Ознака: градов

Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Post Views: 0 Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски. Покрај нашите редовни крводарители има и неколку кои се од други градови, а кои престојуваат во нашиов град. Тоа посебно не радува бидејќи е показател дека хуманоста се носи секаде со себе и може да се покаже и на друго место не само во градот во кој живееш, вели Васко Ѓоргиески, волонтер во Клуб 25 и ЦК Охрид. На...

Continue reading

Започна проектот за изградба на детски игралишта во градов

Post Views: 5 Започна проектот за изградба на детски игралишта на територијата на општина Охрид. Во тек е изградбата на детско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски“. Просторот за таа намена е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити. Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога.Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид. Идејата за изградба на вакви повеќенаменски игралишта е на градоначалникот Никола Бакрачески и неговите средби со жителите на Урбаните заедници...

Continue reading

Поставувањето на новите билборди низ градов предизвика проблеми

Post Views: 1   На Булевар Туристичка, наспроти Охридска банка се подготвува локација за поставување нов билборд. Сопствениците на дуќаните и оние кои имаат простор под наем во стаклената зграда карши банката реагираат дека локалцијата на билбордот воопшто не е соодветна. Тој ќе го затскрива просторот и рекламите на дуќаните кои се наоѓаат во приземјето. Ние редовно плаќаме даноци кон локалната за тие дуќани и мислам дека не е коректно да поставува билборди на места кои не се соодветни, реагираат граѓаните. Тие додаваат и на тоа дека новиот билборд ќе пречи и во безбедноста на сообраќајот...

Continue reading

Во основните и средните училишта во градов недостасуваат дефектолози и логопеди

Post Views: 8 Во основните и средните училишта во градов недостасуваат дефектолози и логопеди. За жал потребата од ваков кадар се повеќе расте бидејќи расте и бројот на деца кои имаат проблем во психичкиот развој или пак имаат некаква говорна мана. Директорите велат дека постојано бараат од Локалната и од министерствата да се примат вакви лица кои ќе можат на децата да им пружат соодветно внимание а со тоа ќе имаат и подобри резултати во образованието. Во ОУ „Христо Узунов“ неодамна добиле дефектолог што во голема мера ја олеснило работата со децата кои имаат пречки во развојот, но...

Continue reading

Започна екстерното тестирање во основните и средните училишта во градов

Post Views: 3 За основците и средношколците од денес започна екстерната проверка на знаењето. Го полагаа првиот предмет од екстерното, за кој беа известени три дена пред полагањето. Од основните училишта во градов велат дека се навреме започнало и дека немало некакви поголеми технички проблеми. Во Оу „Христо Узунов“ денес биле тестирани околу 395 ученици во четири групи. Можам да кажам дека оваа година бевме поподготвени  во техничка смисла. И списоците кој  ученик по кој предмет ќе биде тестиран и во кои денови беа навреме извадени така што првиот ден протече без никакви проблеми,...

Continue reading

На повеќе улици во градов има ударни дупки, се жалат возачите

Post Views: 3   На повеќе улици во градов има ударни дупки, се жалат возачите. Тие реагираат велејќи дека покрај што ги оштетуваат своите возила се изложуваат на опасност, а ја загрозуваат безбедноста и на пешаците. Бараат од Локлната што побргу да ги санира. Од страна на надлежните служби при секторот за комунален развој сообраќај и патишта детектирани се овие ударни дупки и нивната санација е ставена во планот за работа за тековната 2016та год. Овој проект треба да се реализира во рамките на јавните набавки кои се во тек, а се однесуваат на санација на улиците во градов, изјави...

Continue reading

УНАСМ заедно со невладините од градов ќе работи на унапредување на работничките права

Post Views: 1 Унијата на независни автономни синдикати заедно со невладините организации од градов ќе работи на унапредување на работничките права. Денес беше потпишан меморандум за соработка со две невладини организации кои се претставници на етничките заедници на еѓипјаните и ромите од Охрид, а тоа се „Коалицијата на еѓипјани“ и „Подобар живот“. „На овој начин само работиме во насока на унапредување и заштита на уставно загарантираните на граѓаните на Република Македонија, со посебен акцент на еѓипјаните, како ранлив етникум во Република Македонија и во таа насока ние ќе ги продолжиме...

Continue reading

Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов

Post Views: 1 Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов како истите би можеле да се одржат во добра финансиска кондиција. Во еден париод може да се видат вработени од ЈП „Гробишта“ како ставаат бекатон плочки по градов, после некое време тоа го прават вработените во ЈП „Нискоградба“, а на истата таа задача можат да се затекнат и работници од ЈП „Пазар“. Малку збунувачки како претпријатија чија основна дејност е сосема различна се занимаваат со иста работа. Но, градоначалникот Никола Бакрачески објасни дека овој нов принцип е воведен со цел обезбедување...

Continue reading

asocijacija na sportovi

„Спорт за сите-сите за спорт“ ќе ја заживува спортската култура во градов

Post Views: 0 „Спорт за сите-сите за спорт“- ова е името под кое пет охридски спортски клубови се обединија како би работеле на заживување и подигнување на спортската култура во градов. Подигнување на свеста за практикување на спорт и здрави спортски навики, развој и промоција на спортот во градов и земјава, развој на меѓуградската и меѓународната спортска соработка, промоција на идејата за олимпизмот, образовната и воспитната функција на спортот. Ова се само дел од целите на чија реализација Асоцијацијата на спортови од Охрид ќе работи во наредниов период. Велат дека нивните врати...

Continue reading

recni korita

Речните корита во градов чисти, се работи на расчистување и на околните

Post Views: 5 Неколкудневните временски прогнози во кои се најавуваат пообилни врнежи од дожд во нашата земја резултираа со ново предупредување од страна на Министерството за транспорт и врски до сите локални самоуправи и надлежните служби за преземање мерки за спречување на евентуални поплави. Според ова последно предупредување, се очекуваат врнежи од околу 30ина литри на метар квадратен. Ваквите предупредувања засега реалност се само за општините од централна и југоистична Македонија, но иако во нашиот југозападен регион не се очекуваат пообилни врнежи од дожд, предупредувањата...

Continue reading

cist ohrid

Чист Охрид со мисија да ја подигне јавната свест за чистотата во градов

Post Views: 3 Да се подигне свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина, што влијае и врз здравјето на луѓето. Ова е целта која пред себе си ја зацртале неуморните активисти на иницијативата „Чист Охрид“. После пет организирани акции во кои несебично чистеа отпад на локации во Воска, населбата Христо Узунов, околу музичкото училиште и градската болница, тие не покажуваат знаци на замор. Иако велат дека досега имале можност да видат многу отпад. „Најплодно би рекол дека беше чистењето на плажите во Воска, имаше секаков вид ѓубре, како тракторски гуми, чадори, столици пластични,...

Continue reading

Каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов

Post Views: 1 Се чекаат завршните сметки за да се види каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов. Граѓаните прашуваат во каква кондиција се наоѓаат, дали работат рентабилно, дали имаат загуба во работењето, но од Локалната самоуправа сеуште немаат комплетни податоци за тоа. Велат дека  се обработуваат бројките со кои јавните претпријатија ќе излезат пред граѓаните и ќе дадат отчет. Ние знаеме дека најтешка е ситуацијата во МЈП “Проаква“, па потоа во ЈП „Комуналец“, а најповолна е во ЈП “Нискоградба“, „Градски гробишта“ и „Градски пазар“, но  конкретни податоци сеуште немаме....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top