Унеско ќе го штити Охридско-Преспанскиот биосферен резерват

Унеско ќе  го штити Охридско-Преспанскиот биосферен резерват.

 |  Валентина Неловска  | 
Охрид
Охрид

Охридско-Преспанскиот биосферен резерват на прагот пред заштита на Унеско. Стручната комисија на Унеско упатила препорака до меѓународниот комитет од оваа организација да се прогласи Македонско- Албанскиот дел на ова подрачје за биосферен резерват, информира Дејан Паноски, од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро.Тој ги открива адутите со кои  двете соседни држави ја добиле оваа препорака.
Галичица
„ Главни прашања кои беа наведени во номинационата форма и адути беа статусот на Охрид и Охридското езерото како подрачја од културно и природно наследство. Вредностите на НП „Галичица“ и Преспа, на резерватот Езерани. Позитивно влијание имаа и активностите поврзани со менаџирањето  на реката Дрим. Се како природна вредност и како институционална поставеност беше позитивен момент за стручната комисија на Унеско да препорача и да ги одобри Охрид-Преспа за заштитен биосферен резерват“, вели Паноски.    

Паноски укажува дека во светот сличните  заштитени резервати најчесто се користат во цели за туристички  промоции. Паноски препорачува Охрид тоа умешно да го искористи. Појаснува дека на номинацијата испратена до Унеско  се работело подолго време. Сега  Македонија и Албанија заедно ќе  менаџираат со резерватот.

езеро
„ Заедничкото менаџирање подрабира заеднички активности од двете страни за заштита и промоција на регионот. Што е најважно на територијата на биосферниот резерват е збир на сите заштитени подрачја кои веќе постојат во зоните за активно или одржливо управување. Тоа  значи нема  рефлектирање на евентуални забрани или интервенции во биосферниот резерват“, кажува Паноски.

Јужниот сосед иако ги потпишал сите документи за номинација на Охридско – Преспанскиот регион  да биде ставен под заштита на Унеско, засега не е дел од   биосферниот резерват.  Вратата за приклучување кон Макеоднија и Албанија е отворена доколку  Грција се премисли, посочува Паноски. Охридско – Преспанскиот биосферен резерват официјално  ќе биде прогласен и ставне под заштита на  Унеско во  јуни во Шведска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top