Ваулт, нова урбана приказна во градов

Нова урбана приказна во градов. Денес се отвори угостителскиот објект Ваулт кој нуди концепт на кафе бар каде ќе се служат најквалитетни кафиња. Кафе барот пред се е наменет за бизнис класа која ќе го посетува на кратко, ќе може да доручкува и да го испие своето утринско кафе.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ваулт, нова урбана приказна во градов. Денес се отвори угостителски објект на улицата „Македонски просветители“ кој нуди концепт на кафе бар каде ќе се служат најквалитетни кафиња од брендот Илли. Професионални баристи со додавање на сирупи и со користење на други методи ќе понудат широка палета на кафе и пијалоци од кафе.

Гостите ќе можат да пробаат повеќе од 20 видови. Тоа ќе биде вистинско уживање за сите љубители на овој напиток. Јас лично го препорачувам најквалитетното еспресо, но имаме и капучино со крем од ванила и други кафиња кои ќе ги освојат гостите, вели Стојче Тодороски- менаџер на кафе бар Ваулт.

Во кафе бар Ваулт имаат ангажирано слаткар кој има свое мени во кое ги промовира своите слатки специјалитети направени по сопствени рецепти. Покрај слатки се нудат алкохолни и безалкохолни пијалоци, а има и квалитетна храна која е приготвена од локални производи, а подготвуваат и сопствен леб. Новитет е тоа што ќе се нудат и најразлични видови на супи како што е од брокула со плаво сирење, од леќа и други крем супи. Кафе барот пред се е наменет за бизнис класа која ќе го посетува на кратко, ќе може да доручкува и да го испие своето утринско кафе.

Концептот на храна затоа ни е така прилагоден, да биди брзо за подготовка и за служење за да можиме да ги задоволиме клиентите кои се со ограничено слободно време односно дошле во нашиот кафе бар на пауза од наработа, Тодороски.

 Цените се прифатливи и прилагодени за овај пазар. На прмер едно еспресо чини 50ден. Овој бренд планирано е да се прошири и низ други градови во Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top