Со вера, љубов и надеж

Единаесетти пат по ред во месноста Лагадин одбележан споменот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ikona
Икона

crkvaСветата православна Црква на денешен ден го празнува споменот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж. По повод овој голем христијански празник, во месноста Лагадин денеска по единаесетти пат се одржа голем црковно народен собир. На самиот брег на Охридското езеро е подигната млечка црквичка која го носи името на овие светителки, а неа пред десет години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче.

Crkovno naroden sobirПатче изрази задоволство што од година во година се зголемува бројот на верници кои доаѓаат во Лагадин да го прослават овој верски празник. Тој додаде, дека поради се поголемиот број верници ќе мора да се прошири црквичката и потенцира дека црквата е голема онолку колку е голем бројот на верниците. Парохискиот свештеник, Атанас Казанџиски пак, им го честита овој голем христијански празник на сите верници и кажа дека преку него се слави верата, надежта, љубовта кон ближните. Отец Казанџиски ги истакна и поуките кои овој голем христијански празник ги упатува до своите верници.

Римјанките,трите сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија живееле во времето на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Во тоа време биле вршени големи прогони на христијаните, и тогаш биле приведени и Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж.
Заради одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Љубов, Вера и Надеж биле ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им биле отсечени главите. Мајката Софија ги зела и ги закопала телата на своите три ќерки и откако поминала три дена и ноќи во молитви над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top