Ознака: бомба

Експлодира бомба во центарот на Атина

Post Views: 0 Силна експлозија на бомба доцна ноќеска го потресе центарот на Атина. Во експлозијата се направени огромни материјални штети на станбена зграда, уништени се десетина продавници и две возила, но за среќа нема човечки жртви. Бомбата експлодира нешто пред 23 часот пред полноќ во густо населениот кварт во населбата Ексархија. Како што јавуваат грчките медиуми, никој не бил повреден. Половина час пред експлозијата, анонимно лице се јавило во редакцијата на весникот „Ефемерида тон Синтактон“ за да предупреди на поставената бомба. Подрачјето веднаш било затворено од полицијата. Полицијата...

Continue reading

grabez

Вработена во банка го убедила крадецот да земе – кредит!?

Post Views: 1 Полицијата уапсила човек кој се обидел да ограби една банка во Калифорнија. Апсењето и не било толку тешко, бидејќи една вработена во банката успеала да го наговори човекот наместо да ја ограби банката, да земе кредит од нив! Марк Смит се обидел да ограби банка во Ватсонвил бидејќи му требале две илјади долари за да му помогне на пријателот да плати кирија. Тој во банката влегол викајќи дека во ранецот има бомба. Но, смирената менаџерка успеала да го наговори да седне со неа и да го убеди дека многу поумно би му било да подигне кредит на тој износ. “Вработените бргу...

Continue reading

Sarkozy

Гугл бомба за Саркози

Post Views: 1 Во најновиот напад со Гугл бомба, по впишување на францускиот термин за “шупак”, Trou du Cul, прв на листата од добиени резултати се појавува линк од Фејсбук профилот на Николас Саркози.Францускиот претседател е жртва на т.н. “Гугл бомба”, која се “активира” на тој начин што илјадници интернет корисници го линкаат терминот до сајтот за да го натераат Гугл да го стави на првото место од листата со добиени резултати. Најверојатно на овој начин илјадници блогери му се одмаздиле на Саркози за депортацијата на Ромите и пензиските реформи и тоа во истиот ден кога...

Continue reading

Турција: со автомобил бомба нападната полициска станица

Post Views: 1 Силна експлозија потресла утрово полициска станица во местото Џизре во југоисточна Турција, а неименувани полициски извори тврдат дека има загинати и ранети. Турските медиуми јавуваат дека има девет загинати, од кои тројца полицајци, и 64 биле ранети. Силната експлозија целосно ја уништила полициската станица и оштетила неколку згради во околината. Според турските медиуми експлозијата била предизвикана од автомобил бомба. Агенцијата Анадолу пренесе дека за нападот е одговорна Работничката партија на Курдистан. Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се наоѓа на границите...

Continue reading

treta svetska vojna

Како била избегната Трета светска војна

Post Views: 0 Во 1969-та година, Советскиот Сојуз се подготвувал да изврши нуклеарен напад врз Кина, тврди кинески историчар во магазин поддржан од Комунистичката Партија. Лиу Ченшан е автор на фељтонот посветен на петте нуклеарни закани со кои од 1949-та година се соочила Кина. Според него, најсериозна била опасноста седум години по Кубанската ракетна криза, кога Москва и Пекинг беа во конфликт поради границата, кој однесе повеќе од 1.000 жртви и од двете страни. Тогаш, советски дипломати го известиле Вашингтон дека планираат да ја “збришат кинеската закана и да се ослободат од тој...

Continue reading

Експлозија на автомобил бомба во Турција

Post Views: 2 Три лица загинаа, а над 40 се ранети во експлозија на автомобил бомба крај полициска станица во источната турска провинција Ван, на самата граница со Иран, јави CNN, цитирајќи ја изјавата на гувернерот на провинцијата за турската државна телевизија TRT.Премиерот Бинали Јилдерим во живо на телевизијата изјави дека имало напад врз полициска станица во Ван, но не даде повеќе детали за инцидентот. Се уште никој не ја презеде одговорноста за овој терористички напад, но курдските екстремисти често пати напаѓаат полициски станици и други објекти на безбедносните сили со автомобили...

