Ознака: двете

брод

(обновено)Бродска линија Охрид- Поградец

Post Views: 13 Денес се воспостави бродската линија Охрид- Поградец. Пред тргнувањето на бродот „Александрија 2“ со кој се реализира ова патување, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како и во настапот на подмладокот на КУД „Гердан“. На промотивното патување покрај многу видни луѓе од градов присуствуваа Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кои на пристаништето во Поградец беа пречекани од албанските колеги,...

Continue reading

pomosh

25 тони помош од Македонија за погодените од поплавите во Србија

Post Views: 2 Црвен крст Охрид, вчера 25.05.2014 година, согласно стандардите на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина, подготви и испрати уште еден шлепер со 25 тона помош за населението погодено од поплавите во Србија. Помошта се состоеше од најнеопходните производи за нив: вода, конзервирани и трајни прехрамбени производи, храна за бебиња, средства за хигиена, дезинфекциони средства, детска нова облека и чорапи. Помошта, која ја донираа хуманите охриѓани-поединци, голем број фирми и институции, општина Охрид и др., денес ќе биде предадена во собирните центри...

Continue reading

Охрид

Унеско ќе го штити Охридско-Преспанскиот биосферен резерват

Post Views: 0 Охридско-Преспанскиот биосферен резерват на прагот пред заштита на Унеско. Стручната комисија на Унеско упатила препорака до меѓународниот комитет од оваа организација да се прогласи Македонско- Албанскиот дел на ова подрачје за биосферен резерват, информира Дејан Паноски, од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро.Тој ги открива адутите со кои  двете соседни држави ја добиле оваа препорака. „ Главни прашања кои беа наведени во номинационата форма и адути беа статусот на Охрид и Охридското езерото како подрачја од културно и природно наследство. Вредностите...

Continue reading

azbestni ploci

Азбестни покриви над главите на нашите ученици

Post Views: 1   Децата сеуште учат под азбестни покриви. Речиси сите основни училишта во градов се покриени со азбестни плочи кои не се променети со децении. Знаејќи ги штетните последици од азбестот кој е радиоактивен материјал ова е податок кој сите сериозно треба да не загрижи. Во основното училиште „Григор Прличев“ директорката Силвија Мојсоска вели дека и двете згради се покриени со азбест. Постарата зграда е од 1959 год. И тогаш покривот бил направен со азбестни плочи. И после реконструкцијата која била направена во меѓувреме тие не биле отстранети. И новата зграда која е изградена...

Continue reading

henry dunant

Внуките на коосновачот на Црвениот крст ја посетија охридската организација на Црвениот крст

Post Views: 2 Општинската организација на Црвениот крст од Охрид денес беше посетена од висока делегација од Женева-Швајцарија. Асоцијацијата „Анри Динан“ веќе долги години соработува со организациите на Црвениот крст од земјава како и Друштвото „Анри Динан“ од Струга. „Предвидено е да се оствари една работна средба на која ќе се дискутира за нашите активности во насока на подигање на нивото на знаењата за идејата и за движењето на Црвениот крст, а се со цел тие знаења да се прошират и до најмалите и до сите оние места каде ние имаме целни групи. Црвениот крст многу вложува во ширењето...

Continue reading

nivo na ezero

Македонија и Албанија да се договорат за регулација на нивото на езерската вода

Post Views: 1 Намален водостојот на Охидскот Езеро. Нивото на езерото деновиве е на 17 сантиметри над дозволената кота. Според  Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат ваквата појава за овој период од годината била вообичаена. Но сепак Паноски смета дека нивото на езерото најмногу варира како последица на искористувањето на водите од сливот на Езерото за потребите  од електрична енергија на двете држави, Македонија и Албанија. „Секако дека во наредниот период ќе треба да внимаваме и на човековите активности бидејќи Охридското Езеро во најголем дел се третира за жал како акомулација...

Continue reading

logo

Уште еден меморандум за соработка за УИНТ „Св.Апостол Павле“

Post Views: 2 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Универзитетот за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле” Охрид потпишаa меморандум за соработка. Целта на меморандумот e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции. {loadposition content9}

Continue reading

sindikati

Македонија и Црна Гора разменуваат искуства околу законот за работни односи

Post Views: 3 Синдикатите на Македонија и Црна Гора ги разменија своите позитивните искуства во законодавството на двете земји, во делот на Законот за работни односи.  Темата на кој дебатираа претседателите на синдикатите на двете земји е „Социјален дијалог во рамки на проширување на земјите од регионот за интеграција во Европската унија“. Слободан Антовски од УНАСМ нагласи дека постојат многу аномалии околу вистинскиот социјален дијалог во земјава. Додава дека УНАСМ не учествува на седниците на Социјално економскиот совет, кој функционира од 2010 година и дека се многу критични кон...

Continue reading

Сибирската мистерија продолжува

Post Views: 1 Две нови дупки се појавија во Сибир по отворањето на џиновскиот кратер пред неполни две седмици на полуостровот Yamal. Едната е во истиот регион на северот од Русија, а другата на полуостровот Taymyr. Двете дупки ги воочиле сточари кои за малку ќе паднеле во нив, пишува Daily Mail. Изворната дупка ја воочил пилот на хеликоптер и веднаш го привлекло вниманието на јавноста. Сега истото го направија двете помали, но во форма исти и претставуваат нов предизвик за руските но и светските научници. “Теориите се движат од метеорити, залутани ракети, вештачки подметнувања и вонземјани”,...

Continue reading

pregled

Здравствени пунктови во селата на Охрид и Дебрца

Post Views: 0 Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата. Во изминатиов период, односно од почетокот на Јануари 2014, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општините Охрид и Дебрца. Здравствениот дом  организира вршење на примарна  здравствена дејност, согласно утврдена Програма, при што лекарски тимови ги посетуваат сите села во двете Општини. Медицинскиот тим врши лекарски прегледи, советувања и други видови здравствени услуги...

Continue reading

Проруските бунтовници ги предадоа црните кутии

Post Views: 3 Лидерот на проруските бунтовници, Александар Бородај, рано утрово по локално време, ги предал црните кутии од соборениот патнички авион  на малезиските експерти. Во таа прилика двете страни, во седиштето на самопрогласената Доњецка народна република во Доњецк, потпишале документ кој Бородај го нарекол “протокол со кој се финализира оваа процедура”, пренесува Reuters. Претставникот на малезискиот совет за национална безбедност, полковнкот Mohamed Sakri, на новинарите им рекол дека двете црни кутии се во “добра состојба”. Како што пренесува AFP, проруските сепаратисти...

Continue reading

niskogradba

Две нови мерки за наплата на сметки

Post Views: 0 ЈП НИСКОГРАДБА Охрид воведува две новини во начинот на наплата на сметки кои важат само за физичките лица. Почнувајќи од денес па се до крај на месец февруари граѓаните ќе можат својот заостанат долг кон ЈП да го плаќаат на рати. „Физичките лица кои што имаат неплатен долг му даваме можност за тој долг да склучиме договор тука во ЈП и долгот го плаќаат на 3, 6, 9 и 12 рати. Со што сакаме да потенцираме дека се трудиме она што го имаме како побарување да го наплатиме и му излегуваме во пресрет на граѓаните во Охрид. Втората услуга и таа се однесува на физичките лица....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top