Ознака: ги

Ikona

Со вера, љубов и надеж

Post Views: 19 Светата православна Црква на денешен ден го празнува споменот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж. По повод овој голем христијански празник, во месноста Лагадин денеска по единаесетти пат се одржа голем црковно народен собир. На самиот брег на Охридското езеро е подигната млечка црквичка која го носи името на овие светителки, а неа пред десет години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче. Патче изрази задоволство што од година во година се зголемува бројот на верници кои доаѓаат во Лагадин да го прослават овој верски празник. Тој додаде, дека поради се поголемиот...

Continue reading

opshtina

Прекината 24-тата седница на Совет

Post Views: 2 Работен ден за советот на општина Охрид. На 24тата седница на Совет, поради неспоивост на функции, од советник беше разрешен Владо Цветкоски, кој од пред неколку денови, со потпис на градоначалникот е назначен за генерален директор на ЈП „Нискоградба“. На негово место седнува Величе Маркоски, кој пред советниците даде свечена заклетва. Градоначалникот, од име на сите советници, на Маркоски му честиташе за новата функција и од него побара да се изјасни на која страна од советот ќе припаѓа. Новиот советник пак, на ова барање, одговори сосема кратко, дека доаѓа од независна...

Continue reading

Lokacija

Локалната не се откажува од изградба на јавни тоалети

Post Views: 1 Во Охрид недостасуваат јавни тоалети. Туристичките работници се жалат дека трпат поради овој хендикеп. Приморани да се снаоѓаат, но туристите се чудат како може туристичко место, да има ваков пропуст. „ Кога правиме разгледување на градот тој проблем го решеваме со тоа што туристите ги носиме во приватни објекти. Мора под итно да се направи нешто за изградба на јавни тоалети“, вели оперативец од патничката агенција „lets travels Balkans“, Филип Стефаноски. Во стариот дел на Охрид треба да се изградат неколку јавни тоалети.  Според градоначалникот на Охрид, Александар...

Continue reading

regionalna konferencija

Како до вистински бизнис избор

Post Views: 5 Можат ли македонските мали и средни компании да ги пронајдат вистинските бизнис партнери во Европа и регионот? Иако постојат толку многу можности за партнерства, информации за фондови, иницијативи и проекти, сепак се потребни големи предзнаења и вложување на многу напор. Enterprise Europe network или мрежата на бизнис можности, преку Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, им овозможува на малите и средни претпријатија бесплатно да започнат соработка со друга компанија од регионот како и од Европа, вели Бернард  Делакур, од Европската агенција за...

Continue reading

letstravelbalkans

Патничката агенција „Letstravelbelkans“ најдобра агенција за 2010 год.

Post Views: 2 Државата ги наградува највредните. По повод светскиот ден на туризмот денеска точно напладне во клубот на пратеници министерството за економија на најдобрите инкаминг туристички агенции, хотели и ресторани во земјава за 2010 год. им додели признанија за својот труд. Една од агенциите кои ја освоија довербата на министрвото за економија е  Патничката агенција „Letstravelbelkans“.Главната филијала на оваа агенција е во Турција, но покрај таму свои претставништва има и во Дубровник, Египет и Македонија, поточно Охрид. Оперативецот Филип Стефаноски презадоволен што токму...

Continue reading

Kuzman Pop Stefanija

Обновен ансамблот „Билјана“ под менторство на Кузман Поп Стефанија

Post Views: 51 Ансамблот јуниор „Билјана“ во нов состав настапи синоќа на Охридскиот староградски фестивал. Настапот на младите музичари се гордост на доенот на охридската староградска музика, оснивачот на некогашниот легендарен ансамбл за строградски песни „Билјана“, Кузман Поп Стефанија. Под негово менторство талентираните музичари работат повеќе од шест месеци.Тој  вели никогаш во животот немал трема како синоќа пред  нивниот настап. Но, покрај тремата почувствувал и неизмерна гордост што се  продолжува негувањето на охридската старограска песна. „Пред нас беше Садило, ние инспирарани...