Continue reading

MI-5

Автомобил бомба експлодира во Северна Ирска пред седиштето на МИ-5

Post Views: 6 Инцидентот се случил само неколку минути по официјалното префрлање на контролата врз полицијата и судскиот систем од Велика Британија на Северна Ирска – што е последна етапа од мировниот процес меѓу католиците и протестантите. Предвидено е денеска северноирскиот Парламент да го избере за министер за правда, протестантот Дејвид Форд, лидер на партијата „Алијанса“, која се бори за надминување на поделеноста меѓу католици и протестанти. Експлозивната направа била поставена во украдено такси возило, а активирана е зад поранешна касарна во предградието на Белфаст Холивуд,...

Continue reading

Irak

Во Ирак приведено 10-годишно дете, пред да изврши самоубиствен напад

Post Views: 1 Ирачко дете на возраст од десет години, регрутирано од Ал каеда да изврши самоубиствен напад, беше приведено вчера од полицијата западно од Багдад точно пред да го активира експлозивот на себе. Момчето веќе било злоупотребено од Ал каеда за поставување на бомби. Пред четири дена тоа исчезнало од семејната куќа во Амаријат ал Фалуџа, на 35 километри западно од Багдад, соопшти полициски претставник. Тројца мажи со комбе го одвеле во изолираното село Шичер на 75 километри западно од Багдад и таму го подготвиле за самоубиствен напад. Вчераутро момчето било замотано со експлозиви...

Continue reading

aerodrom

Дојава за бомба на атинскиот аеродром

Post Views: 2 Евакуирани се патниците на авионот, за кој е пристигната дојава за поставена бомба на аеродромот во Атина.Ова изутрината го јавија грчките гласила, додавајќи дека засега непознато лице се јавило во весникот Елефтеротипија и во телевизиската станица Алтер и само неколку минути пред полетувањето соопштило дека во авионот на Алиталија има поставено бомба. Во авионот што во 7 часот и пет минути требало да полета од аеродромот Елефтериос Венизелос за Рим, имало 185 патници и 7-член екипаж.Патниците се евакуирани на безбедно место, а полицијата го пребарува авионот.Дел од...

Continue reading

A-bomb

Годишнина од првиот атомски цивилен напад

Post Views: 0 Целосна забрана на употребата на нуклеарното оружје, денеска побара градоначалникот на Хирошима, Тадатоши Акиба, по повод 64 годишнината од првиот атомски напад во светот. Над 50.000 лица, меѓу кои и преживеани, како и јапонскиот премиер Таро Асо и претставници на околу 60 земји присуствуваа на комеморацијата на жртвите на нападот. „Целосната забрана на употребата на нуклеарно оружје не е само желба на преживеаните на нападот на Хирошима, туку и на мнозинството луѓе ширум светот“, порача Акиба. Тој ги пофали ставовите на американскиот претседател Барак Обама насочени...

Continue reading

logo

Иран до 2014 ќе има нуклеарна бомба

Post Views: 0 Иран ќе располага со атомска бомба „подготвена за користење“ во 2014 година, доколку неговата нуклеарна програма се развива непречено. Ова го оцени синоќа шефот на израелската тајна служба Мосад – Маир Даган, во обраќањето пред парламентарната комисија за надворешни работи. „Доколку нивната програма нема технички проблеми, Иранците ќе поседуваат бомба подготвена за користење околу 2014 година, што претставува конкретна закана по безбедноста на Израел. Мораме да ја отстраниме таа закана“, изјави шефот на Мосад. Тој додаде дека задржувањето на меѓународните санкции против...

Continue reading

logo

Бомба експлодира крај атинска банка, нема повредени

Post Views: 1 Бомба експлодира утрово пред банка во јужниот дел од Атина, но нема повредени, соопшти грчката полиција. Бомбата била активирана пред влез на Евробанк во атинското предградие Агиос Димитриос. Половина час пред тоа во локален весник било пренесено предупредување од анонимен глас за поставена бомба. Засега никој не ја презеде одговорноста. Полицијата претпоставува дека нападот е извршен од леви екстремисти чии напади стануваат се побројни откако во декември минатата година полицаец застрела 15-годишно момче. Досега во нападите нема жртви. Нивни цели станаа полициски станици,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top