Во градов нема водостопански инспектор

Во градов нема водостопански инспектор, недостасуваат локални инспектори за животна средина, а нама ниту инспектор за природа. Поради тоа граѓаните без многу размислување го прекршуваат Законот за животна средина, а нема кој да ги санкционира. Експертите велат дека мора да се зголеми кадровскиот потенцијал, ако сакаме да направиме ред во градов во делот на заштитата на природата.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во општина Охрид нема водостопански инспектор. Ова е една од причините што многу објекти што се изградени или се градат во крајбрежниот појас го прекршуваат Законот за животна средина. Речиси веќе и никаде да не се почитува правилото објектот да е оддалечен барем 50 метри од бреговата линија, вели Ѓоко Зороски, консултант за животна средина.

Под итно треба да се назначи еден инспектор кој ќе контролира се она што е во доменот на водите на подрачјето на Охрид и Струга и целото сливно подрачје што е опфатено во овај регион и тоагаш може да ги контролира сите нелегални градби, вели Зороски.

Зороски објаснува дека при изградба на објект во крајбрежниот појас мора инвеститорот да има водостопанска согласност, да се имаат сите дозволи за градба и се да е направено по сите еколошки стандарди. Проблемот во нашата општина е што има само еден државен и еден локален инспектор по животна средина што е премалку за овој регион, па потребно е да има барем уште двајца за да се покрие целата општина. А нема ниту инспектор за природа.

Доколку има инспекција тогаш ќе има и зголемување на свеста на населението. Доколку има повеќе контроли на терен ќе има и повеќе казни и поуки па нема да си дозволат да градат нелегално, вели Зороски.

Охридскиот регион бара посебен инспекциски надзор бидејќи е заштитен под УНЕСКО и стандардите за одржлива животна средина се уште повисоки, а и поради тоа што е туристички центар па на лето има многу повеќе работа отколку во другите градови. Зороски вели дека мора да се зголеми кадровскиот потенцијал, ако сакаме да направиме ред во градов во делот на заштитата на природата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top