Која е улогата на религијата во една мултиетничка средина?

Социолозите и етнолозите предупредуваат дека со затварањето во сопствените енклави, во сопствените етнички и религиски групи нема напредок во решавањето на овие проблеми.

 |  Голабовски Крсте  | 

Која е улогата на религијата во една мултиетничка средина? Каква е нејзината улога во ситуација на испливување на судир во општествената сфера, односно како различните религиски групи ја користат својата моќ во разгорување на конфликтот, или пак допринесуваат, преку моќта што ја поседуваат, за спогодба, соработка и мирно решавање на конфликтот? За овие, а и за многу други прашања кои се наметнуваат помеѓу граѓаните во една мултиетничка средина како што е Струга, се расправаше на првата од двете дебати, предвидени во рамките на проектот „Различноста мост, а не бариера“.

Проф. д-р Татјана Стојаноска од институот за социологија при филозовскиот факултет –Скопје, истакна дека „Со затварањето во сопствените енклави, во сопствените етнички и религиски групи нема да постигнеме прогрес  во денешни услови. Религискиот принцип се наметнува како еден од суштествените принципи. Тоа не е принцип кој треба да се прифати само декларативно. Скоро 90% од населението се припадници на двете доминантни религии.

Стојаноска посочи дека овие принципи се во суштина етички системи и кога имаме ерозија на вредностите  и криза на моралот, тие овозможуваат насока на човекот . Усвојувајќи ги како поединци принципите на почит, љубов, трпеливост,чесност, ќе бидеме подобри во нашата комуникација со другите и секој оној кој е различен од нас ќе можеме да го прифатиме и сфатиме и да се надградиме себе си со вредностите кои другиот ги поседува. Социологот Един Ајдерпашиќ, пак истакна дека Мултикултурализмот е културна политика која се води на локално и централно ниво, а дека Интеркултурата овозможува суштинска инклузија и дијалог помеѓу различните заедници. Токму тука треба да ја гледаме суштината на рамковниот договор – инклузија на различните заедници во јавниот и општестваениот живот со цел да се живее не едни до други туку едни со други, додаде тој. Ајдерпашиќ ја посочи и преискористеноста на терминот торлеранција.
На дебатата беа присутни и четриесеттина граѓани од  Општина Струга од сите етнички заедници. Сите едногласни дека овиее средби се многу корисни во тенденцијата да се воспостави дијалог помеѓу различните претставници и со заеднички заложби да се изнајдат механизми кои ќе ја доближат соработката и меѓуетничкиот дијалог. Јасминка Попоска извршен директор на Локалната Агенција за Развој Струга изјави дека Кога разликите на  локалните заеднициќе успееме да ги доживееме како предност дури тогаш ќе постигнеме единство,зголемување насвестаи почитување навредностите на”другите”култури.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top