Ознака: градов

Интересот за рекреативно играње баскет во градов е многу голем

Post Views: 1 ЈП СРЦ Билјанини извори ќе ги проширува спортските терени. Наскоро ќе се уредуваат површини за спортување на две спортски дисциплини како што се кошарката и фудбалот. Едниот терен ќе биде непосредно до затворениот пливачки базен кој е во тек на изградба. Кај Агенцијата за млади и спорт наидовме на позитивен одговор. Потребно е да се формира Владата за да се потпише договор, а ќе почне да се гради паралелно со базенот. Кога ќе биде готов базенот ќе биде готов и тој терен, вели Гордана Јованоска, директорот на ЈП СРЦ Билјанини извори. „Ние побаравме од Агенцијата за млади...

Continue reading

Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа

Post Views: 14 Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа. За да можат граѓаните да се снабдат со основните животни производи, тие вложуваат максимални напори, па вработените во прехрамбената трговија се на своите работни места и за време на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19. Маркетите МИСА работат со намален персонал поради препораките на Владата оние кои што се самохрани мајки, имаат деца под 10 год. или се хронично болни да се ослободени од работните обврски. Од 170 вработени, сега работат 145. Но, тоа не значи дека не се на ниво на задачата. Вработените...

Continue reading

Локалната размислува за фузирање на јавните претпријатија во градов

Post Views: 7 Ќе се намали бројот на јавните претпријатија во градов. Градоначалникот Константин Георгиески најави фузирање на постоечките се со цел рационализација и намалување на трошоците на истите. „Градски пазар“ повторно ќе биде дел од ЈП „Охридски комуналец“, „Нискоградба“ ќе биде заедно со „Водовод“, а ќе се формира едно ново јавно претпријатие за градски паркинг, зимско одржување на улиците и за пајак служба. Проблем ќе се само спортските објекти кои сега се заедно со градскиот паркинг, но со завршувањето на градскиот базен сето тоа ќе се вклопи во една работна единица како...

Continue reading

НАЈГОЛЕМОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ГРАДОВ, ОУ„ХРИСТО УЗУНОВ“ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ПОКРИВ

Post Views: 1 Започнаа работни активности за промена на покривната конструкција во ОУ „Христо Узунов“. За оваа намена во Годишната програма за образование на Општина Охрид се предвидени 4.109.512 денари. Во рамки на планираните активности, постоечките азбестни табли, со кои беше пoкриено училишто ќе бидат заменети со 3.348 метри квадратни лимен покривач. Исто така во тек е и промена на покривната конструкција на училишниот објект на ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца и промена на покривната конструкција на подрачниот училишен објекти на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото...

Continue reading

Основните училишта во градов немаат обезбедување

Post Views: 12 Основните училишта во градов немаат обезбедување. Овие образовни установи многу често се цел на хулигански испади, разбојништва и тепачки. Директорите на сите училишта се едногласни дека неопходно им е физичко обезбедување и тоа 24 часа во текот на целата година. Оливија Пирузева, првиот човек на ОУ „Христо Узунов“ вели дека години наназад прават напори да го обезбедатучилиштето. За да ангажираат приватна агенција мора да реши советот на родители, но тие како да немаат многу слух за овој проблем. Интересот станува индивидуален кога некое од децата ќе се соочи со проблем...

Continue reading

Повторно труење на кучиња во стариот дел на градов

Post Views: 7 Викендов повторно труење на кучиња во стариот дел на градов. Од расфрланиот отров настрада едно домашно милениче и едно бездомно куче. ЗА среќа со брза интервенција на активистите за заштита на животните и ветеринар беа спасени. Оваа појава во Варош е толку зачесетена што мештаните стравуваат да ги шетаат своите миленичиња. Крајно изреволтирани велат инспекторите конечно да преземат некакви мерки. Труењето на бездомните кучиња колку што е опасно за самите кучиња опасно е и за човекот и околината. Она што е алармантно е што институциите не ја сфаќаат сериозно оваа проблематика....

