Ознака: ЈП

vmro dpmne

Се разрешуваат македонци раководители – ВМРО- ДПМНЕ

Post Views: 8 Македонците останаа без единствените две места кои им припаѓаат во Локалната самоуправа, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга. Најновите кадровски измени кои градоначалникот Зијадин Села ги прави во Струга, со луѓе само од неговата партија, води кон тоа да целокупната одговорност за последиците од таквите постапки, ги сноси самиот тој, додаваат од таму. Претседателот на партијата Перо Петкоски, категоричен во својот став, дека доколку за одлуките кои ги донесува Општинската администрација, не бидат консултирани, истите ќе ги сметаат како нелигитимни и како такви нема...

Continue reading

ЈП „Охридски Комуналец“ на терен по невремето

Post Views: 3 Во врска со последното невреме кое го зафати Охрид во текот на попладневните часови, ја информираме јавноста дека екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за да ги исчистат и санираат последиците.Воедно, апелираме до сите граѓани да не информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми оштетувања, за да може итно да се реагира. Граѓаните можат да пријават на телефонот од Центарот за управување на кризи 195 Инаку, повеќе градови во земјава попладнево беа зафатени со невреме, а најмногу дожд...

Continue reading

Пецаков: По партиска директива, реизбор на претходно незаконски поставените членови на Управни и Надзорни одбори на ЈП

Post Views: 1 По партиска директива направен е реизбор на претходно незаконски поставените членови на Управни и Надзорни одбори на јавните претпријатија и установи во градот, обвини денеска на прес конференција Кирил Пецаков, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и чен на ИК на партијата. Пецаков кажа дека неколку пати  од неговата парија посочиле дека избраните членови не ги исполнуваат законските услови за нивно назначување, пропишани во Законот за јавни претпријатија. „Дали сите досегашни одлуки носени од Управни одбори и Надзорни одбори се незаконски знаејќи дека ниту...

Continue reading

ЈП „Охридски Комуналец“ активно се вклучи во подготовките за Водици

Post Views: 3 Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” активно се вклучува во подготовките за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Нашите оперативни служби темелно го расчистуваат делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад. Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет во подготовките за празнување на најмасовната црковно-верска манифестација во овој дел од православието по која Охрид стана препознатлив симбол...

Continue reading

Jovanoska

ЈП „Билјанини извори“ и ФК Охрид 2004 ги закопаа воените секири?!

Post Views: 10 Смената на раководството во ФК Охрид 2004 ја разнежни директорката на јавното претпријатие „Билјанини извори“. Во зависност од моменталните услови фудбалерите ќе имаат можност и повеќе од еднаш да тренираат на главниот терен-вели таа. Односот на јавното претпријатие кон фудбалерите секогаш ќе биде коректен-додава Јованоска. На повидок е закопување на воените секири помеѓу локалната, јавното претпријатие „Билјанини извори“ и фудбалскиот клуб Охрид 2004. Се чини се започна по смената на раководството на овој клуб со кое локалната и ЈП „Билјанини извори“ немаа најдобри...

Continue reading

ЈП Градски гробишта излегува од долгови

Post Views: 1 ЈП Градски гробишта кое изминативе години пливаше во долгови, полека застанува на нозе, тврди в.д. директорот Ванчо Костоски. Од почетокот на годината, до сега, вратени се над 50.000 евра или над 3 милиони денари стар долг од периодот 2016 и 2017 година, а за наплата пристигале долгови и од 2012 година, посочува Костоски за моменталните состојби во ова јавно градско претпријатие. Појаснува дека се враќаат старите долгови, а се сервисираат тековните. „Некаде над 50 посто од долгот е исплатен, а напластуван 6-7 години. Сега за само 6 месеци со вакво темпо на работа се...

