Ознака: двете

greenje

Прекината наставата во струшкото ОУ „Јосип Броз Тито“, нема нафта за греење

Post Views: 0 Денес прекината наставата во ОУ „Јосип Броз Тито“. Учениците и нивните наставници останаа без греење. Нафта за греење нема од средата, но заради поволните временски услови децата доаѓале на училиште, но утрово, со падот на температурата децата не дојдоа в училиште. Претседателот на Советот на родители од ова уличиште Крсте Бунчески напоменува дека ситуацијата со набавка на нафта за греење е тешка. Според него е недозволиво во 21 век среде зима  децата да останат без греење. Смета дека 5те тони нафта кои училиштето досега ги добило за централното и двете подрачни училишта ...

Continue reading

ribari

Се затега обрачот на рибокрадците во Охридското езеро

Post Views: 4 Засилени мерки за сузбивање на рибокрадството во Охридското Езеро. Од денес за прв пат во историјата на рибарството ќе се прават заеднички контроли во Охридското Езеро и од албански и од македонска страна, со цел да се искорене рибокрадството. Тоа е во согласност со Законот за рибарство и аквакултура, а на терен ќе делуваат граничните полиции, како и инспекторатот од  Албанија и Македонија. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, нагласи дека со оперативните зафати што ќе ги преземат во периодов што следи рибокрадците од двете страни ќе ги...

Continue reading

sednica

На двете претсојни седници најбројни точките од урбанизмот

Post Views: 2 Утре  ќе се одржи дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид, а во четврток тринаесеттaта. Советниците нас 12-тата седница ќе дискутираат по предлог одлуки  за усвојување на бројни извештаи од повеќе области за периодот од 1 јули до 30 септември. Извештаите се однесуваат на  сообраќајот, туризмот,  системите за наводнување и пречистување на отпадни води.Ќе посветат внимание и на остварениот буџет во истиот период, аќе донесат и буџетски календар за 2014 година. Советниците ќе се произнесат и за формирање на Совет за заштита на потрошувачите и за Локален совет...

Continue reading

SEGA

Со заеднички искуства до поквалитетни ЕУ проекти

Post Views: 6 Невладини организации од Македонија и соседна Албанија заеднички ќе ги зајакнуваат капацитетите за изработување на проекти по стандардите на Европската унија. Овој проект е дел од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Зоран Илиевски од коалицијата на младински организации-СЕГА вели дека има се помалку капацитет кај институциите за подготвување на квалитетни предлог проекти, и токму тоа е мотив за работилниците кои тие ги организираат како дел од овој проект. „Овој проект се однесува суштински на давање на поддршка на невладините...

Continue reading

fotografii

„Ние припаѓаме тука“-убавините на прекуграничните региони заробени на фотографии

Post Views: 1 Отворена изложбата на фотографии „Ние припаѓаме тука“. Денес во изложбениот салон на центарот за култура „Григор Прличев“ беа претставени 160 фотографии од автори од Македонија и Грција, а како дел од проектот за прекугранична соработка помеѓу двете земји. Оваа изложба воедно има и натпреварувачки карактер. „Аматери, професионални фотографи беа поканети да испратат фотографии од прекуграничните области од нашата програма. Тоа се четири во Република Македонија, југоисточниот, вардарскиот, пелагонискиот и југозападниот плански регион. Преку 160 фотографии, избрани се најдобрите...

Continue reading

advokati

Француски искуства за приближување на македонското кон европското законодавство

Post Views: 0 Адвокатските комори на Република Македонија и градот Кан од Франција денес потпишаа договор за меѓусебна соработка. Потпишувањето на овој договор за македонските адвокати, и адвокатите од Кан ќе значи и можност за размена на искуства, во повеќе различни области од правото, вклучително и во областа на човековите права. Според претседателот на адвокатската комора на градот Кан, Робер Алери, овој договор претставува само рамка за сите идни активности чија содржина ќе се формира во зависност од желбите на адвокатите од двете земји. „Се разбира дека адвокатската комора од...

