ЈП „Охридски Комуналец“ на терен по невремето

Во врска со последното невреме кое го зафати Охрид во текот на попладневните часови, ја информираме јавноста дека екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за да ги исчистат и санираат последиците.

 |   | 

Во врска со последното невреме кое го зафати Охрид во текот на попладневните часови, ја информираме јавноста дека екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за да ги исчистат и санираат последиците.

Воедно, апелираме до сите граѓани да не информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми оштетувања, за да може итно да се реагира.

Граѓаните можат да пријават на телефонот од Центарот за управување на кризи 195

Инаку, повеќе градови во земјава попладнево беа зафатени со невреме, а најмногу дожд до 16:00 часот наврна во Охрид, каде се измерени 28 литри на метар квадратен.

Невремето кое започне нешто по 14:30 часот донесе обилен пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер. Според податоците од УХМР, попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса беа североисточните и југозападните делови од земјава, каде што на повеќе места имаше пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Така нестабилноста беше поинтензивна во регионот на Куманово и Крива Паланка, Пелагонија и Охридскиот Регион.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top