Годишнина од првиот атомски цивилен напад

Целосна забрана на употребата на нуклеарното оружје, денеска побара градоначалникот на Хирошима, Тадатоши Акиба, по повод 64 годишнината од првиот атомски напад во светот.

 |  Крсте Голабовски  | 
A-bomb
А-бомба

Целосна забрана на употребата на нуклеарното оружје, денеска побара градоначалникот на Хирошима, Тадатоши Акиба, по повод 64 годишнината од првиот атомски напад во светот.

HiroshimaНад 50.000 лица, меѓу кои и преживеани, како и јапонскиот премиер Таро Асо и претставници на околу 60 земји присуствуваа на комеморацијата на жртвите на нападот.

„Целосната забрана на употребата на нуклеарно оружје не е само желба на преживеаните на нападот на Хирошима, туку и на мнозинството луѓе ширум светот“, порача Акиба.

Тој ги пофали ставовите на американскиот претседател Барак Обама насочени против нуклеарното вооружување.

Вкупно 140.000 лица беа пронајдени мртви во урнатините во Хирошима, откако САД на 06 август 1945 година на овој град ја фрлија првата атомска бомба.

САД на 09. август истата година ја фрлија и втората атомска бомба на јапонскиот град Нагасаки, при што загинаа 70.000 лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top