„Спорт за сите-сите за спорт“ ќе ја заживува спортската култура во градов

Првиот спортски настан кој ќе го организираат ќе се случува на 6ти и 7ми април по повод светскиот ден на спортот и светскиот ден на здравјето.

 |  Мишел Наумоски  | 
asocijacija na sportovi

„Спорт за сите-сите за спорт“- ова е името под кое пет охридски спортски клубови се обединија како би работеле на заживување и подигнување на спортската култура во градов. Подигнување на свеста за практикување на спорт и здрави спортски навики, развој и промоција на спортот во градов и земјава, развој на меѓуградската и меѓународната спортска соработка, промоција на идејата за олимпизмот, образовната и воспитната функција на спортот. Ова се само дел од целите на чија реализација Асоцијацијата на спортови од Охрид ќе работи во наредниов период. Велат дека нивните врати се отворени за сите заинтересирани кои сакаат да помогнат во ширењето на спортските вредности во секој охридски дом.

sport za site„Субјект за кој ние длабоко сме убедени дека ќе ја збогати спортската понуда на градот Охрид, и ќе бидеме чекор поблиску до еден спортски Охрид, Охрид кој што ќе изобилува со спортски настани, со спортски активности, се со цел Охрид како спортски град да живее во една поубава средина, да има еден поквалитетен живот и заеднички со дружењето меѓу сите нас да допринесеме да владее една поздрава средина во Охрид, да владее посебно помеѓу децата една подобра психофизичка надградба.“-вели Иван Цветковски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“.

Правното формирање на овој субјект настанало после бројни меѓусебни разговори, состаноци но со еден единствен заклучок, дека заедничка мисија за сите е да се подигне нивото на кое се наоѓа спортското живеење во градов.

asocijacija sportovi„Ние за таа цел веќе утврдивме една програма, годишна во која ќе предвидиме одржување на минимум 12 спортски активности годишно, значи најмалку по една за месец, од типот на фамилијарен спортски ден, од типот на спортски пикник, планинарски тури, спортски кардио ден, ќе понудиме една широка палета на спортски активности се со цел да ги привлечиме граѓаните на Охрид, пред се децата, родителите, баба и дедо, на едно заедничко дружење, како би можеле во еден иден период да се потрудиме да направиме еден систем кој што ќе не натера малку повеќе да се дружиме.“-рече Цветковски.

Во рамки на асоцијацијата, активни чинители ќе бидат пет спортски клубови од градов и тоа велосипедскиот клуб „Еко дром“, кошаркарскиот клуб „Старс“, здружението на водени спортови „Акватика“, сојузот на училишен спорт, како и алпинистичкиот клуб „Патагонија“. Станува збор за клубови и индивидуалци кои голем дел од своите кариери го посветиле на спортот и спортската едукација. Инаку прв спортски настан кој ќе биде организиран од асоцијацијата ќе биде оној посветен на светскиот ден на спортот и светскиот ден на здравјето, а кој ќе се случува на 6ти и 7ми април. На настанот ќе бидат понудени многубројни спортски, но и здравствено-едукативни содржини. Во соработка пак со алпинистичкиот клуб „Патагонија“ ќе биде промовиран и Ехо фестивалот, додека во текот на месец јули ќе биде организиран и спортскиот летен камп во х.Десарет.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top