Continue reading

Нови седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов

Post Views: 4 Новите седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов беа каменот на сопнување на денешната седница на совет. Советниците од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека нема никаква оправданост за ваквиот чекор на Локалната земајќи го во предвид фактот дека јавните претпријатија работат на работ на рентабилноста. Според Кирил Пецаков, координаторот на опозиционата советничка група ова е чисто политички потег и тоа сега непосредно пред локалните избори кои треба да се одржат во април. Тоа е еден вид на заложништво и уценување на сите оние кои ќе имаат желба да конкурираат на...

Continue reading

Градов интензивно се подготвува за големиот христијански празник Богојавление-Водици

Post Views: 3 Подготовките за големиот христијански празник Богојавление-Водици се при крај. Спасувачките екипи од Црвен крст Охрид и годинава ќе бидат на ниво на задачата, а ќе бидат ангажирани и нуркачите од клубот Амфора, како и екипи од итната медицинска помош. Тие ќе се грижат за безбедноста на капачите, но и на сите посетители кои ќе дојдат да го проследат овој настан. Најчест проблем предизвикува разликата во температурата на водата и воздухот, но оваа година според предвидувањата на метеоролозите параметрите на температурата на водата и воздухот на денот на Богојавление ќе...

Continue reading

Ваулт, нова урбана приказна во градов

Post Views: 5 Ваулт, нова урбана приказна во градов. Денес се отвори угостителски објект на улицата „Македонски просветители“ кој нуди концепт на кафе бар каде ќе се служат најквалитетни кафиња од брендот Илли. Професионални баристи со додавање на сирупи и со користење на други методи ќе понудат широка палета на кафе и пијалоци од кафе. Гостите ќе можат да пробаат повеќе од 20 видови. Тоа ќе биде вистинско уживање за сите љубители на овој напиток. Јас лично го препорачувам најквалитетното еспресо, но имаме и капучино со крем од ванила и други кафиња кои ќе ги освојат гостите, вели...

Continue reading

Црвениот двокатен автобус повторно ќе го гледаме низ градов

Post Views: 10 Црвениот двокатен автобус повторно ќе го гледаме низ градов. Од наредниов месец тој ќе биде ставен во функција. Панорамскиот автобус веќе една година не беше во возна состојба поради хулиганското однесување на несовесни граѓани кои целосно го демолираа. Минатата година кога автобусот го извадивме во месец мај несовесни граѓани, посетители на клубот СЏ кој се наоѓа во рамките на СРЦ Билјанини извори го искрши со бекатон плочки и целосно го демолира, објаснува директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Директорката на „Билјанини извори“ објаснува дека автобусот...

Continue reading

fudbaleri

Се поголем број на спортски школи се отвораат во Охрид

Post Views: 22 Охрид полека прераснува во еден од најспортските градови во земјава. Се чини дека долгиот зимски сон конечно завршува, а се случуваат се повеќе спортски активности. Веќе може да се рече дека градов дури изобилува со спортски школи, дали од фудбалот, дали од кошарката, ракометот или било кој друг спорт. Еден од последните вакви проекти и секако најсвежиот е фудбалската школа ПРЕМИЕР која официјално се претстави и на летниот фудбалски турнир за деца кој започна вчера. „За малите деца ова е еден голем плус. За секоја школа, безразлика во која фаза се наоѓаат, ние како...

Continue reading

Во градов нема водостопански инспектор

Post Views: 0 Во општина Охрид нема водостопански инспектор. Ова е една од причините што многу објекти што се изградени или се градат во крајбрежниот појас го прекршуваат Законот за животна средина. Речиси веќе и никаде да не се почитува правилото објектот да е оддалечен барем 50 метри од бреговата линија, вели Ѓоко Зороски, консултант за животна средина. Под итно треба да се назначи еден инспектор кој ќе контролира се она што е во доменот на водите на подрачјето на Охрид и Струга и целото сливно подрачје што е опфатено во овај регион и тоагаш може да ги контролира сите нелегални...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top