Continue reading

edrilicari

Успешен старт на 46та Балканијада во пловење на отворени води, Охрид 2013

Post Views: 0 Денес успешно стартуваше 46та Балканијада во пловидба на отворени води, Охрид 2013. Едриличари од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Турција и Бугарија денес запловија во водите на Охридското Eзеро во шесте поголеми класи, ласер стандард, ласер радиал, ласер 4.7, фин и рсх како и најбројната класа на едриличари, класата оптимист. „Се едри на две регатни полиња, поле А и поле Б. На полето А или Алфа кое се наоѓа над градското пристаниште, едрат поголемите класи, класа 470, класа ласер стандард, ласер радиал, класа 4.7 и класата фин. На полето Браво едри најбројната...

Continue reading

policajci

Заминуваат српските полицајци кои беа на должност во Охрид

Post Views: 1 Утре Охрид го напуштаат полициските службеници Драган  Лукиќ од Белград и Славиша Илиќ од Ниш кои еден месец беа на работна задача во градот. Овие двајца српски полицајци беа дел од проектот за меѓусебна соработка за размена на полициски службеници помеѓу македонската  и српската влада и Министерствата за внатрешни работи на двете земји. Искуството на српските полицајци  од едномесечниот ангажман заедно со македонските колеги  е позитивно. Тие раскажаа и за  средбите со нивни државјани кои се на летување во Охрид , а  кои не можеле да поверуваат дека нивни полицајци...

Continue reading

Ohridsko Ezero

Пронајдени момчињата кои се изгубија во Охридското Езеро

Post Views: 1 Припадниците на езерската полиција рано утрово во 04.10 минути живи и здрави ги пронајдоа двете момчиња кои синоќа околу 20.30 минути за исчезнати беа пријавени во полиција од страна на нивни другари. Акцијата која започна веднаш по пријавувањето  беше координирана со припадниците на капетанијата како и полициските службеници од Албанија, се извде во целото крајбрежје  од Охрид се до албанската страна. „ Двете момчиња се пронајдени во 04.10 минути на копно кај црквата св Богородица Заумска. Она што претходеше на добро координираната и изведена акција за пронаоѓање беше...

Continue reading

fiko

Фиќо од Италија, на грaдскиот плоштад во Охрид

Post Views: 11 Вистинска атракција на плоштадот Св. Климент беше олдтајмерот фиат фиќо, со кое од Падова, Италија допатува Џорџо Андриан. „Секогаш кога го возам фиќото се чуствувам среќен, го добив од татко ми и тоа е од голема важност за мене“ вели Андриан. „Тешко е да се објасно љубовта кон ова фиќо ова е старо од 1964 година сопственост на мојот татко кој исто така ме научи да го возма ова фиќо“. Предизвикот пак, италијанецот Џорџо Андриан да  дојде во Охрид е тоа што не може да одолее на убавините на нашиот град. Тој вели дека нашето место е прекрасно и порача жителите од двете...

Continue reading

Tockov i Marina

Црвениот крст и Универзитетот „Св.Апостол Павле“ со поинтензивна соработка

Post Views: 1 Со потпишувањето на денешниот формален меморандум за соработка, Црвениот крст од Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии најавија уште поинтензивна соработка. Претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, вели дека овој меморандум и идната соработка ќе биде само надоградување на веќе добро воспоставените и реализирани програми помеѓу двете институции. Точков напомена дека бенефитите се обострани. „Се надевам и ве повикувам и медиумите како и досега да ги следите нашите активности како и заедничките активности со Универзитетот за информатички науки и технологии...

Continue reading

egipkani

Нова невладина на египќаните

Post Views: 8   Бесплатни економско – правни совети за сите египќани на општина Охрид. Тоа го понуди НВО „Форца Египќани“, која е новоформирана организација и од денес започна со своите активности. Кон нив се приклучи и НВО „Светла иднина 2009“. Двете НВО, потпишаа меморандум за соработка. Претседателот на НВО „Форца Египќани“, Петрит Хусеин, накратко појасна кои ќе бидат нивните заложби. „Соработката се заснова за заеднички напаори за остварување на уставно загарантираните права и салободи на египќаните, двете страни се согласуваат за заеднички настап за проекти и т н“-нагласи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top