот, имаше можност да ги слушне актуелните проблеми од комуналната сфера на југозападниот плански регион и најави надминување на тешка состојба со која се соочуваат сите јавни комунални претпријатија на овој дел.Странските инвеститори наголемо веќе тропаат на нашите врати за учество со инвестиција за проекти од ваков тип, потенцира Јакупи. Тој додаде дека нивните...

Continue reading

akcija otpad

Охридски Комуналец дел од акцијата Македонија без отпад

Post Views: 0 Охридски Комуналец дел од акцијата „Македонија без отпад“. Утрово екипите на ЈП на патниот правец Охрид -Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље, го исчистија целиот комунален отпад кој што лежеше од двете стграни на коловозот. Првиот човек на ЈП Елена Скрческа нагласува дека во расчистување на патот биле исклучиво вклучени нивните вработени. „Собрани се некаде околу 40 тина вреќи најлонски со ситен отпад, пластики, најлон, хартија. Учествуваа поголем број на наши вработени тоа е специфичен потег каде што не можат да учествуваат деца...

Continue reading

smet ramne

Депониите во Рамне сеуште неподигнати

Post Views: 0 Дивите депонии во Рамне сеуште не се подигнати. И после една недела од апелот и критиките на мештаните, преку нашиот медиум,надлежните си ја префрлаат топката од едни на други. Од ЈП „Охридски Комуналец“ се правдаат дека не добиле налог од НП „Галичица“. Од таму пак кажаа дека не е нивна надлежност да издаваат налози туку состојбата да ја пријавуваат до општинскиот инспекторат.  Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека секој во својот делокруг треба да си ја извршува својата работа, затоа постојат овластени инспектори за животна средина, комунална инспекција,...

Continue reading

smet ramne

Диви депонии во Рамне

Post Views: 4 Несовесни граѓани охридското село Рамне го претворија во вистинска депонија. Ниската култура на граѓаните кои своето ѓубре го фрлаат насекаде го нагрдува ова прекрасно село кое од повеќе места е видиковец на прекрасниот Охрид и Охридското Езеро. На неколку места нашата камера регистрира купишта градежен шут, кабаст отпад и друга покуќнина. А имало случаи на дивите депонии да завршат и мрши од животни. Мештаните се крајно револтирани и ги повикаа надлежните да излезат на терен за да видат со каков проблем се соочува оваа месност. „Секој ден овде се фрла ѓубре а сакаме...

Continue reading

vmro - dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го претвори Мауцкер во депонија

Post Views: 2 Градоначалникот Бакрачески со Локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ во целост се посветени кон уредување на секој дел од градот Охрид, впрочем тоа се покажа и докажа за нецела година со новиот плоштад во центарот на градот како и со мини плоштадот во Горна Влашка маaла. Ваквите активности ќе продолжат низ секој дел од градот Охрид, реагираат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на денешниот прес на СДСМ. Во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ со контраобвинување до  OO на СДСМ дека МАУЦКЕР го претвориле во огромна депонија. „За да се уверат во начинот на работа на ВМРО ДПМНЕ  слободно...

Continue reading

narodna

Наместо тунел во Скопје, да се изградат регионални депонии – ВМРО – НП

Post Views: 5 На Македонија не и треба тунел и панорамско тркало во престолнината и треба изградба на регонални депонии, велат од ВМРО – НП Охрид. Претседателот на народна Ванчо Костоски, смета дека 100 те милиони евра кои Владата ги предвидела за изградба на два километри тунел од центарот на Скопје до Железничка станица, дел од тие средства да ги пренаменат за изградба на регионални депонии. А наместо панорамскто тркало за кое Владата планира да потроши 18 милиони евра да се направат 25 претоварни станици, со кои според ВМРО – НП ќе се намалат трошоците, а ќе се зголеми профитот...

Continue reading

deponija

Струга сардисана од диви депонии

Post Views: 3 Граѓаните наместо да го носат градежниот шут на соодветната депонија, тие го излагаат кај што ќе стигнат. Инспекторите најавија засилени контроли. Во градот од  ден на ден се повеќе се влошува состојбата. Иако за оваа намена од неодамна има и општинска  депонија, сепак граѓаните не го носат инертниот шут до таму. Затоа, полесно им е цврстиот отпад да го растураар низ улиците по градот. Граѓаните признаваат оти одредени граѓани не совесно се однесуваат кон природата. Градежен шут непрекинато се депонира на фрекфентни места. Најмногу се загрозени; патот кон селото Калишта,...

Continue reading

mini deponii

Никнуваат нови мини депонии во Охрид

Post Views: 0 Охриѓани ги средуваат своите градини. Тоа може да се забележи и по депониите од зелен отпад кои никнуваат на секое ќоше во градов. Проблемот со несовесните граѓани кои постојано фрлаат ѓубре каде и да им се присака постои и никако да се надмине .  А рецептот за мини депонија е добро познат – доволно е една кеса ѓубре, дотраен мебел, па започнува да расте се додека некој од градските власти не ги забележи или некој не ги пријави. За жал се до моментот додека не се преземе нешто, поминува извесно време и не ретко од некоја мала депонија никнува голема, за која треба...

Continue reading

deponija

Дива депонија ја задушува Галичица

Post Views: 0 Дива депонија задушува дел од просторот на НП „Галичица“. Депонијата од смет, во и околу контејнерот на патот кон месноста Велестово претставува грда слика за посетителите на паркот, но и за мештаните. И не само тоа, расфрланото ѓубре го уништува зеленилото во тој дел и претставува собиралиште на кучиња, лисици и останати животни кои за да дојдат до храна го растргнуваат и влечкаат насекаде низ зелената површина на паркот. Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа, вели дека неодамна оствариле средба со претставниците на МЗ со цел да се запознаат со проблемите...

Continue reading

Daljan

Светна населбата Далјан

Post Views: 9 Жителите од населбата Далјан, вчера  покажаа висока еколошка свест. Во акцијатат за расчистување на потегот од поранешната стара зграда на морнарицата , плажата и училишниот двор се вклучиле 50 граѓани. Со заеднички  сили екологистите  го светнаа Далјан. На јавниот повик преку медиумите и социјалните мрежи се одѕвале  30 возрасни и 20 деца на возраст од 7 до 15 години. Во расчистувањето на натрупаниот смет на лоаклните депонии низ населбата им помогнале и 5-мина вработени од Комуналец. Биле исчистени и одвезени четири камиони со смет. Ова е втора акција во која жителите...

Continue reading

kanal

Локалната самоуправа подготвена за справување со евентуалните поплави

Post Views: 2 Евентуалната појава на поплави не би требало да ја изненади Општина Охрид. После обилните врнежи на снег, граѓаните стравуваат од повторување на сценариото од пред две години, кога токму поради тоа, голем број домаќинства останаа поплавени. Од Локалната уверуваат дека се подготвени за одржување на речните канали и на најкритичните точки. „Навистина се влошени временските прилики, но ние на одредените делови на каналите веќе интервениравме минатата година и пред минатата, па сметаме дека и покрај ваквите временски услови ќе нема последици“, вели Симон Илиески, портпарол...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top