Се бара разрешување на командирот на охридската полиција

Морално некомпетентни – вака командирот Добривое Петрески ги нарече оние кои пред 3 години кренаа два прсти за неговиот мандат како командир на охридската полиција.

 |  Крсте Голабовски  | 
Komandir Petreski
Командир Петрески

Dobrivoe PetreskiМорално некомпетентни – вака командирот Добривое Петрески ги нарече оние кои пред 3 години кренаа два прсти за неговиот мандат како командир на охридската полиција. Петрески беше избраникот од тогаш доставените тројца кандидати до охридскиот Совет. Тој тогаш јавно и пред сите изјави дека ќе биде максимално транспарентен и 24 часа достапен за информации, не само за советниците туку и за сите граѓани. За возврат на дадената доверба од пред три години, командирот на вчерашната седница на Советот народните избраници ги нарече морално некомпетентни. Ова беа само дел од навредите бидејќи според командирот советниците се и правно некомпетентни.

Поради ваквите навреда, советниците денес од Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, јавно побараа оставка за командирот на охридската полициска станица. Советничката Верица Хајба од редовите на НСДП огорчена објасни дека навредите упатени на сметка на нивниот професионален и морален кредибилитет се причина за нејзиното демонстративно напуштање на седницата.

„Во провиот дел од седницата конадирот на полицијата не нарече правно некомпетентни и потоа и дадае политичка конотација на некои од случувањата.“

Хајба додаде дека советниците се фрапирани од настапот на командирот, во кој тој се осмелил да каже дека голем дел од нив  намаат морален кредибилитет. Исто така таа потенцира дека воопшто не биле на место ниту политичките квалификации кои командирот ги давал од говорницата во општината. Поради тоа сега бараат негова оставка од Министерката.

„Изјави дека не одговара пред никој туку само пред министерката која ја повикуваме да го разеи од функција и да стави лице кое ќе работи во интерес на граѓаните и нивната безбедност“.

И претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески револтиран. Тој кажа дека наместо командирот да ја искористи говорницата и да даде објаснување за 6-месечниот извештај за безбедносната состојба во Општината кој тој го поднесува, Петрески од говорницата јавно ја оспорил моралноста на оние кои ја оценуваат неговата работа.

„Со други зборови се дрзна да каже дека сите 23 советници на советот од Општина Охрид се неморални, а преку тоа индирекно да каже дека сите граѓани на Охрид се неморални зошто ние 23 советници сме избрани од 50-те илјади граѓани од Охрид“.

Осуда во врска со ставовите на командирот на ПС Охрид  изнесени на продолжението на вчерашната седница искажа и општинската организација на СДСМ. Од редовите на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ пак, со малклу поразличен став. Координаторот на советничката група од оваа партија, Дејан Паноски, кажа дека тие воопшто не ни биле поканети на оваа прес конференција. Тој вината за како што кажа уништениот дигнитет на градскиот совет ја лоцира во настапите на говорницата на самиот градоначалник, Александар Петрески. Потоа во непочитувањето на деловникот, како во оние кои ги поднесуваат точките. По инсистирање на советот на општината, командирот на ПС Охрид се извинил за изречените зборови, што според дел од советниците присутни на денешната прес конференција, не било доволно. Советниците на вчера одржаната седница на која се разгледуваше безбедносната состојба во градот, не го усвоија 6-месечниот извештај за безбедносната состојба во Општината што го поднесува командирот на Полициската станица – Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top