Во Дебрца се чистат дивите депонии

Градоначалникот Зоран Ногачески информира дека се исчистени депониите во месноста „Селиште“, кај црквите Св. Василиј, Св. Јован и Св. Атанасија во село Белчишта.

 |   | 

Градоначалникот Зоран Ногачески информира дека се исчистени депониите во месноста „Селиште“, кај црквите Св. Василиј, Св. Јован и Св. Атанасија во село Белчишта.

На просторот дополнително ќе бидат поставени информативни табли. Во изминатите неколку години неколкупати извршивме чистење на дивата депонија на влезот на село Волино, непосредно до распределителната градба на реката Сатеска. По последното чистење пред 2 месеци фирмата Гарден Центар и Расадник Розенталис на своја сметка изврши заградување на исчистениот простор.

Деновиве, со помош на општинската механизација се изврши заградување на просторот со бетонски столбови и плетена мрежа. На просторот дополнително ќе бидат поставени информативни табли и видео надзор. Од Општина Дебрца со апел до граѓаните да се воздржат од депонирање отпад на несоодветни места. Против сите прекршители ќе бидат преземени со закон предвидени мерки и санкции, кажа градоначалникот Ногачески.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top