Обновен ансамблот „Билјана“ под менторство на Кузман Поп Стефанија

Ансамблот јуниор „Билјана“ во нов состав настапи синоќа на Охридскиот староградски фестивал. Настапот на младите музичари се гордост на доенот на охридската староградска музика, оснивачот на некогашниот легендарен ансамбл за строградски песни „Билјана“, Кузман Поп Стефанија.

 |  Валентина Неловска  | 
Kuzman Pop Stefanija
Кузман Поп Стефанија

Kuzman Pop StefanijaАнсамблот јуниор „Билјана“ во нов состав настапи синоќа на Охридскиот староградски фестивал. Настапот на младите музичари се гордост на доенот на охридската староградска музика, оснивачот на некогашниот легендарен ансамбл за строградски песни „Билјана“, Кузман Поп Стефанија. Под негово менторство талентираните музичари работат повеќе од шест месеци.Тој  вели никогаш во животот немал трема како синоќа пред  нивниот настап. Но, покрај тремата почувствувал и неизмерна гордост што се  продолжува негувањето на охридската старограска песна. „Пред нас беше Садило, ние инспирарани од него ја основавме Билајна, а сега доаѓа замена од млади музичари кои ќе ја пејат изворно, охридската   строградска музика“.  Младите музичари Јован Поп Стефанија, Димитар Поп Стефанија, Петар Паскали, Хрисантина Паскали, Христијан Томески, Ангел Дулевски и Стефан  Здравески со својата изведба на  Охридскиот староградски фестивал ги собра  симпатиите на публиката. Ова не е им беше прв настап од нивното заедничко музицирање, тие на 2 август учествувале на Преспа фолк  фестивалот ,каде што имале забележителен успех. За љубовта кон строградскиот изворен мелос велат го носат длабоко во себе. Така и се родила идејата да го возобноват некогашниот ансамбл Билјана со како што велат по охридски со изим од чичко Кузман.
Ansambl BiljanaОснивачот на некогашниот легендарен ансамбл „Билјана“,  кој беше популарен на просторите не поранешната држава,  Кузман Поп Стефанија е горд на настапот на млади вљубеници во староградската  музика на Охридскиот староградски фестивал.Колку што е воодушевен од синоќешниот настап толку е разочаран од еден друг фестивал како што беше  Охридски трубадури. Длабоко го погодил настапот на музичарите во ревијалниот дел. На плејбек се искористила нивбна музика од музичари кои какао што вели не ги не знаеле да ги пејат песните и без негова дозвола и одобрение на семејствата на некогашните членови.
Во иднина, за слични ситуации,  Поп Стефанија најавува и судска постапка затоа што сите песни на ансамблот „Билјана“ се со заштитено авторско право. Во текот на  45 годишно постоење активните членови на ансамблот вложуваа голем дел од својата  љубов, време и труд вели легендарниот музичар. Нема да дозволиме некој тоа да го злоупотребува и  нарушува. Составот на ансаблот „ Билјана“ активно музицираше се до 2004 година, биле есклузивци на музичката издавачка куќа Југотон. Во текот на своето постоење издале голем број албуми, а се добитници  на две сребрени плочи од Југотон за песните „Слушам кај шумат шумите“ и „Народе македонски“.     

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top