Дојава за бомба на атинскиот аеродром

Евакуирани се патниците на авионот, за кој е пристигната дојава за поставена бомба на аеродромот во Атина.

 |  Крсте Голабовски  | 
aerodrom
аеродром

Евакуирани се патниците на авионот, за кој е пристигната дојава за поставена бомба на аеродромот во Атина.
aerodromОва изутрината го јавија грчките гласила, додавајќи дека засега непознато лице се јавило во весникот Елефтеротипија и во телевизиската станица Алтер и само неколку минути пред полетувањето соопштило дека во авионот на Алиталија има поставено бомба.

Во авионот што во 7 часот и пет минути требало да полета од аеродромот Елефтериос Венизелос за Рим, имало 185 патници и 7-член екипаж.
Патниците се евакуирани на безбедно место, а полицијата го пребарува авионот.
Дел од гласилата сметаат дека терористичката организација „Револуционерна борба“ е одговорна за евентуално поставената бомба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top