Post Views: 1
Кампинг туризмот во целиот Балкан ќе се подигнува на повисоко ниво. Македонија има потенцијал и традиција за развој на модерен кампинг-туризам, но мора да се осовременуваат. Сопствениците треба постојано да ги следат развојните текови доколку сакаат успешен настап на пребирливиот европски пазар, отценува германскиот експерт за кампинг туризам кој деновиве престојува во Македонија и регионот, Волфганг Фромер.
„Гледам дека досега нема многу германски туристи во Македонија, а ние сакаме да им помогнеме на сопствениците на камповите во Маркетиншки аспект и советодавно...
Post Views: 2
Симболично со химната на Македонија и универзитетската химна отпочна првиот академски час на ФТУ „Св. Климент Охридски“ Охрид. Успешна академска година на новите студенти им посака деканот на ФТУ Сашо Коруноски и ректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Златко Жоглев. Деканот на ФТУ Коруноски, рече дека денешниот ден е од големо значење за идните академци и како настан му се придава голама важност. Тој посебно го истакна податокот за отворањето на новата гранка, гастрономија исхрана и диететика.Ректорот на Битолскиот универзитет Жоглев рече дека не случајно...
Post Views: 1
Морално некомпетентни – вака командирот Добривое Петрески ги нарече оние кои пред 3 години кренаа два прсти за неговиот мандат како командир на охридската полиција. Петрески беше избраникот од тогаш доставените тројца кандидати до охридскиот Совет. Тој тогаш јавно и пред сите изјави дека ќе биде максимално транспарентен и 24 часа достапен за информации, не само за советниците туку и за сите граѓани. За возврат на дадената доверба од пред три години, командирот на вчерашната седница на Советот народните избраници ги нарече морално некомпетентни. Ова беа само дел од навредите...
Post Views: 13
Додека едните бараат нешто да се превземе околу безбедносната состојба, командирот на ПС Добре Петрески, презентирајќи статистички податоци тврди дека во споредба со минатата година, Охрид е побезбеден. Тој обвинувањата дека Охрид се соочува со вакви проблеми поради неговата недоволна ангажираност ги дематира.
„Љуѓе нестручни во правото да делат коментари дека командирот е нестручен ги сметам тенденциозни. Ќе го потсетам советникот од НСДП дека во казненото право има фрагментарен карактер“, вели командир на ПС Охрид, Добре Петрески.
На овие обвинувања веднаш...
Post Views: 19
Домашните и странските експерти, ќе го спасуваат Охридското езеро од органското загадување.Ќе се обидат да ја зачувуваата ендемичната фауна и флора во езерото и да и помогнат на природата сама да се избори со наметнатото зголемено нутриентно оптертување, кое е резултат на голобалните климатски промени.Нутриентото оптеретување се заканува да го уништи живиот свет во Охридското езеро. На семинарот кој се одржа во ЈНУ Хидробилошки завод од Охрид, се одржа семинар на кој стана збор за биолошката продуктивност на едно езеро кое особено зависи од хидродинамичкиот транспорт...
Post Views: 6
Во Охрид деновиве се појавија „лажни доктори“ чии жртви се повозрасни лица. Дознавaмe дека нуделе медицински услуги, влегувајќи во домовите на охриѓани. „Најверојтно прават списоци на пациенти кои биле оперирани во Скопје во Филип II и одат по домовите се легитимираат со лажни легитимации се преправаат дека се лекари и за тоа им земаат големи суми на пари. Пацинтите веруваат, а средствата кои ги даваат за прегледи се помеѓу 3 и 6000 денари“, вели портпарол на општа болница д-р Сашо Василески. Василески апелира до граѓаните да не им веруваат на таканаречените „Лажни...
Post Views: 33
Охридскиот центар за култура „Григор Прличев“ го замени дотраеното филмско платно со ново. Се очекува негово монтирање пред почетокот на есенската филмската ревија. Центарот за култура последниве години иако со бавно темпо ги подобрува условите во кино салата. Модернизирањето го прават дел со сопствени средства, но и со помош на спонзори и ресорното министерство. Пред две години се санира кровната конструкција, а се среди и внатрешниот ентериер. За поправка на кровот ресорното министерство потроши 1 милион и четиристотини денари. Сега има нови најави за осовременување...
Post Views: 13
„Не даваме вода“. Ова е реакција на група револтирани жители на ул „Момчило Јорданоски“ кај болнички комплекс. Тие јавно го кренаа гласот против Oпштина Охрид, и обвинија дека Локалната на своја рака превзема зафати од комунална сфера, од што тие ги сносат последиците.Љупчо Гаревски го пренесе ставот на жителите од овој дел на градот. Тој потенцира дека се навлегува во приватен имот каде општината не ги имала до крај расчистено работите со експропријација на земјиштето. Гаревски рече дека немаат ништо против приклучок на вода во станбените згради, но тоа да небиде...
Post Views: 10
И по една година од кога локалната самоуправа го формира Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега не одржало седница. Како и за се останато што не функционира во државава така и за овај проблем постојат оправдувања, а одговорност не сноси никој. Инаку, во ова тело членуваат 12 експерти од повеќе институции со задача да придонесат за поголема превенција на сообраќајната безбедност во градот. Одговор за ваквата пасивност на ова тело побаравме од претседателот Томислав Тунтев. Тој потврдува дека општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега не одржал...
Post Views: 6
Има доволно абразивен материјал и механизација за справување со снегот велат одговорните. Ноќните часови напорни за Македонија пат. Утринските пак, ги пробуди комуналците од Охрид.
Снегот кој што од вчера започна да паѓа ги мобилизира одговорните во градов, навремено да делуваат и да се справат со истиот. Улиците се чисти, бидејќи од синоќа во погон ставени се сите расположливи средства за справување со снегот. Механиацијата, абразивните средства и човечкиот фактор напорно работеа вели првиот човек на „Македонија пат“ Лазе Ставрески.Првиот човек на ЈП Охридски комуналец...
Post Views: 21
Ги Фулон вечен трагач по симболи и знаци повторно со изложба во Охрид.
Со 66 фотографии во црно бела техника, 33 посветени на Охрид и 33 на Париз, вечниот трагач по симболи и знаци, Ги Фулон после две години е повторно во Охрид со нова изложба. Оние кои имаа можност да ја погледнат изложбата се воодушевени од овој стил на документарна фотографија. Преку сликите се чувствуваат искрени и топли моменти на заљубен човек во двата града. Ги Фулон е роден Парижанец кој започнал да слика аматерски од својата 13 година, а посериозно се посветува на фотографирањето од почетокот...
Post Views: 2
На охридскиот пазар, секој понеделник доаѓаат околу 100-тина земјоделци-производители кои не се регистрирани во подрачната единица на министерството за земјоделство.
Тие се евидентирани како земјоделци од страна на Комисијата формирана од локалната самоуправа велат организаторите на пазар. Засега, на тој начин се спроведуваат измените на Законот за трговско работење. Со воведувањето на фискални апарати постои опасност да исчезнат зелените пазари и земјоделците да бараат алтернативи за продажба на своите производи вели Сашо Алчев координатор од ЈП Комуналец.
Од...