Ознака: бомба

Лажна дојава за бомба на летот Белград-Москва

Post Views: 7 Дојавата за наводно поставената експлозивна направа во авионот што летал на релација Белград-Москва и овојпат била лажна, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Како што соопшти МВР на 14 март во вечерните часови, ова било констатирано со контрадиверзивен увид на леталото, а полицијата работи на откривање и гонење на лицето кое испратило лажна пријава до аеродромот Никола Тесла преку е- пошта. Се додава дека во контрадиверзионата проверка на авион и безбедното евакуирање на патниците, учествувале припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ),...

Continue reading

На светот му се заканува „темпирана бомба“ поради инфлацијата

Post Views: 11 Можеби некому му се чини дека инфлацијата е проблем кој ќе исчезне, но голема е веројатноста дека ќе доведе до криза во годините кои претстојат, предупредија економистите на Дојче банк. Во прогнозата која е далеку од консензусот на креаторите на политиката и на Вол стрит, Дојче банк издаде предупредување во кое се наведува дека отфрлањето на стравот од инфлацијата ќе се покаже како голема грешка до 2023 година. Анализата особено покажува со прст кон Федералните резерви (ФЕД) и новата рамка со која се толерира поголемата инфлација за целосно и исклучиво заздравување....

Continue reading

На праг е трансфер бомба од 42 милиони евра

Post Views: 11 Еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, Серхио Рамос, веќе некое време одбива да го потпише новиот договор со клубот, сметајќи дека заслужува поголеми примања од 4,5 милиони евра колку што заработува спрема актуелниот договор кој важи до летото 2017 година.Со чувството дека не го ценат доволно во клубот, Рамос, пишува Guardian, од претседателот Флорентино Перес барал трансфер откако овој одбил да му даде 10 милиони евра по сезона.Целата ситуација ја следи Манчестер Јунајтед чиј менаџер веќе реагирал и понудил 30 милиони фунти (42 милиони евра). Треба допрва да се...

Continue reading

Американската морнарица активираше бомба во океан

Post Views: 24 Експлозијата која ја изведе американската морнарица, била толку силна што предизвикала земјотрес.  Тие објавија снимка на која се покажува моментот во кој беше активирана бомбата од 18 илјади килограми, блиску од крајбрежјето на Флорида. Оваа експлозија во океанот, била еден од тестовите за можностите во воените околности, а бродот на американската морнарица се наоѓал блиску до местото на експлозијата. Намерата била да се провери колку се издржливи бродовите, кога би се соочиле со вакви напади.

Continue reading

Авион на „Рајанер” принудно слетал во Берлин поради закана со бомба

Post Views: 7 Авион на нискобуџетниот ирски авиопревозник „Рајанер” на линијата од Даблин за Краков, ноќеска бил принуден да слета на аеродромот во Берлин поради закана за поставена бомба, пренесе ДПА. -Полициските безбедносни мерки се завршени без да се открие никаква опасност, изјави портпаролот на берлинската полиција.„Патниците можеа да го продолжат летот кон Полска со резервен авион”, додаде таа, без да наведе повеќе детали за причините за тревогата. Според весникот „Билд Цајтунг”, станува збор за закана од бомба, што се покажа како неоснована. Авионот, во кој имало 160 патници,...

Continue reading

Платини за срамотилакот во Белград

Post Views: 9 Претседателот на Уефа, Мишел Платини, уште еднаш се осврна на случувањата на прекинатиот натпревар Србија – Албанија. Србија и Албанија ги очекува тешка казна од Уефа. Прашање е само кој ќе помине полошо, а најверојатно Србија бидејќи во неколку години нивните навивачи направија неколку тешки инциденти. Но, Албанците се лажат ако мислат дека ќе поминат неказнето бидејќи изведоа акција која вклучуваше беспилотно летало и екстремистичко знаме на таканаеречената “голема Албанија” која вклучува делови на Црна Гора, Србија, Грција и Македонија. “Го чекаме извештајот на судиите,...

