Ознака: ЈП

opshtina

Прекината 24-тата седница на Совет

Post Views: 2 Работен ден за советот на општина Охрид. На 24тата седница на Совет, поради неспоивост на функции, од советник беше разрешен Владо Цветкоски, кој од пред неколку денови, со потпис на градоначалникот е назначен за генерален директор на ЈП „Нискоградба“. На негово место седнува Величе Маркоски, кој пред советниците даде свечена заклетва. Градоначалникот, од име на сите советници, на Маркоски му честиташе за новата функција и од него побара да се изјасни на која страна од советот ќе припаѓа. Новиот советник пак, на ова барање, одговори сосема кратко, дека доаѓа од независна...

Continue reading

kanali

Се чистат каналите во Охрид

Post Views: 4 Како што веќе е познато, една од причините за поплавите што настанаа минатата година како резултат на обилните врнежи, на повеќе места во општина Охрид, беа затнатите канали од нанос. Годинава, со цел општинава да не го доживее истото сценарио, се пристапи кон третман на истите. ЈП „Охридски Комуналец“ по налог од локалната самоуправа, од денес, па во наредните три месеци, треба да одговори на оваа задача. Првиот човек на „Охридски Комуналец“ Сашо Алчев, вели дека мора сериозно да пристапат кон чистење на сите места што претставуваат тесни грла на речните корита и мостовите,...

Continue reading

Локалната, за едни мајка за други маќеа

Post Views: 0 Каневче од Ј.П “Билјанини извори” го бара она што градоначалникот писмено му го ветил уште во  месец ноември мината година, а Алчев во име на Ј.П.“Охридски комуналец” се спротиставува дека паркингот не е јавен туку на Ј.П. “Комуналец” . Тој уште додава дека доколку “Билјанини извори” го сакаат паркингот треба да плаќаат месечен надомест од 90 илјади денари.   ЈП за стопанисување со спортски објекти и јавен паркинг простор си го бара ветеното. Иако одамна градоначалникот им врачил решение за стопанисување на Паркингот кај градскиот пазар, сеуште владение за него немаат....

Continue reading

лого

Стари проблеми, нови маки

Post Views: 2 ЈП за стопанисување со спортски објекти Билјанини Извори, неможе глава да крене од наследените проблеми. Приходите со кои во моментов располага не се доволни ни за личен доход за вработените, а не камоли за нови инвестиции, вели советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски. Ова релативно младо ЈП, уште од самиот почеток се соочува проблеми, наследени од времето кога негов сопственик беше Република Македонија поточно ЈП за стопанисување со спортски терени. „Уште во тој период беа потпишани штетни договори кои траат до 2017 и 2020 год“, вели Станкоски. Единствени приходи кои...

Continue reading

Saso Alcev

ЈП Комуналец во пресрет на туристичката сезона

Post Views: 5 Хигиената во градот на завидно ниво, а граѓаните со ситни замерки задоволни од  работата на ова претпријатие. Со почетокот на туристичката сезона јавната хигиена во Охрид ќе се одржува секојдневно, вклучувајќи ги и викендите. Сликите на преполни контејнери ќе се сретнуваат се поретко најавуваат од комуналното, а сведоци на истото ќе бидат граѓаните кои со мали замерки се се позадоволни од работата на ова претпријатие. Од ЈП Комуналец најавуваат низа новини со кои ќе се подобри чистотата во Охрид. Променети се навиките на вработените и максимално сме посветени на одржувањето...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Сменет В.Д. директорот на ЈП „Охридски Комуналец“

Post Views: 3 Градоначалникот Петрески не издржа. На само неколку дена пред да донесе конечна одлука кого ќе го избере за прв човек на ЈП „Охридски Комуналец“, го смена досегашниот ВД директор и постави нов. Причина за смената, како што вели Петрески е „неможноста за понатамошна комуникација“ со Павлоски. Новиот ВД директор е Сашо Алчев, досегашниот координатор на општи служби во ова јавно претпријатие. Петрески за ТВМ изјави, дека меѓу тројцата пријавени кандидати на распишаниот конкурс воопшто не го гледа името на новиот директор на ЈП „Охридски Комуналец“ и затоа повторно се одлучил...

Continue reading

kontejner

Сметот ќе се крева

Post Views: 4 Кандидатите за градоначалници на покана на директорот на ЈП.Комуналец Охрид се собраа да се информираат  за состојбата во која се најде ова јавно претпријатие. Директорот на ЈП „Комуналец“ ги свика кандидатите за градоначалник на Охрид на работен состанок поради нарушените состојби во ова јавно претпријатие . Причината за ваквата состојба, Павлоски  ја бара во  изборната кампања, која според него многу негативно се одрази врз нормалното работење на оваа фирма. Средбата на градоначалничките кандидати доаѓа по ескалирањето на настаните во јавното комунално претпријатие...

Continue reading

Komunalec

Јавното претпријатие „Комуналец“ ја одбележа 62 годинишнината од основањето

Post Views: 1 Комуналец ги презентира сработените активности во 2008, како и планот за управување со комуналниот отпад. 2008 беше тешка година, сепак сме задоволни од сработеното, вели првиот човек на ЈП Комуналец, Боро Павлоски. Ова претпријатие денес ја одбележа 62 годишнината од основањето, при што беше извршена и презентација на активностите во 2008. Во рамки на одбележувањето на годишнината, беше претставен и планот за управување со комуналниот отпад на територијата на општина Охрид. „Ова ќе значи многу во однос на правилното третирање на цврстиот отпад, пред се за примарното...

Continue reading

sportska sala

Училишните спортските сали сеуште не се под капата на Ј.П. „Билјанини извори“

Post Views: 17 Оваа учебна година со салите ќе стопанисуваат училиштата. Промените во ваквата состојба ќе се случат со влегувањето на општината во втората фаза на децентрализација. Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, „Билјанини извори“, не стопанисува со спортските сали во средните и основните училишта во градов. При неговото формирање се најавуваше дека  овие спортски објекти ќе бидат под  негова ингеренција, но засега сосјбата е ваква, вели Иван Цветкоски, директор на ЈП „Билјанини извори“. Една од причините што со спортските сали и оваа година ќе  стопанисуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top