Ознака: градов

Општинскиот пазарен инспекторат ги чешлаше вилите во градов

Post Views: 5 Општинскиот пазарен инспекторат во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат и со туристичките инспектори од Локланата самоуправа, ги чешлаа вилите во градов. Проверуваа дали во согласност со нивната категоризацијата поседуваат решение за работа. Контролирани биле преку 60 субјекти на територијата на Општина Охрид и тоа во Велестово во Коњско и Рача. Оваа акција била на иницијатива на ХОТАМ бидејќи ваквите приватни субјекти кои го прекршуваат законот преставуваат нелојална конкуренција за хотелите. Тие сите поседуваат решение за категоризација меѓутоа на лице...

Continue reading

Низ градов насекаде се веат државни знамиња

Post Views: 62 Веќе неколку дена низ градов на повеќе локации се вее македонското знаме. Граѓаните прашуваат по кој повод се поставени знамињата и тоа на локации кои општината ги има одредено за поставување на овај симбол кога се празници, кога е ден на жалост или пак имаме посета на градов од страна на некоја делегација. Знамиња има кај кружните текови кај Охридска банка и кај гимназијата, а се веат и на градскиот плоштад. Истакнувањето на знамето на РМ не го одредува општина Охрид. Таа само ги истакнува местата каде може да се постави знамето. Други државни органи или институции...

Continue reading

Оваа зима врие од глувци во градов

Post Views: 2 И по извршената дератизација од страна на екипи од Центарот за јавно здравје граѓаните од стариот дел на градот и од населбата Бараки „Гоце Делчев“се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред четири месеци со дератизација беа опфатени 3000 шахти во охридскиот регион, но глодарите и понатаму ги има во голем број и тоа во населени објекти и подруми. Тоа пред се се должи на лошите временски услови поради што глувците бараат засолниште, објаснува Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Охрид. Ако е потребно ние ќе извршиме и...

Continue reading

Неподнослива миризба на нафта се шири низ делови во градов

Post Views: 0 Жителите од улицата „Партизанска“, „Димитар Влахов“, дел од „Туристичка“ кај трговскиот центар од „Гранит“ се жалат дека веќе речиси една недела од канализацијата се чувствува неподнослива миризба на нафта. Велат дека миризбата е толку интензивна што не се седи во домовите или во дуќаните кои се наоѓаат во овој дел од градот. Некои се жалат и на јаки главоболки поради јаката миризба. За ваквата појава биле известени надлежните во ЈП „Нискоградба“ како и Општинскиот инспекторат. Екипи од јавното претпријатие и комунален инспектор излегле на терен и после долго истражување...

Continue reading

Паднаа уште пет дрва во градов

Post Views: 4 Паднаа уште пет дрва во градов. Исечени се стеблата на дрвата кои се наоѓаа во близина на Охридска банка и ЕВН. Граѓаните изреволтирани од уништувањето на зеленилото во градов велат дека од една страна се прават некакви акции за пошумување и садење дрва, а од друга страна повеќегодишни стебла се сечат без мерка. Од Локланата самоуправа објаснуваат дека уште пред неколку години се барало одобрение за сечење на дрвата на ова место. Барањето го доставиле од ЕВН и се однесува само на три стебла со образложение дека се стари и преставуваат опасност за минувачите и за просториите...

Continue reading

При пообилни врнежи од дожд сеуште некои улици во градов се поплавуваат

Post Views: 0 Граѓаните од одредени улици во градов се жалат дека при пообилни врнежи од дожд редовно се поплавуваат. Улиците пливаат во вода, а не ретко таа навлегува и во нивните подруми. Такви критични точки има на улицата „Никола Карев“ на „Сирма војвода“, кај Тинекс маркет, во населба Даљан и на улицата „Цар Самоил“. Од ЈП „Нискоградба“ велат дека го имаат лоцирано проблемот и дека работат на негово решавање. Уште со завршување на летната сезона започнале со чистење на шахтите и сливниците во градов.  Одржувањето на мрежата и цевководите е обврска на ЈП „Нискоградба“, но другиот...