Continue reading

ЈП „ОХридски комуналец“ денес го средуваа средишниот појас на потегот од Охрид до Св. Стефан

Post Views: 0 Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, но и средување на  околината на градот во пресрет на сезоната, екипи на ЈП „ОХридски  комуналец“ денес го средуваа средишниот појас на потегот од Охрид до Св. Стефан.Иако средувањето на овој дел од патот не е во надлежност на општината, сепак  во периодов наназад, поради високата трева претставува опасност за возачите,  особено при вклучувањето од споредните патишта кон главниот коловоз.

Continue reading

ОК ВМРО ДПМНЕ: Скандалозна одлука на управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ со која поскапуваат цените за паркинг

Post Views: 2 Во период кога туристичката сезона е започната ЈП „Билјанини извори“ носи скандалозна одлука во врска со  наплатата на паркинг на улиците, обвинија денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Кирил Пецаков изнесе детали за тоа како се проширува зоната А со што индирекно поскапува цената за паркинг простор а во зона Б нелогично се вметнуваат улици каде што таква услуга никогаш немало. „Дури се дрзнуваат Булевар Туристичка којшто е магистрален пат да го узурпираат за наплатување паркинг. Во Стариот дел на градот којшто е репрезентативен дел наместо зона без возила сега и трите најпосетувани...

Continue reading

Фотовалтна централа ќе гради ЈП „Градски Гробишта“

Post Views: 0 Изградба на фотовалтична централа најавува директорот на ЈП „Градски Гробишта“, Ванчо Костоски. Дирекоторт смета дека со реализација на еден ваков проект ќе се подобри финансиската состојба на ова Јавно претпријатие, кое го затекнал во минусна состојба од 3 милиони денари. „Со донесување на новиот закон за енергетика планираме да изградиме една фотовалтична централа од 300 – 400 киловати, на просторот од паркингот, чекаме да помини законот за енергетика во Собрание и мислам дека први од ЈП ќе поденесеме барање за изградба на таква централа која ќе биде дополнителен и...

Continue reading

Охриѓани бараат ЈП „Охридски Комуналец“ порано да го подига сметот

Post Views: 1 Охриѓани бараат ЈП „Охридски Комуналец“ порано да го подига сметот. Велат дека во пролетниот и летниот период кога во градов е зголемен бројот на туристи пожелно е отпадот да биде собран во раните утрински часови. Особено ова го потенцираат угостителите кои имаат свои објекти во центарот на градот. Пракса во ЈП „Охридски комуналец“ не само оваа туку и изминатите години е во летниот периот почнувајќи од 1ви јуни да го поместуваме работното време од 7часот во 6часот за навремено да ги испразниме контејнерите и да не се создава гужва и неубава слика и пред мештаните и пред...

Continue reading

struga

Што му остана на Комунално, Струга?

Post Views: 1 Што му преостанува во иднина да работи на ЈП „Комунално“, прашуваат од Здружението за развој и активизам „Аква“, Струга. Засега имаме лош квалитет на услугите, а граѓаните на Струга мора да ги заинтересираме со цел да помогнат, заеднички да делуваме кај советниците за да се подобри јавната хигиена и управувањето со отпад, вели Димитри Голабоски од извршната канцеларија на здружението. За него неразбирливо е како може Комуналното претпријатие од Струга постојано да се соочува со тешки економски состојби и тие состојби да ги решава со делегирање на надлежности и со продажба...

Continue reading

Статутот на ЈП „Градски гробишта“ не претрпе измени на денешната седница на совет

Post Views: 7 Не се изгласа измената на статутот на ЈП „Градски гробишта“. На денешната седница оваа точка не доби мнозинство гласови бидејќи опозицијата гласаше воздржано, а од позицијата гласаа само 11 советници.Недостатокот на гласови беше поради отсуството од оправдани причини на двајца советници од позицијата. Оваа точка повторно ќе биде ставена на дневен ред и статутот ќе го донесеме на следната седница, вели Георгиески. Директорот на ЈП „Градски гробишта“, Ванчо Костоски рече дека доколку не се измени статутот на претпријатието тоа многу негативно ќе се одрази врз неговото...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top