Локалната самоуправа подготвена за справување со евентуалните поплави

Најкритичните точки, не би требало да претставуваат проблем бидејќи на нив е веќе интервенирано, уверуваат од локалната. Се чека само подобрување на временските прилики.

 |  Крсте Голабовски  | 
kanal
kanal

kanalЕвентуалната појава на поплави не би требало да ја изненади Општина Охрид. После обилните врнежи на снег, граѓаните стравуваат од повторување на сценариото од пред две години, кога токму поради тоа, голем број домаќинства останаа поплавени. Од Локалната уверуваат дека се подготвени за одржување на речните канали и на најкритичните точки.

„Навистина се влошени временските прилики, но ние на одредените делови на каналите веќе интервениравме минатата година и пред минатата, па сметаме дека и покрај ваквите временски услови ќе нема последици“, вели Симон Илиески, портпарол на Оптина Охрид.

Илиевски обајаснува дека според програмата за комуналенн развој издвоени се  средства и определени се локациите каде треба најбрзо да се интервенира, како реката Даљан, Коселска, реката Вапила, Летничка Река, поројот кај Рача, Скребатска Река, реката Черава и чистење на дивите депонии кои што се на овие места.

Sime Ilievski„Во текот на овој период со подобрувањето на временските услови, подготвени сме да интервенираме на најкритичните точки бидејќи веќе претходно на нив е интервенирано, а во тек е и тендерот кој наскоро ќе заврши па со подобрувањето на ЛС ќе си ги изврши задачите околу одржувањето на речните канали и спречувањето на опасностите од поплави“, додава Илиески.

Инаку, објаснува Илиески, ќе се пристапи и кон чистење на сите оние места кои претставуваат тесни грла на речните корита и мостовите, кадешто има големи наноси, како и локации по речните коирта кои се злоупотребуваат како диви депонии.Само за информација во поплавите од пред две години, оштетени беа 160 семејства.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top