Прекината 24-тата седница на Совет

Работен ден за Советот на општина Охрид. На 24тата седница на Совет, поради неспоивост на функции, од советник беше разрешен Владо Цветкоски, кој од пред неколку денови, со потпис на градоначалникот е назначен за генерален директор на ЈП „Нискоградба“. На негово место седнува Величе Маркоски, кој пред советниците даде свечена заклетва.

 |  Татјана Маленкова  | 
opshtina
Општина Охрид

sednicaРаботен ден за советот на општина Охрид. На 24тата седница на Совет, поради неспоивост на функции, од советник беше разрешен Владо Цветкоски, кој од пред неколку денови, со потпис на градоначалникот е назначен за генерален директор на ЈП „Нискоградба“. На негово место седнува Величе Маркоски, кој пред советниците даде свечена заклетва.

Градоначалникот, од име на сите советници, на Маркоски му честиташе за новата функција и од него побара да се изјасни на која страна од советот ќе припаѓа. Новиот советник пак, на ова барање, одговори сосема кратко, дека доаѓа од независна листа и дека во најкратко време ќе одговори која полититичка опција во иднина ќе ја поддржува.

На денешата седница челеновите на комисиите се произнесоа за предлог одлуките за усвојување на годишните извештаи за работа и извештаите за матријално финасиското работење на ОУ во општина Охрид за 2009/2010 год.  
Советникот Љубица Мојсовска Смилеска истакна дека при разгледување на материјалите наишла само на сувопарни извештаи. Додаде дека недостасуваат информации во врска со дистрибуција на бесплатните учебници и бесплатниот превоз на учениците.

Советникот Тунтев пак, работите ги гледа сосема спротивно од Смилеска.  Тој истакна дека во извештаите наишол на ентузијазам, љубов и посветеност за се што досега е направено во Охридските училишта.
Раководителот на секторот за јавни дејности Митре Велјаноски чувствувајќи потреба, како што рече, пред советниците уште еднаш ги  образложи ингеренциите на локалната во образовниот процес, со оглед на фактот што општина Охрид сеуште се наоѓа во правата фаза од децентрализација. Велјановски напомена дека најголем проблем е што министерството за образование од 2009 год наменските дотации за основното образование за Охрид ги намали за 8 милиони денари или за 25 %. На крај излегуваме само поради домаќинското работење на сите директори на училиштата, но и на локалната, додаде раководителот на секторот за јавни дејности.

Мојсовска Смилеска бараше одговор од локалната зошто во некои училишта се издвојуваат повеќе средства за греење, а во други се штеди. На овие обвинувања Велјаноски со контра аргументи. Рече: Гарантирам дека во ниедно Охридско училиште децата не се останати без греење и додаде дека напротив, во време на криза, локалната успеа и многу да инвестира во образовните објекти.
Се огласи и градоначалникот. Рече дека дотациите не се милост, туку обврска на владата да ги врати парите во општина Охрид.

На денешната седница беа изгласани и предлог одлуките за услојување на годишните извештаи за работа и извештаите за материјално финансиското работење на средните училишта.
Седницата беше прекината пред да дојдат на ред точките од сферата на урбанизмот.  Овие две, но и предлог одлуките за разрешување и назначување на членови од надзорните и управните одбори од ЈП Проаква, Комуналец и Билјанини извори, остануваат за продолжението на 24 седница кое дополнително ќе биде закажано.   
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top