Автомобил бомба експлодира во Северна Ирска пред седиштето на МИ-5

Автомобил бомба експлодира веднаш по полноќ во Белфаст во близина на британското внатрешно разузнавање Ми-5 во Северна Ирска.

 |  Маја Савиќ  | 
MI-5
МИ-5

policijaИнцидентот се случил само неколку минути по официјалното префрлање на контролата врз полицијата и судскиот систем од Велика Британија на Северна Ирска – што е последна етапа од мировниот процес меѓу католиците и протестантите. Предвидено е денеска северноирскиот Парламент да го избере за министер за правда, протестантот Дејвид Форд, лидер на партијата „Алијанса“, која се бори за надминување на поделеноста меѓу католици и протестанти.

Експлозивната направа била поставена во украдено такси возило, а активирана е зад поранешна касарна во предградието на Белфаст Холивуд, каде се наоѓа седиштето на Ми-5 во Северна Ирска и во кое работат стотици луѓе.

Во нападот нема човечки жртви, само на неколку околни куќи им е причинета материјална штета.

Нападот е дело на дисиденти од Ирската републиканска армија (ИРА), кои му се заканали со оружје на возачот на таксито, а потоа му го одземале возилото и во него ја поставиле бомбата.

Аналитичарите прогнозираат продолжување на тензиите во Северна Ирска, најмногу меѓу републиканците, кои не веруваат дека преку политички процес може да се постигне одвојување на Северна Ирска од Велика Британија и обединување со Ирска. Полицијата ја оцени опасноста од напади како голема, нагласувајќи дека најверојатно целта ќе бидат безбедносните сили.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top