Ознака: ЈП

ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг

Post Views: 12 ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг. Оваа мерка ќе се применува од 20 јануари за неплаќање на користен јавен паркинг во А и Б зоните, информира Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот. Недиспциплинираните возачи ќе имат можност казната да ја платат веднаш или за 8 дена, а по истекот на овој рок се активира преку извршител. „Охриѓани се дисциплинирани плаќачи, но има луѓе кои се инаетат и не сакаат платат. Има проблеми, расправии со вработените...

Continue reading

Наместо со блокатори ЈП „Билјанини Извори“ неплаќањето на паркинг ќе го санкционира со платен налог

Post Views: 4 ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид наместо со блокатори од 20 јануари, 2020 година неплаќањето на паркинг во А и Б зона како и истекувањето на гребна карта ќе го санкционира со поставување на Платен налог на вашето возило. Санкцијата за неподмирениот долг како и досега ќе е 1000 денари, но доколку долгот го платите кај нашите контролори во првите 24 часа ќе ве чини 800 денари. Ако долгот го подмирите во следните седум дена ќе платите 1000 денари а ако по овој рок не извршите уплата во банка или пошта , платниот налог го презема извршител со што сите трошоци за наплата ќе...

Continue reading

Бесплатен паркинг за Божиќ, подарок од ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 12 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2020 (вторник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање. ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.

Continue reading

ЈП Градски гробишта ги сведе долговите кон доверителите скоро на минимум

Post Views: 1 Јавното претпријатие Градски гробишта ја завршува годината со позитивен финансиски резултат, споделува директорот Ванчо Костоски. Со домаќинско работење оваа година очекуваме да ја завршиме во позитива со 3 милиони денари, појаснува Костоски. „Очекуваме да бидеме во плус. Ги намаливме трошоците за суровините за 30 до 40 проценти од набавната цена на суровини кои ние ги користиме. Тоа се цемент, песок, бекатон. На пример да споменам  дека во 2017 година се набавувале по 415 ден бекатон плочките , а сега ние ги  набавуваме  250 денари“, вели Костоски.  Задолжувања кон...

Continue reading

Оглас на ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид“ за продажно место-тезги

Post Views: 10 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар. Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен...

Continue reading

ЈП Градски гробишта ја доби Б лиценцата за изведување на градежни работи

Post Views: 1 Добиена е Б лиценцата за работа на градежни дозволи која е дел од законската обврска и од статутот на ЈП Градски гробишта. Сега ова ЈП и легално ќе ги врши градежните зафати кои ќе му ги доверува Локланата самоуправа, вели директорот Ванчо Костески. „Таа Б лиценца досега нашето претпријатие ја немаше без неа постоеше опасност да се прекинат изведбите на градежните работи. Но, со напори на ЈП обезбедивме средства и ја извадивме дозволата.Со тоа ги задоволивме сите законски критериуми“, вели Костоски. Од Министерството за транспорт и врски е издадена дозволата со која...

Continue reading

ЈП Билјанини извори ќе покрене барање за одстранување на хаварисаните пловила од десната страна на каналот

Post Views: 1 ЈП Билјанини извори ќе покрене иницијатива за ставање ред со хаосот на пловни објекти на десната страна од каналот Студенчишта. За следната сезона најавуваат покренување барање до Локалната самоуправа и до Капетанија да се среди и другиот дел од брегот, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. Во моментов никој не е надлежен за пловилата од десната страна од каналот па со децении во каналот се оставени голем број неисправни пловила кои кородираат, информира Јованоска. „Во долниот дел од каналот со влезот стопанисува АРМ, погорниот е на приватен сопственик,...

Continue reading

sednica struga

Во Струга не се одржа најавената 26 та седница

Post Views: 3 Не се одржа 26 тата седница на струшкиот Совет. Советниците на СДСМ и ДУИ реагираа на ваквото доцнење велејќи дека не може повеќе да се толерира ваквиот неодгворен однос на јавната администрација и претседателот на Совет. „Советничката група на СДСМ ја напушти денешнава седница заради несериозноста од страна на администрацијата, односно недоразбирањата, најверојатно во коалицијата ДПМНЕ и ДПА не доведуваат до вакви ситуации почесто седниците да почнуваат со каснење од еден час а денес веќе се претера бидејќи се доцни час и половина. Не е толерантно и не смееме да толерираме...

Continue reading

Охридските советници ќе одлучуваат за затворање на Буково и формирање на ново ЈП „Депонија“

Post Views: 7 Наскоро охридските советници ќе одлучуваат за затворање на депонијата Буково и формирање на ново јавно претпријатие. Министерството за животна средина и просторно планирање има решение за депонијата Буково која според препораките на Унеско требаше да биде затворена пред една година. Досега, пропаѓаа неколку обиди да се најде најсоодветна локација за изградба на регионална депонија според светски стандарди. Градоначалникот Кирил Пецаков напоменува дека на повидок е трајно решение за депонијата Буково. Треба да се формира јавно претпријатие за  Југозападниот регион. Според...

Continue reading

Денес на тапет ЈП „Охридски Комуналец“

Post Views: 1 Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат за недомаќинско и неодговорно работење на Локалната власт на СДСМ, трошењето народни пари аминувано од градоначалникот Константин Георгиески. Денешната прес конференција се однесуваше на ЈП „Охридски комуналец“ и директорот Љупчо Грданоски кој според нив неколкукратно ги зголемил расходите за репрезентација. Дали директорот Грданоски чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните? Со тие пари зарем немаше да се реши проблемот со стационарот и бездомните кучиња во градот? Го охрабруваме да им објасни на Охриѓани...

Continue reading

Од ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упатија обвинувања на адреса на директорката на ЈП Билјанини извори

Post Views: 9 Сашо Донев претседателот на ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Донев, при тоа кажа дека со уцени и притисоци врз вработените барала да излезат и да гласаат за кандидатот на СДСМ. „Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен”. Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните претпријатија во Охрид за време на локалните избори? Зошто градоначалникот...

Continue reading

Локалната самоуправа и ЈП ќе постапуваат по препораките на Државната комисија за спречување на корупција

Post Views: 5 Локалната и ЈП-ја ќе ги следат препораките на Државната комисија за спречување на корупција која утврди судир на интереси во склучени договри или кои се во тек да се склучат со фирма или фирми блиски до советникот Нефи Усеини. Томе Џамтоски, портпарол на ЛС инфромира дека општината годинава нема склучено договор со фирма или фирми блиски со советникот Усеини иако такви фирми се пријавиле на 2 тендерски постапки. Во едната за рушење на дивоградби испаднал од постапката според законската регулатива, додека за другиот тендер за поправка на училишните кровови постапката...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top