Ознака: двете

Veligdenski turnir finale

Вис Пој конечно до трофејот на Велигденскиот турнир во мал фудбал

Post Views: 10 Големиот Велигденски турнир во мал фудбал го доби својот епилог. Во последниот натпревар од овој турнир се сретнаа екипите на Вис Пој и Бекче. Резултатски овој натпревар далеку од неизвесен. Со конечен скор од 6 спрема 1 екипата на Вис Пој ја совлада екипата на Бекче и во своето трето финале, конечно стигна до долго посакуваниот трофеј. Двете екипи групната фаза ја минаа со потполно ист успех. И двете екипи завршија на првата позиција во групата, со максимални 9 бода и со идентичен скор од 8 дадени и 5 примени гола. Во осминафиналето ги совладаа екипите на Сатеска...

Continue reading

slovenci

Бизниз денови во Струга

Post Views: 0 „Бизниз денови низ Р. Македонија“. Овој проект на Словенечко Македонскиот бизнис клуб, денес презентиран во Струга. Промовирање  на стопанствата од двете земји како и остварување на добра билатерална соработка е главна цел на средбите од ваков карактер вели извршниот директор на клубот Искра Јовановиќ. Таа истакна дека Словенија е најголемиот лобист на патот на Макеоднија кон Европската Унија. Јовановиќ додаде, дека бенефитот од соработката меѓу двете земји е тоа што, македонците учат како подобро да се работи и како побрзо да се оствари контакт за да може заедно со...

Continue reading

Во населбата Христо Узунов двете зелени оази за пресирање отпад претворени во депонии

Post Views: 2 Околу двете зелени оази во Христо Узунов наменети за пресирање на отпад секојдневно има огромни количини депониран градежен шут, но и разни делови од мебел. Граѓаните кои тука живеат реагираат на грдата слика поврзана со хигиената во населбата и околу контејнерите. „ Од цел град се носи и никога не го интересира да преземе некој мерки или нешто“, вели еден од жителите кој сакаше да зборува на оваа тема. Жителите од населбата ја избегнаа камерата на ТВМ за јавно да прозборат за овој сериозен комунален проблем, но зад објектовот на камерата бараат дислокација на прес контејнерите...

Continue reading

LAR Struga

Македонска и грчка младина заедно против бариерите

Post Views: 6 Уметност, индустрија, претприемништво, стопанство. Еве неколку поими кои имаат заедничко значење за Македонија и Грција. Но не на државно туку на општинско ниво. Младите од двете земји преку проектот „Контакти за заедничка иднина“ ќе ги рушат бариерите кои меѓу нас ги поставува политиката. Како дел од овој проект се одржале неколку подготвителни семинари во четири македонски и четири грчки градови во кои се споделиле искуства од најразлични области. А ова е заклучокот на претставниците од Грција. „Луѓето се многу отворени за соработка. Овој ѕид кој понекогаш го создаваат...

Continue reading

Која е улогата на религијата во една мултиетничка средина?

Post Views: 8 Која е улогата на религијата во една мултиетничка средина? Каква е нејзината улога во ситуација на испливување на судир во општествената сфера, односно како различните религиски групи ја користат својата моќ во разгорување на конфликтот, или пак допринесуваат, преку моќта што ја поседуваат, за спогодба, соработка и мирно решавање на конфликтот? За овие, а и за многу други прашања кои се наметнуваат помеѓу граѓаните во една мултиетничка средина како што е Струга, се расправаше на првата од двете дебати, предвидени во рамките на проектот „Различноста мост, а не бариера“. Проф....

Continue reading

Sorensen, Merko i Petreski

Евроамбасадорот Петер Соренсен, во работна посета на Струга

Post Views: 4 Денес, Петер Соренсен ја посети општина Струга. Тој оствари работна средба со градоначалниците на двете општини Охрид и Струга. Евроамбасадорот беше информиран за локалните проблеми на двата града, кои потекнуваат од лошата корелација со централната власт, вели Рамиз Мерко. Градоначалникот на Струга, исто така пред Соренсен, ги потенцира меѓуетничките односи, кои според него се на извонредно добро ниво. Мерко, го замоли евроамбасадорот да се заангажира и да помогне да се средат работите во образовниот процес во Струга, каде биле наталожени бројни проблеми. Александар...

