Опожарен бродот Силекс, спречена поголема катастрофа

Се потврдуваат констатациите на граѓаните дека пловните објекти во Охрид се оставени на милост и немилост. Нивното моментално засолниште воопшто не е решение, а последните настани кои се случија потврдуваат дека чамците, глисерите и бродовите се мета на крадци и бездомници.

 |  Татјана Маленкова  | 
Brod Sileks
Брод Силекс

Brod SileksСе потврдуваат констатациите на граѓаните дека пловните објекти во Охрид се оставени на милост и немилост. Нивното моментално засолниште воопшто не е решение, а последните настани кои се случија потврдуваат дека чамците, глисерите и бродовите се мета на крадци и бездомници.

Ова го потврдува и синоќешниот настан, во кој благодарение на брзата интервенција на против пожарната служба, СВР и итната медицинска помош, спасен е еден човек и спречена е поголема катастрофа.  

Имено синоќа околу 21 часот беше опожарен бродот Силекс кој подoлг временски период е укотвен во каналот „Билјанини извори“. Портпаролот на СВР, Стефан Димовски вели дека пожарот во СВР го пријавил случаен минувач.

Пожарникарите брзо го локализирале пожарот и во последен миг успеале од хидробродот да извлечат  едно постаро лице. Димовски информира дека станува збор за бездомник од Демирхисарско, роден 1950 год.

Според официјалниот извештај од СВР причина за пожарот е неизгаснат отпушок од цигара. Осомниченото лице по се изгледа заспало, без да примети дека не ја изгаснало цигарата.

Brod SileksСе поставува прашањето „кој конечно ќе превземе активности за да ги заштити охридските пловни објекти кои во каналот ги има се повеќе“. Ова не е прв случај да се гаси пожар во каналот. Свежи се сеќавањата дека на 27 јули гореше глисер, кој за среќа беше веднаш изгаснат.
Овие настани се причина надлежните не само да ветуваат туку  конечо да превземат активноти за изградба на долго најавуваните марини. Градоначалникот ветува дека Локалната ќе направи се` за изградба на сместувалишта за пловни објекти, но тврди дека работите ги кочи Министерството за транспорт и врски.

„Сопствениците на пловни објекти бараат во Охрид  да се изгради марина. Имаме и инвеститори кои сакаат да изградат, што е добар показател дека ни Општината ни Владата во оваа криза нема да има потреба да вложува.
Марините се прават во езеро, а сопствениците на истото Министерството за транспорт и врски треба да распишат оглас со што ќе дадат зелено светло дека можат да се направат. Јас ќе подржам во Охрид да се изгласаат што повеќе марини“, истакна градоначалникот Александар Петрески.

Сведоци  сме дека марините во Охридското езеро барем досега на сите им служеа како добар адут за прибирање гласови во предизборни кампањи. Да се надеваме дека бродот Силекс ќе им ги освежи сеќавањата на сите и дека ќе биде последниот пловен објект кој трпи поради непостоење на соодветно урбанистичко решание за згрижување на се поголемиот број пловни објекти.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top