Continue reading

Olgica Apostolova

Утврдување и решавање на проблемите на охриѓанки

Post Views: 1 Лоцирање на проблемите кои ги мачат охриѓани, а кои можат да се решат само со заедничко делување е приоритет на денешните учесници на конференцијата  „Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената“. Жените од Кочани, Штип, Гостивар, Кичево   и останатите градови во земјава покрај невеработеноста како заеднички проблем имаат и специфични кои им задаваат сериозни главоболки, вели Елена Грозданова, советник за родова еднаквост во Министерството за труд и социјална политика. Досега тие во соработка со НВО Антико имале средби со повеќе општински Комисии...

Continue reading

Brod Sileks

Опожарен бродот Силекс, спречена поголема катастрофа

Post Views: 0 Се потврдуваат констатациите на граѓаните дека пловните објекти во Охрид се оставени на милост и немилост. Нивното моментално засолниште воопшто не е решение, а последните настани кои се случија потврдуваат дека чамците, глисерите и бродовите се мета на крадци и бездомници. Ова го потврдува и синоќешниот настан, во кој благодарение на брзата интервенција на против пожарната служба, СВР и итната медицинска помош, спасен е еден човек и спречена е поголема катастрофа.   Имено синоќа околу 21 часот беше опожарен бродот Силекс кој подoлг временски период е укотвен во каналот...

Continue reading

den na mirot

Одбележан меѓународниот Ден на мирот со марш на ветераните

Post Views: 9 Во Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Во Охрид маршот започна во 11 часот од пред Сојузот на борците за да пристигнат на  градскиот плоштад. Точно на пладне на сите паднати жртви за мирот им беше  оддадена почит со едно минутно молчење. На собирот на ветераните имаше и основци кои дојдоа да го одбележат заедно Меѓународниот ден. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески  истакна дека трета година се чествува меѓународниот ден на мирот ...

Continue reading

Opshtina

Конечно изгласани управните одбори и планските документации

Post Views: 2 Заврши 21-та седница на Совет. Може да се каже дека истата помина во знакот на бело и црно, или позиција и опозиција. Советниците започнаа вербални препукувања, најпрво по однос на точките кои се однесуваа на предлог одлуките за именување на членови во упрвани и надзорни одбори на новите Јавни претпријатија. „Слушајќи ги имињата и презимињата на предложените не можам да не забележам дека предложените се партиски војници и блиски на раководните структури во Јавните претпријатија. Ова само по себе кажува дека одборите ќе работат по налог на директорите на ЈП, а тоа не...

Continue reading

emo

Кој е виновен?

Post Views: 1 „Дојде време охриѓани да ја слушнат вистината“. Вака денес се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид Науме Јованоски. Ова произлегува како одговор на неодамнешниот прес на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, кој беше на тема „Пропаста на охридското стопанство и  главниот виновник за тоа“. Јованоски во контекс на тоа рече дека добро е познато кој ја закопа „Охридска трговија“ и кој остави на улица 2000 вработени, детето галениче на ВМРО – ДПМНЕ, Ламбе Арнаудов. Градоначалникот Александар Петрески, како дирекно повикан од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов, му порача да...

Continue reading

kaneo

Туристичка приказна или пуст остров?

Post Views: 2 Современите туристички текови и секојдневно менливата туристичка побарувачка, се најголемата можност, но и закана за развојот на туристичката понуда од овој регион. Експертите тврдат дека она што на самиот регион му недостига е заеднички имиџ и заеднички настап на светскиот туристички пазар. Останатите региони одлично ја продаваат туристичката приказна и не претекнуваат во секој поглед, согласни експертите. Претседателот на Меѓународната организација за развој на туризмот, SACEN,  Драган Глигоријевиќ кажа дека основната грешка која ја прават туристичките работници од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top