Две нови мерки за наплата на сметки

Од ЈП НИСКОГРАДБА-Охрид доаѓаат нови мерки за наплата на заостанат долг кој исклучиво важи за физичките лица. Плаќање на 3, 6, 9 и 12 рати, како и ослободување од наплата за чистење на запушена канализација од објектот во кој живеат до главната приклучна шахта.

 |  Николоска Биљана  | 
niskogradba
нискоградба

donevЈП НИСКОГРАДБА Охрид воведува две новини во начинот на наплата на сметки кои важат само за физичките лица. Почнувајќи од денес па се до крај на месец февруари граѓаните ќе можат својот заостанат долг кон ЈП да го плаќаат на рати.

„Физичките лица кои што имаат неплатен долг му даваме можност за тој долг да склучиме договор тука во ЈП и долгот го плаќаат на 3, 6, 9 и 12 рати. Со што сакаме да потенцираме дека се трудиме она што го имаме како побарување да го наплатиме и му излегуваме во пресрет на граѓаните во Охрид. Втората услуга и таа се однесува на физичките лица. Оние кои што редовно ја плаќаат сметката на ЈП услугата за отпушување на канализацијата од нивните домови до главната шахта ќе биде бесплатна“– потенцира Донев.

niskogradbaПрвиот човек на претпријатието Сашо Донев, верува дека со воведувањето на двете новини ЈП ќе го зголеми процентот на наплата што ќе допринесе за подобрување на финансиска состојба.

„Целта е да сепак ова е ЈП не е приватна фирма е најдеме начини да му помогнеме на граѓаните а тие нас да ни помогнат, бидејќи знаеме каква е состојбата на ЈП а не очекуваат проекти и инвестиции во механизација и реализирање на проекти од Локалната Самоуправа така да во идниот период ќе работиме на тоа ова ЈП да го приближиме до граѓаните и му доловиме кое е всушност значењето на истото“.

Граѓаните за новите мерки ќе бидат информирани и со флаери, кои ќе ги добијат со последната сметка која ќе им биде доставена од  понеделник. Директорот очекува  двете нови услуги одлично да бидат прифатени од страна на корисниците, бидејќи со редовно плаќање добиваат и бесплатно чистење на запушена канализација за која пак услуга ЈП досега наплатуваше од 1500 денари нагоре.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top