Continue reading

Лицата со оштетен вид многу тешко се снаоѓаат во институциите во градов

Post Views: 0 Лицата со оштетен вид или оние кои целосно го изгубиле видот многу тешко се снаоѓаат во институциите во градов како и во здравствените установи. Доколку со нив немаат некое лице да ги придружува тие не можат да ја завршат својата работа. Во решавањето на овие нивни секојдневни проблеми им излегува во пресрет Здружението на слепи лица од Охрид. На младите лица најмногу им помага околу образованието и вработувањето, а на повозрасните им помага околу ориентација во просторот, да ја научат брајовата азбука,  околу остварување на некои бенефиции, да набават некои помагала,...

Continue reading

Се уништуваат хоризонтлните сопирачи на брзина во градов

Post Views: 2 Хоризонталните сопирачи на брзина во градов се оштетени. Од секторот за комунални дејности нив ги постави во корелација со СВР Охрид со цел да се зголеми безбедноста на пешаците. Посебно се оштетени оние кои се наоѓаат на Булеварот Туристичка и пред основните училишта во градов. Од Локалната тврдат дека хоризонталните забавувачи на брзина се во ваква состојба поради несовесното однесување на возачите. Во моментов тече акцијата за санација и репарација на хоризонталните забавувачи на брзина. Тоа го прави Секторот за комунални дејности заедно со јавните претпријатија,...

Continue reading

Во градов имаме ново зелено пазарче

Post Views: 2 На просторот во близина на кружниот тек кај охридската болница, никна мини пазарче. Десеттина продавачи секој ден тука ги нудат своите производи. Има од се по нешто, пиперки, патлиџани, грозје, тиква, костени, ореви и друг сезонски зеленчук и  овошје. Продавачите велат дека ова место го избрале за да ги продаваат своите производи поради тоа што е многу фреквентно и има доста купувачи, а и им е поблиску до нивните домови. И оние кои купуваат зеленчук и овошје на ова импровизирано зелено пазарче се задоволни од понудата и цените по кои тоа се продава. Од пред една година...

Continue reading

Граѓаните кои чекаат градски превоз на потегот од хотел Дончо па према излезот на градов сеуште се под ведро небо

Post Views: 2   Граѓаните кои чекаат градски превоз на потегот од хотел Дончо па према излезот на градов сеуште се под ведро небо. Освен знакот дека тука има автобуска постојка ништо друго не асоцира на тоа. Нема ниту стојалиште,ниту  покрив, ниту пак клупа. Локалната самоуправа  неодамна на пет локации во градов постави нови автобуски постојки. Сите пет локации се на бул „Туристичка“. Две од нив се кај маркетот „Тамаро“ во непосредна близина на ул. „Абас Емин“, една кај зградата на Печијаре, стојалиште има помеѓу Охридската гимназија и ОУ „Григор Прличев“ и една веднаш после пресекот...

Continue reading

Во градов има зголемена појава на глодари, се жалат граѓаните

Post Views: 5 Граѓаните од стариот дел на градот се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред еден месец на тоа реагираа и граѓаните од населбата Бараки „Гоце Делчев“ и од  улицата „Дејан Војвода“. Од Центарот за јавно здравје тогаш информираа дека на почетокот на септември ќе се изврши дератизација со кој требаше да бидат опфатени 3000 шахри во охридскиот регион, но досега ваков зафат не е направен. Заради неповолните временски услови не можевме да ја спроведеме дератизацијата на почеток на септември како што беше планирано така да ќе се спроведе во среда, четврток и петок...

Continue reading

Охрид никако да го реши проблемот со неколкуте локации во градов кои се собиралишта на нарко зависници

Post Views: 0 Охрид никако да го реши  проблемот со неколкуте локации во градов кои се собиралишта на нарко зависници. Стариот отпад, поранешниот „ Тафтинг“ кај чинарот во Горна влашка маала, карабината до управната зграда на Општата болница и поранешниот објект на МРТВ зад скалестата зграда, објектот на стариот авто-сервис на улицата „ Кленоец“ , приватен објект во населбата Карабегомала се само дел од критичнте места каде најчесто се собираат наркозависници и препродавачи на дрога.  Години наназад се прават напори овие места да се исчистат и уредат, но попусто. Уште минатата година...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top