Continue reading

Со автомобил бомба нападната дипломатската зона во Кабул

Post Views: 0 Во експлозија на автомобил бомба во близина на германската амбасада во Кабул загинаа најмалку 80 лица, а повредени се околу 350. Нападот се случил во дипломатскиот каврт на Кабул, во утринскиот сообраќаен шпиц. Целта на нападот засега не е позната. Според наводи на француската влада, оштетени се германската и француската амбасада. Од германски безбедносни кругови се вели дека сѐ уште не е јасно дали има повредени Германци во амбасадата. Можно е да има повредени Авганистанци кои работеле во амбасадата. Експлозијата била толку силна, што предизвикала оштетувања и на прозорците...

Continue reading

Експлозија на бомба на концерт на Аријана Гранде во Манчестер

Post Views: 1 22 лица загинаа, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија која се случи на завршување на концертот на пејачката Ариана Гранде во Манчестер, изјави шефот на полицијата Јан Хопкинс. Според него, полицијата е уверена дека напаѓачот кој ја активирал бомбата загинал во експлозијата и дека само тој го извршил нападот. Тој информираше дека напаѓачот носел импровизирана експлозивна направа и дека истрагата ќе утврди дали бил дел од терористичка мрежа. Доколку се потврди дека станува збор за тероризам тоа ќе биде најсмртоносниот напад во Британија од јули 2005 година...

Continue reading

Atina

Експлозија и пожар во Атина

Post Views: 5 Рачно изработена, импровизирана бомба експлодира два часа по полноќ во зграда во атинскиот кварт Неос Космос, каде се наоѓа главниот секретаријат на Министерството за административна реформа. Експлозијата предизвикала пожар, кој целосно ги уништил канцелариите, како и еден автомобил кој бил паркиран во близина. Во гаснење на пожарот учествувале 21 пожарникар и седум противпожарни возила, пренесуваат грчките медиуми. Нема информации за евентуални жртви и повредени во инцидентот. {loadposition content9}  

Continue reading

Barak Obama

И Обама мета на Брејвик

Post Views: 3 Норвежанецот Андерс Брејвик, планирал да изврши атентат врз американскиот претседател Барак Обама. Според весникот, Брејвик сакал да го убие Обама за време на неговата посета во Осло за врачување на Нобеловата награда за мир во декември 2009 година. Тој прво планирал атентатот да го изврши со автомобил-бомба, но потоа го променил планот и решил да влезе во зградата на градоначалникот на Осло преправен како полицаец. Поради засилените мерки на безбедност не успеа да реализира ништо од тоа. Брејвик на 22 јули минатата година во центарот на Осло активирал автомобил-бомба,...

Continue reading

bomba

Во Германија успешно деактивирана бомба тешка речиси два тона

Post Views: 11 Голема бомба од Втората светска војна пронајдена минатата недела во германскиот град Кобленц денеска успешно беше деактивирана, а половина од жителите во градот беа евакуирани, соопшти противпожарната служба.Портпаролот на противпожарната служба во Кобленц Бајко Бајтбарт рече дека жителите на градот ќе бидат евакуирани, се додека другите гранати пронајдени во близина не бидат деактивирани. Околу 45.000 жители на Кобленц, биле евакуирани поради деактивирањето на бомбите останати од Втората светска војна пронајдени во реката Рајна. Седум домови за стари лица, две болници...

Continue reading

Турција: Експлодира автомобил бомба по апсењето на курдските лидери

Post Views: 3 Само неколку часа по приведувањето на политичарите на ХДП во упориштето на Курдите, градот Дијарбакир на југоистокот на Турција се случи голема експлозија во близина на една полициска станица. Притоа, како што утрината соопшти турскиот премиер Јилдирим загинале осум лица, а повеќе од 100 биле повредени. Според наводи на властите станува збор за напад со автомобил-бомба. Претходно турското министерство за внатрешни работи во рамките на антитерористичките истраги притворило 11 прокурдски пратеници, меѓу нив и претседателите на партијата. Во соопштението се наведува дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top