Continue reading

prilepski teatar

63 години прилепски театар

Post Views: 9 Со вчерашната изведба на претставата „Сонот на Цепенко” во режија на Кирил Петрески, прилепскиот театар при ЦК „Марко Цепенков“ ќе одбележи 63 години од формирањето. Љубителите на театарот ќе уживаат во музичката кореодрама во режија на Кирил Петрески, со која се раскажува сонот на Цепенков, но и видувањата на режисерот на творештвото на Марко Цепенков.Во театарската хроника е забележано дека завесата во Театарот „Војдан Чернодрински“ се кренала на 18 февруари во 1950 година, со премиерата на „Кир Јања”, од Ј.С.Поповиќ, во режија на Ацо Михајлоски. – Досега се...

Continue reading

Vasilakis-Nimitz-Jolevski

Нова рунда разговори помеѓу Јолевски и Василакис

Post Views: 3 Посредникот на ОН во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц денеска и утре во Њујорк ќе одржи нова рунда разговори со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Службата за информирање на Обединетите нации соопшти дека посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција најнапред ќе води одделни разговори со Јолевски и со Василакис, а потоа ќе биде одржана и заедничка средба. Најавеното продолжување на разговорите во Њујорк следи неполн месец по посетата на Нимиц на Македонија и на Грција. Тој за време на посетата истакна...

Continue reading

Нови и силни модели на Samsung, S6 и S6 Edge

Post Views: 0 Откако минатогодишниот модел S5 испорача мал успех, па Note4 практично го превзеде приматот во фамилијата Samsung, сега корејскиот џин сепак одлучи да се посвети на својот најпотентен адут. “Ова се најдобрите мобилни телефони. Не само што имаат најбрз процесор, најдобри камери, туку е прв уред од ваков вид. Батеријата се полни како никоја друга. Ова е нешто најдобро што досега сме направиле”, порачал самоуверено шефот на Samsung Jong-Kyun Shin. Ништо помалку Samsung и не смееше да испорача ако има намера да се врати во острата трка со Apple кој на Корејците им избега...

Continue reading

Janosh Martonji

Јанош Мартоњи во посета на Македонија

Post Views: 0 Министерот за надворешни работи на Унгарија Јанош Мартоњи денес и утре престојува во посета на Република Македонија. Министерот Мартоњи за време на посетата ќе се сретне со својот колега, Никола Попоски.Според соопштението од МНР, двајцата министри се очекува да разменат мислења околу развојот на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, како и да биде пренесено очекувањето за поддршка од унгарска страна во наредниот период, во насока на интегрирањето на Република Македонија во евроатланските структури. За време на посетата на министерот Мартоњи е предвидено...

Continue reading

elekktrani

Струја за еден град

Post Views: 3 Петте електрани мали, но доволни да ги задоволат потребите за струја на еден град. „Белица 1“ е петтата електрана која денес и официјално беше пуштена во употреба, во присуство на претставници на Јавното приватно партнерство на МЈП „Проаква“ и „Фероинвест“. „Многу години се зборува за мали електрани, тие само го носат името, но во суштина тие воопшто не се мали ниту од аспект на производство на електрична енергија, ниту од аспект на инвестиција, изјави Проф. Кочо Алушев. Тој додава дека ова е прва реализација на проект во државава, кој е во рамките на стратегијата за...

Continue reading

Средба Нобл-Јанкуловска

Post Views: 8 Генералниот секретар на Интерпол, Роналд Кенет Нобл, е во работна посета на Македонија.Тој денеска ќе се сретне со Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и со директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски. Како што информираат од МВР, на средбите раководството на МВР и генералниот секретар  Кенет Нобл ќе разговараат на повеќе теми околу досегашната соработка меѓу двете институции.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top