Македонија и Црна Гора разменуваат искуства околу законот за работни односи

Македонија и Црна Гора разменуваат искуства околу законот за работни односи, со цел да се унапреди социјалниот дијалог на двете страни. На тема „Социјален дијалог во рамки на проширување на земјите од регионот за интеграција во Европската унија“ УНАСМ и синдикатот на Црна Гора два дена дебатираат во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
sindikati
синдикати

sindikatiСиндикатите на Македонија и Црна Гора ги разменија своите позитивните искуства во законодавството на двете земји, во делот на Законот за работни односи.  Темата на кој дебатираа претседателите на синдикатите на двете земји е „Социјален дијалог во рамки на проширување на земјите од регионот за интеграција во Европската унија“. Слободан Антовски од УНАСМ нагласи дека постојат многу аномалии околу вистинскиот социјален дијалог во земјава. Додава дека УНАСМ не учествува на седниците на Социјално економскиот совет, кој функционира од 2010 година и дека се многу критични кон нивните одлуки.

„Ние се обидуваме и преку семинариве да укажиме на состојбите околу социјалниот дијалог кој е еден од важните модели за добробит на работниците и позитивните закони. Јас се надевам дека Владата како коректор на сите состојби во Р. Македонија ќе има слух да го слушне и нашето мислење, бидејќи и УНАСМ  ќе земе свое учество во расправиите кои што се однесуваат на социјалниот модел во Р. Македонија“.

sindikatiСоцијалниот дијалог не е на завидно ниво ниту во Р. Црна Гора, истакна Славица Јелковиќ, претседателката на одборот за родова рамноправност на Сојузот на синдикати од оваа земја. Таа нагласи дека Црна Гора последнава година работи на усогласување на своето работно законодавството, со она на ЕУ, но факт е дека тоа законодавство немало примена. Таа смета дека во иднина и двете земји Македонија и Црна Гора треба да работат на имплементација на законодавството. Исто така Јелковиќ признава дека имаат проблем и во слободата на синдикалното организирање.

„Имаме огромен број на вработени кои се надвор од синдикатот, имајќи го во предвид фактот што последниве 20 години, низ 2-3 вида приватизација и низ транзиција во Црна Гора буквално производството исчезна и воглавно вработените од тие сектори преминаа во услужни дејности. Главно тоа е дејност каде 85% се жени вработени,  работодавачите не им дозволуваат синдикално организирање а тие се оние кои најчесто се дискриминирани по секоја основа“.

Од УНАСМ информираат дека во иднина ќе прават напори да влезат како учесници во Социјално – економскиот Совет како би можеле да делуваат во промената на многу колективни договори кои што се донесени досега, посебно во однос на платите и минималните плати.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top